Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    10.369
    Така е, се согласувам. Нашите постапки секогаш ќе не “фаќаат„ за коса ,иако во меѓувреме сме станале подобри :D
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    :sun: Животот е убав! :sun:

    Кога те радуваат мали нешта. Кога ќе разбереш дека треба да се бориш секојдневно. Кога ништо не ти е досредено, ниту пак испланирано, ниту остварено, а насмевката не ти го напушта лицето. Се ќе бидне еден ден, ама деновите потрошени чекајќи, се само потрошени. И не секогаш е онака како си замислил. Што не значи дека нема да биде добро, па и подобро.

    :f: Животот е убав :f:
     
    На Someonespecial, Barbie20 и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  3. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Животот дефинитивно е несфатлив.Кога човек конечно ќе се среди , кога треба да проживее, се случува нешто неочекувано ;(
    Кој да го разбере животот?
    Таа заслужуваше да проживее во куќата што ја изградија со нејзиниот сопруг.
    Заслужуваше да ужива во дворот, градината,овошќите , цвеќињата кои толку ѓи сакаше,што немаше поубав двор од нејзиниот.
    Заслужуваше да ја земе првата пензија за некоја година.
    Заслужуваше да ја омажи својата ќерка и ако е лице со посебни потреби.
    Заслужуваше да им се радува на внучињата.

    Но неа повеќе ја нема. :(
     
    На Elennaa, SparkyAngel, poenta и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.518
    Допаѓања:
    17.538
    Пол:
    Женски
    Денес денот ми почана уште рано на сабајле со лапсус . :x Аман бре , само грешам . Едно мислам друго зборувам , па ми се смачи веќе . :fubar: Не сум дотолку глупа за да неможам да составам една реченица ама постојано грешам со зборовите . Одам на училиште , влагам во училницата и наставничката има пред час и вели : Јас имам предчас ако сакате да почекате сите надвор , И јас скав да кажам ,,Нема проблем '' ама кажав : Нема ништо :fubar: :x и ја затворов вратата . Навистина незнам што ми е овие денови само грешам . :@ Некој непознат да ме слушне што зборувам ќе рече оваа незнае една проста реченица да состави . ]:) :$

    Ама нејсе , се надевам дека ќе ми помине . Инаку се преостанато е супер . Денот е прекрасен а и сончево е надвор :sun: . Ама треба да го довршам и проектот . Не ми е јасно како од сите што треба да го направиме проектот наставникот вели Сноу стар ти земи и во петок да го донесеш . |( И тие не се замараат со тоа , ама на крајот ќе бараат оценки за него ама нема , па јас да започнам уште од денес да го правам зашто помош од нив нема да видам .
    Но ништо неможе да ми го расипе расположението . Едноставно се чувствувам прекрасно . Денот е прекрасен , се е прекрасенo . А имам и тренинг па уште подобро . Значи дека треба да уживам во денот . :D
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Многу мислења на форумов започнуваат со реченицата:"Животот е..."

    Замисли си:Имаш просечно 80 години да живееш,раснеш,проблемите ти се зголемуваат...И остаруваш,одеднаш животот го гледаш од друга перспектива.Се прашуваш:Каде ми летнаа годините?И доцна е...си заминал животот..Зад себе си оставил толку многу некажани зборови,толку многу неостварени желби..Сваќаш дека животот ти е краток за да се нервираш за непотребни работи,за да си премолчуваш,за да си ги оствариш сите желби..
    Паа ајде луѓе....зар можеме да кажеме дека животот е тежок?Да,можеби е тежок,но еден е.
    Уживајте во сите моменти..
    YOLO :*
     
    На Elennaa, poenta, QweenSM и 2 други им се допаѓа ова.
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Дедо ми и баба ми, Бог да ги прости, со три деца се селеле вкупно 9 пати. Секогаш во различен град.
    А ние еден регал дома ќе менуваме и цела недела ќе прескокнуваме преполни кутии, во голем дел исполнети со книги. Еден куп тракатанци најдовме, непотребни ствари што сме ги чувале. Нешто од тоа фрливме, нешто дадовме, а дел од книгите планираме да ги донираме во библиотека.
    Татко ми наполнил цела кутија со честитки. Рачно изработени, што сме ги направиле со сестра ми кога сме биле мали. Желби до Дедо Мраз да ни донесе играчки и кукли. А сестра ми на пет ипол години му порачала и две шмики :lol: Е ај кажи ми сега како да ги фрлам тие работи? Спомени се тоа, ќе им најдеме место.

