Сдк ме прати некое чуство на одмазда.Иш,иш таму не ги преовладувај моите чуства и онака секој ќе си добие тоа што си заслужува. Кој фактор сум јас? Се предомислив,не се вредни да си кварам статус А баш згодно време беше,овака како што ги начекав. Ајде пак можеби друг пат знам да бидам многу стрплива Си се пратам сама во последно време да не се урочам ама у форма сум сентиментално.Некои се чуствуват убаво кога се сакани а јас кога ништо не допира до мене.У некоја релакс фаза сум шта се тиче тоа поле. Постов ми се стои дека требаше да си го пишам во како се чуствувате денес
Осаменоста го убива човекот...но некогаш е толку потребна, во таа средба со самата себеси најубаво можам да си ги видам сите грешки и убави работи досега направени...
Понекогаш имам толку многу да кажам што не знам на кој момент да му дадам предност. Не дека мене ми се случува нешто посебно убаво и незаборавно,па треба да го споделам со некој,туку толку многу нешта се испреплетуваат што не можам да им го најдам ни почетокот.Чувствувам дека се ми е врзано во некој јазол распослан околу мене...Но,немоќна сум сама да го најдам крајот А потсвеста ми одгатнува некоја чудна разврска на загатката што ми буди морници од кои и утрото ми станува мрак Секако дека постои светлината таму некаде,ама осветлува друг нечиј живот.Во мојот и малиот фенер ќе ми биде од полза да го пронајдам патоказот... И колку повеќе размислувам сфаќам дека човечката мисла е чуден феномен.. Нашите мисли се како болви...Скокаат од човек на човек но,не секого каснуваат.
Добро, зошто сите девојчиња се луди по Џастин Бибер и Уан Дирекшн? Ајде, Уан Дирекшн иако не ги сакам, ќе ги сварам, но Јустин Пипер никогаш. Признавам, го слушав порано, но верувајте, никогаш повторно. Онаа „бејбе, бејбе, бејбее, оооооооооооооооооооооооооооооооооо, бејбе, бејбе...“ или како и да беше ми се врти во главата.
Полека но сигурно почнува да ми станува сеедно за некои работи. Колку што ме радува тоа, толку и ме плаши. Кога една иста работа се случува по стоти пат, веќе ти иде преку глава, и после подолго време се навикнуваш на тоа и ти станува сосема сеедно. Не се обидуваш да превземеш ништо за подобрување на ситуацијата, а и не те засега. Едноставно оставаш судбината да си ја заврши својата работа. И онака ќе биде така како што треба да биде. Исто и со луѓето. Кога една личност ти е драга, ја сакаш повеќе од себе, и дозволуваш се`, и попушташ, а таа упорно те гази и не те почитува, целата љубов кон таа личност со тек на време се претвора во рамнодушност. Ни ја сакаш , ни ја мразиш. Само ти препукнува луѓето да ја искористуваат твојата добрина. Сфаќаш дека не вреди. Изминативе денови една личност и се` поврзано со неа, не ми излегуваше од глава. Премногу мислење, анализирање и на најмала ситница, премногу претпоставки... А никој не знае каква е реалната состојба. Губење на време и нерви со лажни луѓе, лажни верувања, лажно претпоставување за тоа какви се работите, кои толку многу ти ја блокираат главата и ти ги обземаат мислите. без потреба. На моменти се мразам што сум ваква и што од најмала ситница правам цел филм, во кој цело време се врти една иста работа. Режисерот на "Малечката невеста" може да ми подзавиди.А реалноста нема врска со филмот. Џабе се оптеретувам, знам.
Да и тоа од оние што траат по пола саат, како на поранешна а1 и после заборавам во кој жанр на филм бев влезена. Затоа влегувам повеќе во документарци, па наместо да се филмам, јас се документирам. Туку, гледам дека модераторката што обожува да брише вчера не се изјасни зошто и како. Ама и без да се изјасни се виде која е, добро позната реакција, се покажа со брзина на светлината. Епа кој си ја има мувата на капата, не знае ни да си ја избрка А сега одам да учам норвешки, разбрав барале работници.-ја мо лара Ма нека бараат сите, ако не отидам барем ќе научам некој странски јазик повеќе. Само немој и Јапонија да каже дека има потреба од работници од цел свет , не за друго интересен е јазикот ама тежок е бре-конничива јуџин.
Чувствувам некоја тежина на душава. Мака некоја. Не можам да ја истерам никако. Пробувам, пробувам. Не оди. Не сака да исчезни. Само уште повеќе ми се наголемува. Сака да ме измачи, да ме измори. Ќе и дозволам или не?! Прашањето е сега.
Лошо е кога ќе те прочујат у маало дека мериш притисок со особена точност. Нема, нема, па некоја баба ќе ми клапне, не баре пункт на брза помош сум. И сите маки ќе и ги сослушаш и мучно ти на душата после!
