Си го ослободив умот,ги ослободив заробените мисли...одлетаа далеку во воздухот,никогаш повеќе не помислувајќи да се вратат.Си оставам време да поуживам со осаменоста,барем на некои моменти... А во тие моменти можам многу работи да си ги разјаснам во себе,многу работи да откријам и многу работи да сокријам. Почнав да си го средувам животот.Пробувам што е можно помалку технологија да користам,повеќе се посветувам на книгите и природата...Кога сме веќе кај книгите,уживањето во книгата со шолја нешто освежително е нешто не проценливо.Почнав и да ги гледам вистинските вредности на животот... Порано имав некој си став дека еднаш се живее,што значеше дека не треба да учам,не треба да се замарам со ништо...но,за среќа во животот мој дојде една личност која ми го покажа патот на светлината. И еве,јас сум светлината.Не кренав по тој пат,по кој во никој случај не би можела да успеам.Сега,токму поради тоа што еднаш се живее,си го искористувам времето максимално.Што е можно подобро,што е можно поопуштено,без нервози... И знаете што? Среќна сум.
Олку смеење, не е на арно. Леле, ќе си умрам еј. У ствари, сите ќе умрете. Некој сега, некој после...
Кога вие ќе раскинете со дечкото тука сум ЈАС да ви бидам рамо за плачење,кога имате проблем ЈАС сум тука да ви давам совети,кога сте изнервирани пак ЈАС сум тука да ве смирувам. Но кога јас ќе раскинам со дечко, ќе имам проблем или ќе бидам изнервирана поминувам со само едно „Абе ај не се сеќирај се ќе помине.“ Фала Ви многу „другарки“ мои што сте секогаш тука за мене. Сите вие сте само од корист! Како не сфакате дека не сакам постојано да слушам за вашиот живот ?! Светот не се врти околу вашите животи!
СДК една случка што ме изнасмеа Бевме на гости кај едни роднини и таму има едно мало девојче и сега ми прави муабет- Ме прашува-Ти имаш ли дечко? Јас викам-Не И ми вика-Епа јас ќе ти најдам. Знаеш кој?Даниел Кајмакоски Хаха ми го погодила Хехе а само пет годинки има
И така сфатив, Не плачам дека ми фалиш,не плачам дека сакам да те видам.Туку сфатив дека знам дека е крај,и тоа засекогаш.Дека колку и да барам причина за смирување нема да ја најдам.Дека е навистина готово.Иако 3 дена поминаа беста и агресивноста растат се повеќе и повеќе. Не јадам од тага,туку од бестта спрема тебе и омразата. Не спијам бидејќи размислувам како ќе биде животот без човек со кој си бил 24/7 заедно три и кусур години. За тоа како ќе биде кога ќе те сретнам на улица и место да те гушнам нема ни здраво да ти речам туку ќе свртам глава. Не ме боли срцето,не ме боли главата ме боли душата,и тоа секој дел од неа.Чуствувам како се кине парче по парче.. Збогум Н засекогаш,и знај не ми е тешко што ме излажа тешко ми е дека ти верував со сето сеце .Но сега слободен си,ќе се каеш и плачеш ко мало дете но џабе е горчината е тука во мене и имам чуство дека ќе остане многу долго.. И да,не ми е криво и тешко дека те оставам,туку ме надвладува бесот и желбата за одмазда
Си се плашел ли некогаш да изгубиш нешто што го немаш? Нешто што не е твое, а ти значи, ти значи премногу. Еј животе, до таму ли стигнавме? Ме обзема чувство на глад, изгледа подоцна ќе сфатам дека со храна нема да ја надополнам празнината во мене. Ми фали љубов, ми фали искрена прегратка, ми фали еден искрен разговор во доцните часови.. Ноќите ми се вакви, преку ден сум среќна, ви ветувам.
Денес, после подолг период, мислите ми се вратија во минатото. Се сетив на него. На мојата прва вистинска љубов. На оној кој ме научи каква не треба да бидам и како не треба да се однесувам ако сакам да бидам сакана и почитувана. Оној кој го сакав и мразев во исто време. А немав сила да го оставам. Оној кој во исто време ме повредуваше и ме правеше среќна. Сите лоши и убави моменти ми поминаа низ глава и очите ми се наполнија со солзи. Се разделивме и секој тргна по својот пат. Сега, и двајцата сме на различни места. И двајцата сме среќни. Заедно не бевме. Непредвидлив е животот. Не знаеш каде ќе те однесе и што ќе ти се случи. Некогаш, кога ќе се навратам на минатото, не можам да поверувам дека ми се случувале сите тие работи. И добри и лоши. Не можам да поверувам што се` сум правела за одредени луѓе и се чудам како сум можела да се однесувам така. Всушност, тие ме направиле она што сум денес. Од сета таа чувствителност во мене веќе не остана ништо. Само мал дел. Многу мал, кој се трудам да го сокријам за да не бидам повредена. Животов, по илјадити пат ме става на тест. Мислите ми се раштркани на сто страни. Не знам што да правам, како да постапам. Сакам да оставам се`. Да не превземам ништо и да оставам да се случи она што треба да се случи. Порано, кога сакав некоја работа, премногу ја форсирав, се трудев, се мачев, плачев, пробував да ги залепам сите скршени парчиња и повторно да создадам едно нешто, и на крај немав никаков исход од тоа. Освен нарушување на психичкиот мир и физичкото здравје. Сега, како да ми дојде преку глава од сето тоа и едноставно кревам раце од се` и не ми е гајле што ќе се случи. Бидејќи, ако нешто треба да се случи, секако ќе се случи.
