Не,дефинитнивно не сфаќам. Имам една мажена другарка и и предложила на една друга наша другарка да излезат со нејзиниот маж и некое машко што ја бендисувло..Искрено,и кажав како сакаш да си правиш,јас имам свој став за вакви современи "местенки“. Едноставно,ако сакам со некого да излезам ќе најдам начин да го организраме тој “чин“ ние двајцата сами. Не ја гледам тука потребата мене некој да ми мести некого...Ми звучи глупаво....Таа со мажот и, јас со него,пијаме кафе, и што? И двајцата знаеме за што сме дојдени,нели? Друго,ме нервираат одредени невработени личности во мојот живот ( се извинувам однапред за оние кои не се вработени) кога ми солат памет како сум можела да се жалам оти одам двократно на работа и сум немала време за излегување или пак како можело да ми биде мака ако сум стоела 8 саати на работа ( а мајка и е моја колешка) како можела таа кога ќе дојди дома да прави ручек, и не и било мачно.... Трето,ве напнав со постов...Сепак
Среќен човек сум јас. Не дека имам се што сакам, туку дека полека учам да го ценам она што веќе го имам. Денес беше голем ден за мене, конечно направив нешто со кое подолго време се мачев, ама бев упорна, гребев, ползев, трчав, паѓав, станував па пак отпочеток се' и се така во недоглед.. го чекав изгрејсонцето како мало дете на кое конечно му дозволиле да остане до покасно. А оно не сфаќало дека не му треба ничија дозвола, дека слободата цело време му била во рацете како повредена птица која кога тогаш ке си ги состави крилјата и ке се воздигне нагоре високо, највисоко како никогаш претходно. Небо, јас сум ти, ти си јас.. црна како катран со милиони ѕвезди на себе, милион експлозии од кои секогаш се раѓа една нова посветла ѕвезда од претходната. Одново раѓање. Одново прогледување. Очи соколови кои стрелаат далеку зад секој хоризонт и зрак што извира провлекувајки се низ секоја пукнатина во душава, топло обвивајки ми го срцето заледено. Денес цвеќиња растат онаму каде што ке поминам со прстите.. денес сум среќна.
Прекрасно кажано.Чувството кога го исчекуваш одговорот од непоставеното прашање,а сепак претпоставуваш што може да биде одговор или пак уште едно прашање.(мој измислен цитат,параграф или како сакате) Purplelilac навистина убаво кажано. И на мене не ми е јасно ова со местењето,потполно си во право.Како онаа реченица ''Дај да ти го местам овој дечко,'' и после седите на иста маса и двајцата знаат за што се,со местенки(како што велиш ти/вие,како сакаш)
Нема ништо потешко од она кога човек се бори сам против себе... Ужасно тешко! Еднаш велиш можам, по 5 мин не, јас не можам и така се до крај кога веќе гледаш дека мораш.
После 22 години бевме собрани сите фамилијарно, вечерва имаше насмевки на лицата нивни, срека во очите, ова беше една од најубавите вечери во мојот живот, само ме боли тоа што сме далеку многу, да можеби далечината не дели, но во срцата сме секогаш заедно, се носиме каде и да одиме Те сакам нино како моја втора мајка, ти си жена со големо срце, со најдобра душа, секогаш гледаш на сите да им помогнеш, имаш прекрасни дециња, и прекрасни мали ангелчиња внучиња, а јас сум пресрекна што имам нина како тебе, и што ми даде братучеди како твоите деца, никогаш нема да заборавам све што направи за мене, сите изненадувања, сите срекни моменти што ги донесе во мојот живот, а башка роденденот што го прославивме заедно беше една од најубавите вечери во мојот живот, најубавиот поклон ми бевте вие, да ве видам сите заедно, весели, срекни, и насмеани, никогаш нема да ја заборавам таа вечер, ти благодарам за све, ти си една прекрасна нина, и една прекрасна мајка, господ секогаш само убавини нека ви дава, секогаш да ми бидете срекни. Ве сакам највеке
Какви се прљавштини можат да излезат од под "теписонот" на еден човек. Секој од нас има по некој на кој му верува. Не дека верувањата се беспрекорни,но сепак кога велиме,му верувам,остануваме со подзинати усти кога се трга теписонот. Поготово кога тој сам си го подига. Оти нели,обично, нс тие луѓе ние им веруваме и не чувствуваме потреба да чепкаме насекаде. Ми се шири и зеницата кога баш тие луѓе ги гледам како го откриваат сопствениот теписон. Не дека они намерно сакаат да покажат што има одоздола, засукуваат парче за да покријат тоа што е одозгора и тогаш иде моментот на дигање прашина. Еден помалку,па уште еден,се родил друг и се така редум низ животот. Секој од нас има свое теписонче со соодветна прашинка.
