Ако животот ми се промени и ми стана тежок,тогаш јас ке се променам и ке станам уште посилна,имам и мотивација.
Малку фалеше за да го прогласам денов за тотална пропаст. Имав некои обврски да завршам, ама не испадна како што се надевав дека ќе биде. Утре треба повторно да се вратам бидејќи нема да е готово денес, за назад првиот автобус го пропуштив за неколку минути и ми останаа 2 часа додека да го фатам следниот. Решив да прошетам ваму-таму да помине времето побрзо. Како по навика посегнав во чантата да ги извадам слушалките, секогаш слушам музика додека пешачам негде сама. Ама си реков не, ќе се изгубам во гужвите и ќе уживам во звуците на градот, одамна тоа не се случило. Опкружена со туристи кои љубопитно разгледуваа наоколу, студенти, растрчани деца и најомилените: постари заљубени парови. Ги гледам, се држат за рака и после толку многу години, си шетаат заедно, весели и полни со живот. Милина, преубава глетка. Си велам, се жалам што морав рано да станам и да патувам, се жалам што мора утре повторно пак да доаѓам, се жалам бидејќи ми жешко и сум уморна... Сѐ нешто како да тргнало наопаку. А тие...Тие знаат да уживаат во секој миг. Не знам дали е поради тоа што се стари и не знаат уште колку останува, па сакаат тоа време максимално да го искористат, ама едно знам- се гледа дека уживаат како да нема утре, колку и да звучи клише. Постариве повеќе го ценат ова за разлика од нас младите, како секоја минута да ја земаме здраво за готово. Премногу стрес и грижи во последно време, бегав од гужви, а денес баш тоа ме снајде- веројатно и токму тоа ми требало во моментов. Секој случаен минувач што денес го видов има свој живот со свои проблеми и грижи, ама од денес сакам да уживам како тие заљубени баба и дедо, како да нема утре. Нека ми бега почесто автобусот, навидум обичното секојдневие има толку многу убави ситници кои многу вредат.
Почнува сезона на ајвари и натпревар за најубав рецепт шлакнат на фејсот....така бре докажувате дека сте јаки домаќинки? ако сте домаќинки такви баш - ќе имате време да постирате рецепти на фејс црц милојко, како не....ко је луд нек верује
Лани додека чекав ред на неврологија се скарав со еден дедо. Беше некултурен, нестрплив и бутна една бабичка што си чекаше ред пред него. Сите почнаа да тераат инает и никој не сакаше да го пушти преку ред, па без прашање застана пред мене, иако чекав веќе долго време, а беше многу топло. Со мојата здравствена состојба јас многу тешко поднесувам топло и ми беше многу лошо. Му се обратив на дедото, за жал прилично грубо (не му се дерев, сепак бев културна), и кога ѕирнав во неговиот упат, Паркинсонова болест. Срцето ми се скрши и уште го мислам.
Жално мора да пазиме и да не осудуваме пред време,мораме да бидеме стрпливи во животот.Секој поминува низ некој тежок период,секој има проблеми во животот,за кој незнаеме,и затоа не треба предвреме да судиме,и да осудуваме.
Она кога сите овци се на број, кога сите ѕвезди се на небото, кога душата препукнува од убавост. Како Август да исплел пајажина со сончев конец околу мене и него, па недостасувањето го претопил во љубов. Не притаил така цврсто еден до друг што не дишам за да има повеќе за него и тоа совршено ме исполнува. Можам да молчам и да го набљудувам со часови. Можам да го љубам без да го допрам, зошто светот мој тој го разврзува и на негови дланки се буди и почива. Можам да го допирам со очи и да го галам со трепкиве... само за да не го разбудам. Можам да го сакам како што месечината го љуби сонцето, да се топам како солта во морето. И уште колку многу би можела да знае...
2 дена сум заспана убавица никако да се расонам. Шу ќе правиш кога соновите се поубави од реалноста. Ајт на здравје со 3то кафе до сега идем да гледам Кесл
Не можам да ги сфатам луѓето што упорно сакаат некому да наштетат. Што имаат од тоа што ќе гледаат некого уништен, скршен? Зарем им се полни душата од туѓите солзи?
Од возачи најмногу ги сакам оние кога ти стоиш на тротоар пред пешачки а тие ти застануваат да поминеш. Епа респект за таквите. Секогаш дигам рака во знак на благодарност.
Ми се јаде сладолед. И чипс. И сендвич. И пица. А имам стомачен вирус и ми се гади од се. Ќе си ја грицкам плазмата и ќе се преправам дека сум ја нарачала од доминос.
Сакам да си го променам никнејмот бидејќи во една статија прочитав мудрост подобро мајмун во подем отколку паднат ангел. Така да од денес сум мајмунка во подем,се зезамќе си останам пак само не паднат туку во подем, небесен.
Моментот кога разгледувам каталог за козметички производи со голема љубопитност и одеднаш на една прекрасно осмислена страница погледот ми го заробува хидрантниот крем за раце, почнувам да размислувам дали е тоа фирма за производство на противпожарни апарати или за производство на козметика. Некој од незнаење си поиграл со поимите хидрант и хидратација и направил "одлична реклама"за квалитет. Ако со хидрантот не успее да го изгаси распламтениот пожар од побркани зборови, со редовна и соодветна употреба на кремот ќе се постигне добра нега на рацете, односно хидратација. Секако, според препораката и разликувањето на терминологијата. Без тоа, безвредна е шареноликоста на страниците и одржувањето на бизнисот.
СДК денес појдов кај сиромашно семејство( ги знам само малку) , им однесов една кеса, си поседов си помуабетив. Не знаете вие колку само ме стопли гушката од жената, осетив љубов. Ми го разубави денот. За момент заборавив на проблемите кои ги имам јас, заборавив на се. Се осетив сакано, срцето ми потскокнуваше. Е ова е среќа за мене, туѓата насмевка која јас ја предизвикувам ме прави среќна.
Како мала имав преголеми желби но ми останаа не остварени. Без напор, со влијание на другите лесно се откажував ... А сега имам мали желби. Навидум мали а во душа преголеми... Во моментов посакувам само да се почитуваат моите ставови, желби и соништа, никој да не ме запира а моите само да ми подадат рака која ќе ми помогне да се исправам ако случајно по патот паднам или се предомислам. Посакувам мојот став да не се сваќа како дрскост туку како храброст за остварување на мојот сон. Посакувам да веруваат во мене, да се радуваат без повод, да ми посветуваат внимание и убави зборови. Изминатово време ме научи да бидам уште похрабра и независна. Да избирам друштво ,да оставам но и да бидам оставена... Треба да знаеме дека може нема да бидеме сакани од секого , но мораме да бидеме почитувани . Научив да си заминам , да оставам недозавршено кога она што треба да го имам не го добивам... Среќна сум што успеав да ги реализирам соништата без да се прилагодувам на останатите. Среќна сум што избрав партнер покрај себе кој ми е надополнување во мојата мала совршеност, кој ми е другар , сопатник и најголема подршка , а не изговор за егзистенција. И конечно сега сум доволно храбра да го зграпчам животот и да си терам по свое. И тоа што сум жена не ми претставува слабост туку напротив гордост.