Камо кај сите луѓе самодовербата да беше правопропорционална на квалитетите што ги имаат (и човечки и интелектуални) и на вистинитоста на тоа што го мислат и кажуваат...
Едвај чекам да заминам . . едвај чекам д избегам далеку ... Да заборавам све, да заборавам на све , и на сите , и на тебе ! Да го осетите моето отсуство , и да ме барате , и ке ме барате , ке плачите по мене но нема да ме најдите , нема никогаш да се вратам ! Ме разочаравте сите , заради вас бегам ... Безмилосно ме фрливте во депресија , посебно ТИ ! Никогаш нема да заборавам како безмилосно и сурово се откажа од мене... Емотивно ме уби , ме уништи, ме изгори , никогаш нема да бидам иста како порано , но нема ни Ти да бидеш ! Поздрав од Нејдојдија...
Сум заборавила како е да си легнам и да станам без страв, исчекување, сомнеж, а во мир и вообичаена рутина.
Откако ќе падне одлуката да селектираш и сѐ што ти создава најмалa доза умор да не го ставаш на приоритетна листа на чекање следува рамнодушност која ако ја задржиш - сѐ што следува во животот лесно ќе го поднесуваш, зашто си само еден обичен патник кој еднаш ќе го заврши своето патување и за кого читајќи го мојот пост, последнава реченица ќе изгледа само како излитено клише, ама неуморно ќе продолжи со негово повторување на внуците зашто... сѐ е комплексно, а ние уште повеќе.
Ништо не ми е потешко од станувањето наутро. Ништо! Мака мачам секое утро. Алармот знае да ми ги прекине најубавите соништа.
Никогаш не ги заборавам оние кои беа тука кога ми требаа, ама никогаш не ги заборавам и оние кои не беа ,а требаше .
Колку е убаво да се разбудиш во прегратките на саканиот, да се почуствуваш сакан и со утрински бакнеж и кафе да ти почне денот
Убави работи ми се случуваат периодов , и редно беше . Свадби , крштевки .. Само за добро да е ! Се радувам на вакви убави моменти . Нека ги има што повеќе
На човек најдобро му е да не кажува дека е среќен или тажен има злобни луѓе што едвај чекаат да му се смеат. Најубаво да си ќутиш така си посреќен. А колку пати ќе видам некој со некого е скаран и ќе си помислам "мене ми е супер" ооп како некоја проклета карма ќе ми се случи истото. Можеби сум била со една нога на погрешен облак стапната и затоа сета несреќа си ја донесував самата на себе. Сега далеку од тој облак, со две нозе стојам на свое тло,стабилно со крената глава. И не се осврнувам назад. Овој роденден ги заклучувам сите минати личности зад мене и не се враќам на нив. Ги замолувам да не ме бараат, вртам нов лист и нов живот. Колку пати ќе речам вртам нов лист и од утре пак по старо, овој пат цврсто сум решена.
Не знам како мислиш да продолжиш вака со животот кога од мене се криеш а ваму ми вртиш муабети дека на глава сум ти се качила. Не знам стварно како д ти помогнам кога си одалечена од мене иако си ѕолку блиску се јас последна дознавам и на крајот шак јас сум крива за многу други работи. Немој вака повеќе да ме измачуваш и да ми ставаш илјадници прашања во главата мамо.
Добриот човек помага од срце. Не бара ништо за возврат. Добрината не значи да речеш јас сум добра личност, туку да помогнеш онолку колку можеш, од срце. Добрината е особина што ја облагодарува душата. Дарувајте утеха. Стопете ја тагата на несреќниот. Истерајте го стравот од плашливиот. Бидете хумани, бидејќи хуманоста значи човечност.
Конечно после долго ке си се видам со мојата најдобра другарка Шведска те молам не, не дели веке, а и да ти кажам не ти ја вракам назад
Паца=титула шо ја добиваш од мене зато што значиш нешто за мене Љубави=титула што ја добиваш од мене зато шо ми влезе во срцето и гледај да не излезиш оттаму Чоек=титула шо ја добиваш од мене ако имам поштовање спрема тебе Море=(нешто од типот шо ти е море,седи море,ајде море)е мала титула шо ја добиваш ако се чувствувам удобно во твое друштво Срце=титула шо ја добиваш во вид на комплимент ако ми поможиш во комплексна ситуација Комши=титула шо ја добиваш од мене ако блиску живееш до мене или ми си комшија ама битно да си тука за мене кога и да ми требаш,значи посебно место во титуларникот мој е оваа титула Така да луѓенца како шо глеате моите титули не се номенклатирани како оние на кралицата сер,војвода,кнез, и не знам шо други чуда и да именува... Македонија цела да е! *ова последново не знам каква врска имаше со муабетов иначе
@simonna.a е вака е веќе подобро. Ти без титула комшо мислеше ќе те остаев да поминиш. Ццц. Вечна да е.
Денов беше еден од оние кои сакам што побрзо да ги заборавам. Последниве месеци има се повеќе такви денови. Ќе научам ли некогаш да си ги простувам сопствените грешки? Без тоа е неподносливо тешко.