    Туку, откако го средив стариот телефон и го ставив како украс во ходник, скоро и да нема гостин што кога ќе дојде ќе ја крене слушалката и ќе рече: Да банкару?
    Сите ја имитираат Лила. Првиот пат ми беше интересно, ама сега после 86 пати - не ми е. :|
     
    На anuskaNESTLE, sweet-cherry, Elennaa и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Даркккк ис беееек 8)
    Хелоу аген. Како сте ми ? Искрено ми фалевте, се надевам дека пак и почесто ќе се дружиме . :D
    Ве гушкамм :hug: :*
     
  8. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Сто пати напишав, избришав, па пак напишав, па пак избришав... :?:

    А СДК само, уживајте во животот, краток е...
    Работи како: ми избега автобусот, паднав на испит, моите ми купиле обичен крем, а не Нутела, имам црни, бели, розеви, сиви патики, ама немам жолти, се здебелив дури едно кило, врне дожд, не сакам сонце, нема место во омилениот кафич, сабота е, а дома сум, ги заборавив наочарите за сонце..., се тотално невредни нешта за нервирање. А секојдневно допираат до нас, колку и да мислиме дека не. Не е лошо во сето тоа да најдеме и нешто убаво. Ако врне не значи дека е најлошата работа на светот, и тоа има убава страна, само колку сакате да ја видите. Отворете го прозорот и дишете со полни гради, ќе почувствувате прекрасен мирис на пролетен дожд. :)

    Се' се средува, сега или подоцна ќе помине и ќе се среди. Најважно е здравјето и љубовта секогаш да се во нас. Другото е само минлива работа која во иднина ќе ја заборавиме. Затоа гушнете ги тие до вас, кажете им дека ги сакате, зашто никогаш не знаеме што носи утрешниот ден, односно не знаеме што носи ни наредната секунда, а не пак утре.

    Уживајте во моментите. :)
     
    На anuskaNESTLE, sweet-cherry, Elennaa и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Слушнав една песна во која оние што рапуваат ги навредуваат жените со секакви безобразни зборови.
    Не нарекуваат курви, пи***, се **** за пари, кучки, испотени, усмрдени, вака останав. :o

    Абе добро. Кој паметен ја напишал таа песна? Тој педер да не е случајно?
    Ги мразам тие така наречени „фраери“ кои мислат ако кажат некои грди зборови за жената мислат се јаки и ќе добијат медал.
    Го знам тој што ја напишал песната, ми доаѓа кога ќе го сретнам некаде или барем на фб да го прашам „тебе татко ти те роди“ ? :^)

    Тие се тие што секоја вечер се со различна. Тие се тие што се заљубени во некоја. Тие се тие што не можат без секс, тие се тие што имаат мајка и сестра.
    Плачат по женски, а во песните ги нарекуваат курви.

    Без срам таква песна пуштаат во јавност, не мислат на последиците. Па после ништо чудно да си умрат сами, а тоа заслужуват. Говеда.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Прекрасен ден.. ^_^
    Ширум отворен прозорец, од кај што доаѓа миросот на свежо косена трева, преубав роман кој ме чека да го дочитам.. :sun:
    Додека ја косев тревата во дворот, комшивката ја изнесе ќеркичката. Брат ми неможеше да и одолее па си се поигра со малечката комшивка. И брат ми изгледа има желба за млад татко :wasntme: :rofl:
    Следната недела ќе земаме куче, така да летово нема ни најмалку да ми биде здодевно. Играње со братучедчето мало, играње со кучето.
    Имам чуство дека летово ќе биде прекрасно, баш така како што си го замислував! :nod:

    Ви посакувам пријатна вечер :hug: :hug:
     
    На Elennaa, Someonespecial и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  11. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Денес почетокот од денот и крајот премногу тешко ги поднесувам. Денот ми започна со проблемите од моите,со мојата постојана тахикардија, со самото тоа си идат и негативните мисли кои непотребно едноставно ме обземаа...
    На предавањето на факултет бев постојано во тек со истото,слушав,забележував. Премногу бев среќна што забележував бидејќи ќе ми биде полесно за учење што е нормално.
    Се слушнав со него, нормален муабет се ок, али знаеш како е чувството кога ќе ти дадат прст сакаш цела рака. Ете баш така се почувствував. Не дека нешто зборував,туку потиснував во себе.
    На моменти се чувствувам како да го имам светот во двете дланки,дека што и да почнам да правам ќе успеам. Но,на моменти се чувствувам опаднато,
    До каде одам самата јас?
    Битка со самата себе. Морам да победам.
     