Не паметам кога последен пат, олку гадно сум настинала. Секој ден станувам во седум часот. Бидејќи не можам да дишам. А кога ќе станам, главата автоматски ми паѓа на кревет. Се' живо ме боли. А баш сега, кога со се' викенд имам слободни девет дена, затоа што другите се на екскурзија. Мислев дека ќе искористам ситуација, да фатам книга. Ама не можам да се сконцентрирам на ништо. Едвај дишам, а камо ли да учам. Бегај, бегај, проклета настинко!
СДК трудејќи се сите околу мене да ги направам среќни и да не ги разочарам, се заборавив себеси. Толку жално, но вистинито е ова.
Колку е убаво онаа чуство кога ќе слушнеш само една песна која те потсеќа на многу убави моменти... Ја слушаш и во глава ти се вртат сите убави моменти поврзани со песната,личности,насмеани лица ... Ми фали братучетка ми,ми фали дружбата додека бевме помали... Растевме заедно,додека бев мала ме тераше да читам книги а со секоја прочитана книга имав награда од неа излегувавме заедно, првото кафе го испив со неа првпат бев во диско со неа ,првпат искусив многу работи со неа кои ме потсеќаат само на прекрасни моменти ... Среќна сум што имам минато позади мене кое е богато со многу такви убави моменти кои вечно ќе ги паметам и ќе се смешкам додека ги преслушувам песните... Моментално неможеме да се гледаме кога ќе посакаме таа е таму јас овде. Животот не однесе на разни страни,но барем го има и работи онаа што го посакува...каде и да е само нека е среќна, жива и здрава друго не ми е важно Оваа една од тие песни за кои ви зборувам ... http://www.youtube.com/watch?v=Dsp_8Lm1eSk Ве поздравувам сите,имајте убав ден,смејте се и шитрете позитивна енергија околу вас
Во искушение сум додека поминувам покрај Савана во Сити мол да им ги искорнам котвите од штандот и да избегам, па да си ги обесам во соба. Искрено...многу искрено... Може звучи и клептомански, ама сакам котви и ај кент хелп мајселф. Кога се осудив за еден бакарен никаков накит, те ланче со котва да дадам 800 денари...болест е.
Колку може само еден парфем да направи толку работи ? Кога замина во странство кај мене остана негова мајца , кога ја помирисав збудалев , мириса на него , тоа е неговиот мирис ме полудува. Од тој ден секогаш ја мирисам понекогаш и по сто пати ке ја земам во раце и ке ја мирисам , мислам дека ме носи до него, се чувствувам поблиску до него , го осетам како да е до мене како да е тука. Почнав да спијам со мајцата ја ставам на градите и ја стиснам толку силно како него кога е тука. Се будам со мајцата на усните и дури помислувам дека е тука до мене , и не му ја перам додека не дојде бидејки до тогааш ке ја користам да бидам со него. Нареден пат пред да замине пак ке му ја земам за да не бидам толку осамену. Ахх што све може да направи еден парфем , може да ви ги врате сеќавањата, на момент да ве однесе до саканиот , да се осетите во негова прегратка аххх душо моја ми недостигаш премногу но не остана уште многу време до твоето пристигање , со нетрпение те очекувам. Од сега ке користам само еден парфем, за да може подобро да ме запамти , хахаха. ...... Убав ден е денеска незнам што ми стана ама ме удри во глава некоја промаја и цела куќа исчистив дури и надвор изметов...Хахаха малку промени во мојата соба добро дојдеа :geek: Кога некој не ме притиска да правам нешто го правам тоа со цел мерак ама кога некој ке ми рече ајде ова направи , ајде она направи епа неможам незнам зошто е така не е инат но ете незнам. Мислам дека мајками ја свати лекцијата добро дека кога ништо не ми вика сама си терам работи по дома . Дури направив и блашко , морав да го испробам рецептот да видам дали добро излегува , па да го направам на дечкоми кога ке пристигне дома.
Во животот секој човек добива она што заслужува, без разлика колку и да се трудел да ги придобие нештата кои „смета“ дека му припаѓаат.