Ее дојде денот кога ќере се пушти да оди . Сосем неочекувано . Сосем сама . Од ведро небо . А сите ми велеа дека потешко ќе заоди бидејќи лази . Ам ете . И дојде денот се пушти . Патче мое
Доволен е само мал момент за да се склучи едно големо и вистинско пријателство, што ќе опстојува и ќе се спомнува долго време. Гледав слики од пред некое време и ми текна на приказна за едно другарство. Еден од прадедовците кога бил млад имал незгода...На зезање го турнал некој другар во длабок базен, а не знаел да плива. Додека сите другари стоеле исплашени и се дереле за помош, одеднаш со трчање дошол непознат дечко и се фрлил во базенот, без размислување за последиците. Едвај успеал да го извади прадедо ми, и двајцата за влакно се спасиле. Подоцна низ разговор дознале дека се од ист град, а тој спасителот му кажал дека е Албанец. Воопшто не им била битна верата, религијата, националноста, расата... Од тој момент тие стануваат најдобри другари...браќа...побратими... Цел живот останале во контакт. Оделе по свадби, крштевки и сунети, куќни слави, Велигден и Бајрам. Откако им се родиле деца, ги запознале и нив, па и тие станале најдобри другари. А после и децата на нивните деца...Па еве и ден денес опстпјува тоа пријателство...После 100 години. Не се живи старите, ама поради нив се познаваат толку луѓе и толку нови пријателства се слкучуваат. Искрено не верувам дека во идина и ние правнуците ќе продолжиме да се дружиме, зашто едноставно се губи чувството на блискост, но доволни се овие 100 години што се спомнувала таа приказна и што нивната братска врска не изумрела после нивната смрт....Иако другарството е склучено за еден мал момент. Во денешно време на некој живот да му спасиш ќе те части пиво, а не верувам дека ќе те смета за брат...посебно не ако си од друга религија и националност.
Не прави било што ако очекуваш нешто за возврат. Добрината се враќа секогаш во поголеми размери, верувај.
Девојки, пред да излезете од дома, погледнете се во огледало. Не заборавајте да проверите како ви стојат фармерките. Овааај, на camel toe ефектот мислам.
Едноставните работи го прават човекот срекен. Или барем мене ме прават срекна. Гушнете ги вашите наjблиски секогаш кога можете. Изнудете им насмевка на било коj начин. Пред некоj ден се навршиja 15 години откако умре татко ми, Сеуште ми фали како да не поминало толку време. Секоja и чест на маjка ми коja сама успеа да не издигне мене и сестра ми. Да ни овозможи да завршиме факултет и мене и сестра ми, и да бидеме свои луге пред се. Како успеала сама си знае. Сега jас и сестра ми сме секогаш тука за неа. Како што поминува време се поблиски сме со сестра ми, што ми е ептен драго.
Не постои поголема навреда "Ти само човек". Ниту еден друг погрден збор или фраза ја немаат таа сила за мене. Затоа што сум многу повеќе од смртник. И кога ќе се сетам дека ми беше утеха кога целиот свет го мразев и си барав оправдување, згрозена сум од самата себе. Може да се биде многу повеќе од "само човек".
Старт на работната недела. Mr. Awesome посакува супер успешна недела на секого на секое поле. Понеделничко кафе е најслатко. Дава посебна свежина, енергија. New breeze едноставно.
Смешно ми е кога некој ќе каже дека живееме во општество со заостанат менталитет а истиот тој/таа лепи етикети и осудува други животи.....
Абе само еден мал потег ми е доволен.Не барам ништо друго од тебе.Додека да ти помине инааетот јас или ке паднам во депресија или ке ме снема од тука и од ова проклето место.
Сакам да кажам дека преку глава ми е дојдено од злобата и лицемерието во овој тоалет наречен FYROM и дека сакам да лансирам нуклеарка кон државава.
Во маркет вчера на каса, скенира човекот производите, и ми вели : - Едно авокадо? Зошто не земете уште едно има акција, 2 за $1 се? го прашувам колку чини едно. - 50c . оК.
Ок, сите сме различни да. Ни прстите на рацете не ни се исти. Сите имаме свои мислења, ставови. Со некои ќе се согласуваме со некои не. Ама не може бе поединец да е ОК а сите останати да не се во право.