Некогаш мислиме дека некого сакаме, ете сакаме повеќе од себе... Ама доаѓа ден кога таа љубов не е доволна, кога сакаме грижа, доверба, сослушување, тивок шепот, прегратка како најеротски моменти за да знаеме што всушност сакаме и кој не сака нас.... ете кој не сака повеќе од себе... Оти те сакам ах, тој збор колку облачни денови разубавува.....
Добро де имате ѕвонче, заѕвони па влези. А не одма трап бап. Дајте малку култура покажете. Може гола сум.
Љубов и почитување спрема мајката се покажува кога јадеш од нејзината зелка манџа што ја зготвила, додека на истата маса има купена пица со пилешки стек и кока кола.
Се ближи денот кога ми е роденден. (не ви ја откривам датата ) Епа јавно да ги известам моите пријателчиња, роднини и родители дека оваа година сакам поклон киндер јајце ама сакам да ми се паднат лавчињата што се паѓаа кога бев мала. Ќе бидам пресреќна Еве слика да ве потсетам на убавото детството и линк со уште слики од лавчињата. Која феминка ќе ми најде вакво киндер ја частам торта и коктел http://www.crnobelo.com/zabava/evergrini/19559-se-sekavate-na-lavcinjata-od-kinder-jajce
Slam dunk Џолчи. Фина поента со 1 реченица. Таквите поенти се најсилни. That's my little girl. Бев денес in the beautiful state of Aerodrom. Се изнагледав аеродромски газиња, шмизличиња, стегнати типки итн. ко авион. Топ. Ми се допаѓа како е решен паркинг проблемот во Аеродром. Има паркинг места во изобилие, лесно ќе најдеш за паркирање. Платен паркинг of course via sms. Имаше поприлично езерце на еден од паркинзите, па еве да споделам. Ваљда од дождот што истури викендов што помина. Спојлер Убаво живеете вие аеродромци не сте за жалење. Викајте на ако ве има тука. И така феминчици. Пазете се Mr. Awesome напаѓааааа по Скопје. Напаѓа и гушка.
http://www.crnobelo.com/novosti/svet/52382-majka-ja-podgotvuva-4-godishnata-kjerka-za-mis-anglija Родители (ако може некои така да се наречат), ај ве молам остајте ги децата да си го изживеат детството бидејќи едно им е и нема реприза!!! Ве молам не ги лечете вашите комплекси врз нив, деца се. Во иднина ако почнат да прават глупости тоа поради вас ќе биди.
Уште во Библијата се спомнува за предавството. Го имало и ќе го има секогаш. Не е за чудење, туку е секојдневие. Работава е за пазење повеќе. My 2 cents @biGirl . Literally.
Денот ми беше преубав. Воопшто не планирано, а преубаво поминат. Кога сум со вистински лица покрај мене се ми е убаво. Уживам. Се радувам. Се смеам. Солзи ми течеа од смеење. И се изморив. Од сабајле како излегов за работа сега се прибирам. Но вредеше. Знам дека оваа ноќ убаво ќе спијам.
Во последно премногу почнав да ги сакам луѓево. Ма не ми е битно дали се добри, лоши, црни, бели, дволични, оговарачи, љубоморни, сите ги сакам. Можеби е ова поради тоа што во последниов период ми се случија толку многу лоши работи, па сфатив дека секој човек е ист и има чувства, без разлика на тоа каков е. Многу сакам и да се запознаам со некои нови луѓе, па и нив да им ја подарам оваа огромна љубов. Вам ви треба љубов? Слободно пишете ми.
Секој ден е еден ден повеќе без неа, но и еден ден поблиску до тој кога повторно ќе ја видам..Тоа ми е единствена утеха и нека летаат деновиве, што е можно побрзо.. Не се радувам веќе на убавите работи што ми се случуваат кога не е тука веднаш да и раскажам и да се радува повеќе од мене.. Во мисли ми е секогаш и во срце засекогаш...Сигурна сум дека ми ја чува дечко и таму горе исто како што ја чуваше и на земјата.. Голем дел од мене е откинат и ова веќе не е живот, ова е преживување...Секој ден потешко и потешко...Проклетство...Недостасуваш, малечка
Пријателството меѓу мажите често знае да трае до смрт, а кај жените доволна е најбанална причина да ги претвори во доживотни непријателки, затоа што сета злоба е насобрана токму во жените.
Веројатно инспирација од некоја дешавка меѓу жениве овде на фемина. Едноставно го осеќам тоа. Машките пријателства знаат да бидат чудни, ама женските пријателства се уште почудни. Женската љубомора е поголема и од најголемата машка љубомора. Така некако, а? Машки ќе се скараат, ама после помират. Женски ќе се скараат и тоа непријателство вечно ќе трае. Ах бре жени сакајте се.
Морам искерно да ви признаам дека форумов е лек за секоја мака,од кога почнав послем одморот и сите глупости кој ме снајдоа,да бидам активен и да пишувам за мојте мајки пола ми олесни,во меѓувреме ми пишаа и некој членови во пп,си разменивме мислења и уште повеќе ми олесни.Сакам да се заблагодарам на сите оние,кој барем малце ми обрнавте внимание,да сте ми здрави и живи,и Бог да ви дава само убавини во животот.
Инстинктот е оној кој досега пробувал да ме "спаси" од одредени ситуации, одредени луѓе кои ми наштетиле. Двојна острица е она кога настојувате да го гледате најдоброто во луѓето. Сепак мирна ми е совеста. Не "враќам" со иста мера. Убаво кажале -don't fight fire with fire. Сретнав личност која ме има повредено, ја поздравив со искрена насмевка, бидејќи во моето срце ѝ е простено. Не секој кој прави лоши работи е по дифолт лош човек. Но граници поставувам. Не секој заслужува да биде дел од нашите животи.