Е денес сум како пијана кокошка. Одам, одам, па ќе се сопнам. Си го удрив малото прсте. Е боли луѓе, многу боли. Откако знам за мене јас постојано си го удирам баш малото прсте. И гледам малку криво ми е. Изгледа денес решив да го искривам уште повеќе. Изгледа златно правило е да се удираш таму каде што веќе те боли...
Сакам да кажам дека денеска треба да пречекам една драга личност на аеродром во два часот. Утре ќе одам со инфузија на работа али нема врска, вреди за таа драга личност.
Животот не е мирно море, животот е авантура. Сето тоа е дел од ова наше животно патување. Само треба да прифатиме дека се што ни се случува има причина и дека позади секој контраст се крие благослов.
До нас жените само оние мажи кои со секој поглед и збор ќе прават да се чувствуваме посебно и неповторливо...кои нема да се откажат така лесно... Другите држете дистанца ве молам!!!
Убаво е кога не можеш да спиеш, со нетрпение го чекаш новиот ден, за она што го носи со себе. Телото е уморно, а душата не може да се смири.
Никогаш не ме интересирале посебно модели на автомобили и не сум посветувала внимание кој што вози но денеска видов една девојка со џип. Аии луѓе колку моќно ми делуваше. Мхм како да може да постигне се. И заклучив. Жена со џип делува многу моќно! Хахах еден ден ќе возам џип
Потребно си е она дистанцирано време од некои луѓе за да сфатиш зошто се лошо ти се случувало. И се тргаш и гледаш и мило ти е што согледуваш. Сите си имаме спомени и можеби подобро е така, тие луѓе да останат само спомени. Не е важно минатото, ниту иднината само сегашноста. Не очекувајте премногу и ќе бидете посреќни.
Љубов е кога се "тепате" кој попрво да легне во кревет за да не станува да го изгаси светлото. Јас победив како и да е, не ми смета ни сонце во очи кога ми се спие.
Колку пораки сте напишале а не сте ги испратиле? Тие се најискрените, кога срцето вришти но мозокот вели ,,Не''...
Денеска е значаен ден за мене,денеска официјално ке ми кажат,дали ке правам или нема да правам операција.Послем толку снимања,и дремење по болници,редно време беше да дојде и овој ден. Чувајте си го здравјето,за и тоа да ве чува вас.
Денеска не можат сите да се носат со фактот кога ке им покажеш дека ти значат.Тоа е одговорност од која многу бегаат зошто немаат храброст да го кажат истото за нас.