Интересно е како една песна од 3 минути може потполно да опише како се чувствуваш. Па која креативност ја имаат тие автори, од кај им е таа инспирација? А некои денови сакам да ги преспијам, искрено. Ама ги поминувам во слушање на музика. Од англиска, шпанска, српска па се до македонска народна музика. Има нешто поубаво? Можам и по цел ден да седам дома и да слушам песни, можам! Особено ги сакам оние песни во кои се пронаоѓам, ги слушам по милион пати. И никогаш не ми е доста од нив. Утехата е во музиката! Слушајте и уживајте. Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=UiP26UaHPbo&list=PLIibtVp5YHB8R84X1-QVMkHbZ7H9eFFiH
Значи, во минативе неколку години откако сум во врска трипати сум имала влажни соништа, манијачни и нереални, пошо се тоа со славни и популарни среќници , сите тројца плави, со плави очи, височки така и три неуспешни обиди за мување(не бе јас, тие ми се пуштаа), и тоа тројцата црни, со темни очи, додуша исто височки, упорни и желни за...незнам за што ... А додуша реалнава љубовна состојба ми е збир од сите тие акции, со смеѓ маж со зелени очи, комплет... ама кога гратис добивам нервозни погледи и неразбраност... ... а бе ме фаќа с'клет побрзо да заспијам... ...чунки поарно да сонувам...
СДК дека додека го читав мислењево на Barbie20, едноставно се чудев колку многу се пронајдов во секој збор... во целост ама баш така се чувствувам... Спојлер едноставно морав да цитирам и да прокоментирам И да, тоа е најлошо кога сфаќаш дека не вреди, дека ти е сеедно, а сепак е тешко...
Сакам да споделам една статија со вас. Вреди да одвоите 2 минути и да ја прочитате. http://www.crnobelo.com/zabava/evergrin ... mti-go-ova
Секој ден учам по нешто ново,стекнувам нови навики и искуства. А, најубаво е кога на крајот на денот ке донесеш некоја поука... И одвај чекам викенд да дојде, ми скисна од онаа рутина секој ден-стани па на школо па дома па учи па легни и се тоа се врти во круг . Сакам да се наспијам, да станам да се прошетам, да седнам да изгледам некое филмче, па да прочитам некоја книга и да излезам со другарките. А сакам да седнам со некоја мудра личност и да направам муабет, да научам уште нешто ново па да правиме муабет за книги и такви работи ама никаде нема таква личност. Моите другарки само за љубов зборуваат аман нема со кој салам муабет да си направам ама тоа е Добра ви ноќ на сите
Ајде да шкртнам во темава за првпат. Одамна немам пишано. Јануари за мене беше тежок месец. Незнам зошто ама во Јануари секогаш ми се случувале некои лоши работи. Прекинав 8 годишно пријателство. Тешко ми беше тоа да, но на неа очигледно и беше сеедно. Многу добро ја знам, се гледаше дека лесно и е, дека ја нема таа лажна насмевка, дека е навистина среќна, и навистина ми е мило поради тоа, се најдобро и посакувам. Само едно ме мачи, не ми е јасно како се случи ова, се правев за неа, секогаш бев покрај неа, иако моите многу не ја сакаа јас продолжив да се дружам со неа и никогаш не ја оставив !!. Во се и помагав(особено во учењето ).Секогаш бев добра кон неа, незнаев да речам Не за ништо. Дали беше се од корист ? Сите ми викаа не се дружи со неа, ваква е онаква е..само јас викав нее, не сте во право !! секогаш ја бранев, па дури и кога не беше во право, а таа ми се скара за банална работа, а се и простував, ќе ми речеше нешто и си ќутев, собирав во себе...не сакав да ја навредам. Кога и да ја видам имам некое чувство на омраза. Зошто ? Незнам. Ама знам дека нема да можам да и го простам ова. Овој пат.. не. Така ви викам.. Ќе помине, знам. Веќе и многу не се секирам, се помирив со се. Сконцентрирана сум на учењето, спортот.. и се ке биде во ред, сигурна сум во тоа. Добра ноќ. Убави соништа.
Се пронајдов во овој пост. И јас имав една другарка што моите не ја сакаа, мајка ми многу добро знае да ги процени луѓето и неа ја гледаше во право светло но јас не сваќав. Се дружевме незнам уште од кога уште од кога проодив јас,одевне заедно во забавиште, се што правеше таа и моите ме тераа, таа направила таква фризура и татко ми ајде и ти како неа се ошишај. No way. Порано не сваќав можеби бев дете но сега сваќам дека таа ме искористувала. И кога го сватив тоа и кога го сменив однесувањето со неа таа ми велеше многу се смени. Епа ја нема таа будала веќе. Тоа беше многу одамна јас бев седмо одделение кога престанавме да се друживме и не ми фали ниту пак ми е криво што заврши нашето пријателство.
сдк никој неможе да се меша во мојот живот никогаш а не поготово кога станува збор за љубовта кога една личност мене целосно ке ми го освои срцето и знам дека ќе бидам среќна за другите воопшто не ни размислувам важно ние да бидеме среќни а љубоморните нека позеленат од завист.