Кога ќе ти дојде интернет после осум саати „камено-доба“ тест период и 54253524т25252 повици кон техничка поддршка:
ona koga luge ne te poznavaat ni 5 posto ti doagaat ti se pravat pametni deka te poznavaat tebe poveke od so ti se poznavas sebesi... toa e toj moment koa ne znaes dali da im se smees u faca ili samo da gi potapkas po ramo
Можам да кажам дека во битола само го најдов мирот и ништо повеке. Многу убаво си поминав, роденденот на мајка тамо го прославивме, за прв пат во нејзиниот живот ја видов толку многу срекна, очите и сјаеја од срека, мајчиче моја секогаш да ми бидеш така насмеана, и срекна, знаеш дека твојата срекичка е и моја срекичка Те сакам највеке А и утре повторно ке има гушкање со моите најмили внучиња Со душа ги чекам да ги стискам од гушкање И да кажам дека не ми ми се вракаше од битола, ептен е мирно гратче, само што беше малце ладно навечер тоа беше најголемиот мој проблем, ама едно си е скопје, не го давам, и мењам за ништо, ми фалеше
Она кога ќе реализираш дека средношколка имала повеќе дечковци од тебе не дека сум конзервативна ама напредни денешниве генерации
Кога ке помислиш дека едно нешто завршило,знај дека одма почнува нешто ново,неможе во животот само убави работи да се случуваат,животот секогаш се состоел од добро и лошо.
Сѐ почесто слушам констатации од типот тој/таа само кука, сам/а си е крив/а, си го барал/а, со коишто многумина се дрзнуваат да им одговорат директно, да си помислат или да ги оговараат пред други луѓе личности што не ги познаваат добро, а си ја олесниле душата за нешто пред нив. Се жалиш на сиромаштија во ,,прекраснава“ држава? Само кукаш и плукаш за џабе, уште помалку ти држи ако деновиве си виден/а на кафе, без разлика после колку време ти е тоа опуштање. Не можеш да се осамостоиш? Не постои такво нешто како ,,не можам“, сигурно си мрза и не сакаш да најдеш начин! Периодов се чувствуваш осамено, немаш вистински пријатели (на кои можеш навистина да им се довериш)? Сам/а си крива, сигурно си намќор и ги отфрлаш луѓето околу себе. Имаш вишок килограми? 100% обожаваш и уживаш да јадеш без да се потрудиш да се контролираш, не доаѓаат воопшто на памет и во предвид други причини како здравствени проблеми. Некој се дрзнал да те вознемирува во непристојна смисла? Си го бараш со облеката, провоцираш – секако, 99% ако си женско. Епа луѓе, не дека нема луѓе што само навистина се жалат без ништо да преземат или за нешто што навистина самите имаат вина, ширејќи негативна енергија... ама ако за секој проблем што ќе го слушнете – тој што ви се пожалил сам си е крив и го гледате од аспект на негативната енергија што ќе ви ја пренесе на 5 минути, епа извинете ама вие сте себични суштества без трошка емпатија и разбирање!
Пред некој ден имав прилика да поминам некое време со девојче што расте без мајка. Има 5 години, а мајка и е почината откако малата има 2 години. Живее со татко и. Татко и се трдуди да не и фали ништо. И купува играчки колку му се можностите, заедно купуваат облека и кукли, ја бања, ја храни, ја шета, ја носи во градинка...Тој е и татко и мајка. КОга појдовме кај нив, девојчето си играше, а потоа стана и донесе чешел. И го подаде на мајка ми и рече да и ја чешла косата и да и направи пунџичка. На татко и му падна незгодно и рече дека цело сабајле викал да и ја собере косата, а девојчето врати: - Тато ти си машко и си смотан за правење коса. Пошто е мала не сфаќа што е мајчинска љубов, но мислам веќе полека разбира дека и фали женска фигура во семесјтвото. Допрва ќе и биде потешко...Ќе и биде срам да ја бања татко и...Ќе и биде чудно кога ќе почнат да и се случуваат сите тие промени во пубертет...Ќе и биде тешко кога нема со кого да зборува за првите симпатии... Не ја сожалувам, туку им се восхитувам. И на неа, и на татко и, и на сите родители што растат дете сами. Некоја натприродна сила добиваат и продолжуваат со животот, иако срцето им е искршено. Никој не може да ја замени мајка и, но затоа е благословена со најгрижливиот татко...Се надевам ќе бидат уште посреќни во иднина.
-Ако не ти пише прва-дигната е. -Ако ти пише прва-очајна е, трча по тебе. И вие машките сте комплицирани колку нас женските. Факт.
Сакам да кажам дека веќе ништо ама баш ништо незнам и неразбирам. Се чудам како станаа вакви луѓево без чуства,без осет,сите како мршојадци се,љубоморни и злобни барат начин само штета да направат. Епа незнам дали ќе се појави еден ден ЧОВЕК
Си правиме муабет дома за глупостите што сме ги правеле со сестра ми како мали. Слатко се насмеавме. Ме потсети татко ми на една случка. Со сестра ми многу сакавме лакови. И еден ден си заспал тато во дневна, внесен во длабок сон, раце прекрстени на стомак па ни текна со сестра ми да го лакираме. Еден нокт една боја, друг нокт друга боја. Ништо не осети човекот. Си спие, гајле нема. По некое време станува и треба да се спрема да оди на работа. Си ги гледа ноктите и ниту се смее, ниту вика. Се гледа и молчи. А бидејќи бевме татини галеници си седиме во ќош и се смешкаме. Знаевме дека нема да бидеме скарани. Ацетонот како земја да го голтна. Мајка ми пола маало го претрча ацетон да најде. Среќа што татко ми е многу смирен човек, да бил некој друг којзнае каков ќотек ќе не снашло. Убаво ми е кога ќе се сетам на детството. Тогаш немало интернет, морало да се смисли нешто за да ни помине времето.
Вистината можеби е спора но секогаш излегува на виделина. Јас и кога знам се правам на Тошо,пушти деца нека се радуваат дека некој им поверувал на удрени со тенџере по глава.
Само љубовта ми оди во животов.. Шо повеќе да посакам од тоа? Колку и да ми е тешко има кој да ме гушне и утеши во најтешките периоди во животов.. Господе фала ти што ми го даде него '*
Не ти ни треба ништо друго,го имаш човекот кој те сака и го сакаш,многу е ретко тоа во денешно време да веруваш некому и тој тебе.Уживај во тие моменти тие се се поретки.
Го знаете она чувство кога си поставувате прашања кои всушност треба да ви ги одговори некој друг? Она чувство на исчекување на некаква си вистина која би ви помогнала да живеете поспокојно.. И додека чекаме некој друг да ни го подари спокојот со некакви си одговори на некои веќе неважни прашања, полека почнуваме самите да си го наоѓаме патот за да продолжиме понатаму и без тие одговори. Понекогаш си ги претпоставуваме одговорите за да бидеме спокојни а понекогаш едноставно само ги забораваме прашањата и продолжуваме понатаму. И секогаш, ама баш секогаш во моментот кога веќе сме ги оставиле сите тие прашања во едно минато време, ете тогаш ги добиваме одговорите. И понатаму дали тие одговори ќе ни ја одземат сета хармонија која сме си ја создавале долго време или пак повторно ќе не обеспокојат тоа зависи само од нас самите Една убава мисла која ја прочитав неодамна: An eye for an eye will only make the whole world blind Gandhi