Дај Боже целиот живот да бидеш пресреќна,како вечерва што си била,и секогаш да си насмеана и исполнета
Ако некогаш мислиш дека си глуп, помисли дека една жена пред неколку дена побара да го преместат затемнувањето на сонцето за викенд, да не биде кога децата одат во школо
Лошо е кога некоја упорна бубачка ќе почне да ти шета по глава и те тера да мислиш на нешто што не е за мислење веќе. Самите мисли те тераат да лупаш со глава во ѕид за веќе видено,поминато,почуствувано,разочарано,преболено,заборавено. Епа чао бубачко, те умртвив засекогаш. Јас сум среќна! Среќна сум и благодарна за најдобриот човек до мене. Малите нешта со него умеат да ме направат среќна, од секогаш и засекогаш таква ќе останам. По совршенство не трагам,оддамна.. Сама ќе си го створам совршенството. Со него уствари
Кога тогаш казната од бога ќе ги стигне сите проклети луѓе што нанеле зло,болка,лажеле,клеветеле и правеле само лоши работи.
Годинешниов роденден го прославувам со многу добар успех.Денес одбележувам четири децении живот со надеж дека ме очекуваат лекции со полесна содржина до одличниот успех. До тогаш, десетката што е пред мене ја пречекувам со широка прегратка во добро здравје и верба за повеќе среќа и љубов. Ве честам за желбите што тлеат...
Уморна сум бре луѓе, уморна од лицемерие, завист, подлизнувања, упикувања, лижење г.зови! Ало, цени ли некој искреност, пожртвуваност, прилателство, верност? Изгледа многууууу очекувам од овој суров свет!
@A.M.M ти благодарам Инаку сега забележав во последната реченица малку погрешно сум се изразила, тоа што сакав да кажам би требало веројатно вака да гласи: „И понатаму дали тие одговори ќе ни ја одземат сета хармонија која сме си ја создавале долго време и повторно ќе не обеспокојат тоа зависи само од нас самите“. @poenta Среќен роденден Да славиш уште многу години во здравје и среќа
Досадно ми е, не знам што да правам сама со себе. Морам да си најдам занимација или ќе го реметам форумов или пак ќе почнам со природните мои маски за коса и лицешто во повеќе случаи се потврди дека не се баш добра идеа!
СДК оти не можам да си најдам нзс. Кога има работа уморна сум оти има работа, дома доаѓам како утепана. Кога нема работа досадно ми е, од досада се уморувам. Не знам што е подобро.
Машкиве се бетер од нас. Ама не признаваат. Си збираат во себе. Инаку се поголеми плачковци, поголеми емотивци од нас едно 100 пати. Имаат комплекси бетер од нашите, се борат со свои внатрешни стравови и несигурности. Страдаат повеќе од нас. Ако во тебе видат другарка ти можеш да сметаш дека имаш брат засекогаш. Тие многу повеќе ценат кога некој им нуди другарство и нема да те извисат. А ние сме такви: цмилиме зза се и сешто, кога ни е тешко цел свет ни е крив и трпат сите околу нас. Со другарка може да се скараме и за најобичен фустан и по дифолт секое машко кое сака да се зближи со нас сака и да не легне. Површински гледаме се и од мравка правиме слон. Јер жени...