Сакам да кажам дека поглупава тема од онаа - Дали да се разведам ...немаааа.. и нема да има. Жени, во брак, мислиш созреале..а тие зелени како зелка Ако сама не знаеш дали треба да се разведеш, кој треба да ти каже бре жено?!
Копилињата од сетек ме ставија на бесконечен hold на телефонот од сервисот. Човек да не може да се информира околу сопствено парче технологија оставено на доверба кај нив. Ај што 5 минути чекав да ги добијам, цело време покажуваше зафатено (уште една будала како мене гарант чекала), туку конечно кога успеав да фатам слободна линија, ѕвонев најмалку пола минута, за конечно некој да крене и набрзинка да ме откачи со "сетек сервис, почекајте" и да ме стави на бесконечен hold. Издржав 10 минути, потрошив 10 минути од моето време и пари од мојата сметка за на крај да се откажам увидувјќи дека никогаш нема да се вратат на повикот и дека тоа им е само начин на откачување на своите клиенти. Имам сериозен проблем со лаптопот кој ми е под гаранција, кој знае како ќе пробаат да ме насамарат со поправката... Сериозно сум загрижена! Пирани! Совет како да се заштитам од можна манипулација?
Чекам да заврне оти од сабајлето сум на работа и ваа крај нема. Сакам да кажам дека мразам политика, почнувам да ги мразам луѓето шо конзумират марихуана ( ми прече) и ги избегавам, сакам да кажам дека и не ми е така лошо има и полошо хахах
Колку се луѓево без осет. Ќе ти го остави детето на гости. Кај на целодневна па уште и нигде ја нема да се јави, да праша да не ми смета- на што нормално ќе и речам не.
Колку ми фалат деновите кога си бев дете. Кога единствената грижа ми беше што мајка ми не ми дадаше да си купам уште еден сладолед, а по 5-6 на ден ги јадев. Што не ми даваше да трчам на улица на жештината. Што ме тераше да јадам, а не бев гладна... И си мислев ах да пораснам, па да ги немам ваквите маки. Кои маки, ох леле. Мал човек - мали проблеми А брзав да пораснам Зошто? За да се мачам и нервирам. Нема ништо поубаво од тоа да се биде дете. Би сакала да се вратам во детството...
Здраво на сите, Long time no see Дојдов да споделам една мисла која ми падна за време на ручекот. Сигурно паметите т.е. дел од вас паметат за логиката која ја користевме за отклучување на врата, е сега малце ќе го прошириме и модификуваме концептот на користење на логика. Првично на ум ми дојде една мисла од Бил Гејтс, во прилог: Ова е таа брилијантна идеја која сакам да ја преточам во пример. Сигурен сум дека сите јадете шопска салата еве и да не јадете сигурно сте пробале. Но поголемиот дел од вас јадат од задоволство но без на користење на логика, што го прифаќам како такво. Јас како и во цитатов а и општо не дека во животов постојано се замарам со ситници но многу сакам да користам логика за да си ги олеснам работите. Јас кога јадам Шопска салата сакам што е можно помалку движења да имам на раката во правец на чинијата со салата. Основни намирници се домат, краставица и пиперка. Е сега ако сакате во еден правец да си набодете сите 3 без никаков проблем и застој за повеќе обиди прво треба да го набодете доматот па краставицата и пиперката. Зошто !? Затоа што доматот е најмек од сите и треба да се набодете прв. Ако го ставите за последен тој нема лесто да се набодене на волушката туку ќе се згмечи и сокот негов ќе се исцеди. За 2 и 3 не е битно кој но моја препорака е краставицата па пиперката последна затоа што краставицата по пропирции е поширока и додека го набоденувате пиперчето на крај убаво ќе го истурка доматот кон внатрешноста на вилушката. П.С. Знам дека е ова е смешно и јасно ми е тоа но следен пат кога ќе јадете салата обрнете внимание на овој детал. П.С.с не сум мрзлив, но секогаш барам shortcuts in life XD. И работни понуди ќе ве молам во инбокс Се најдобро, Ваш Читко
Сакам да кажам дека што убаво си лади и се залади. Милина, следната недела почнувам на работа и сум пресреќна. А во септември здравје да избегаме малку од Скопје.
Дарко Лешоски и директор во една иста реченица. Помина времето кога директорот требаше да има речник каков што доликува без пцуења, гзови , п..ки, к...ви ... Тотално, ама баш тотално сум разочарана. од кога Дарко Лешоски треба да ни е репер за поезија или слично?! Зар до тоа дереџе стигнавме..
Исто ми се дешавало, поминува.... Кажи си молитва и ќе ти помине. Сети се дека бог е до тебе,прекрсти се и нема да ти биде страв Душа...не мисли на лошото слободно спиј си
Значи ништо не може да ме изрелаксира повеќе од дождот.... ме тера да размислувам колку уствари сум среќна и исполнета со луѓето што се околу мене. Среќна што во време на не луѓе имам вистински пријатели. Што научив дека на секој не се помага....многу луѓе својата мака не ја гладаат на туѓа се ситат...но кармата е секогаш тука.....како и да е....дождот и кафето убаво ми дојдоа.
Не сум била посреќна од било кога како овој прекрасен период. И нека ми потрае. Сите се со мене. И пак не можам да заспијам себично си го чувам своето. А тамн ладничко милина.
Сабајлево додека се враќав накај дома решив да направам малку подолга рута и да се провозам на автопат и прво излегување на автопат забележувам превртена кола и поприлично полиција (видов минимум 1 комбе и стандард шкода јети). Колата беше превртена на кров со потенцијално човечки жртви, не успеав да видам. Лоша слика и прилика дефинитивно. Автопатот на тој дел е прав што поправ не може да биде, ама ете пак се десило. Така што феминки, ваши момци и мажи, секогаш возете внимателно пошто your life matters. Јас тоа секогаш го правам, ама има едно сценарио што може секому да се случи, а тоа е: пукање на гума во сред возење, па уште ако вожњата е над 100км/час... Решив да се “соочам“ со такво сценарио на интернет и да се информирам пошто информација може да спаси живот. Иако логиката и инстинктите во такво сценарио викаат да се кочи. сепак воопшто не треба да се кочи пошто баш тогаш се случува бељата и колата летнува во воздух. Напротив, треба малку да се забрза за да се добие на контрола врз колата. Ова и мене ме зачуди. Еве класичен пример што се случува ако кочите. This can save your life. Mr. Awesome фрла поглед во ретровизор да провери дали сте ги ѕирнале видеата.