  12. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Многу ги почитувам оние што плачат помеѓу 4 ѕида и не прават цикрузи од тага...

    Чудно е како некои работи се градат и рушат. Чудно е како денес собираме храброст да признаеме дека некој ни го изградил светот, а утре истата таа личност наоѓа начин да го сруши, и тоа само со еден удар небаре е професионалец. Па колку света срушила оваа личност штом погоди од прва, без да промаши? Мора да се работи за долгогодишно искуство... Како очекуваме да се смилува на нашиот свет, кога не и е прв, ниту пак последен?
    Криво ми беше егото, не се плашев од нечие “те сакам“...

    После се што видов и пројдов, после сите места каде бев и сите луѓе кои ги запознав, после се што добив и изгубив, безброј пати лижев таму каде што плукнав, сфатив што треба да прави човек кога го нема она што го сака. Големите луѓе трпат големи болки, прават големи грешки, љубат големи љубови и губат, трпат големи порази и повторно градат свој свет - сами.

    Нема логика, затоа не ја ни барај. Едноставно пробај да сфатиш. Ти кажав уште на почетокот да се помириш и заљубиш во нешто пореално. Заљуби се во работа, во книга, град или земја, а не во мене. Не ме послуша и си дозволи јас да бидам твојот свет. Ме слушаше, се дерев и паѓав во несвест кога ги облекував глупавите фустани кои никогаш не разбра дека ми ги подари оној професионалецот кој беше моето се, и не се смени за мене. Ти кажував дека ми бил само отскочна даска, а знаеше дека лажам.
    Не се сменив за претходните, нема да се сменам ни за тебе. Од инат, затоа што го немам она што го сакам.

    Најдобро е кога не знаеме дека нештата се случуваат за последен пат, инаку кога би знаел дека токму вечерва е тој пат, срцето би ти препукнало, знам.
    Ајде да уживаме, бидејќи ноќта има две улоги.
    Да создава и враќа спомени.
     
    На Abeja, leighton23, Desert.Rose и 3 други им се допаѓа ова.
  13. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Дали само со мене е вака? Дали само мене ми се повторува животот? Никогаш не сум имала состојба која трае повеќе од 48 часа. Ако сум среќна два дена, останатите денови во неделата сум тажна, сакам да пискам, да викам, да скокнам со падобран или банџи. :rofl: Едноставно, да направам луда работа која би ме расположила. А денес? Среќна, разочарана, замислена, изнервирана, напуштена.
    Солзи ми навираат на очи, но не можам да ги пуштам да потечат. Посакувам сестра ми да е овде, да ме гушне и да ми каже дека се` ќе биде во ред ;( , дека утре ќе се смеам, да ми уклучи филмче и заедно да плачеме и да се смеееме. ;( Сестричке, не верував дека вака ќе се чувствувам без тебе. Мислев, се` ќе биде подобро. Ќе нема кој да ми смета се` до два часот наутро, ќе нема кој да ме буди во четири, ќе нема кој да ме кара, ќе нема да се нервирам за ништо. Е не е така. Подоцна ќе разговараме, но не е исто како да си овде до мене. Ах, да можеш да видиш зошто плачам. Да можеш да ме искараш, да ми удриш плаканица, дури и тоа би помогнало. А сега? Не можам да ги сопрам солзите, не сакам со никому да разговарам, а и да сакам, не можам. ;( Нема да ги кријам солзите од тебе, не. Колку и да сакам да се измијам, да се нашминкам, да пуштам рок или рнб музика, не можам. Срцето ми ги бара овие тажни песни. А мозокот? Хех, да ти се пофалам, тој е на одмор. Сигурно ќе се врати на 25 Мај. Тоа го знам. А може и подоцна да се врати... Во Понеделник или Вторник можеби нема да добијам прегратка кога ќе се вратиш, но ќе сториме нешто во врска со тоа. Ќе си пуштиме филмче ние, ќе ги слушаме "твоите" песни.... Ајде, врати се! ;( ;(
    I miss you more then everything my dear. :*
     
  14. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.826
    Хаос, хаос хаос, три пара нови обувки во миг на импулс, профитерол и лимонада, флерт преко жице, облаци и сонце.
    Си купив штикли. Ај што се штикли, туку се жолти.
    Не престанувам да се себеизненадувам.
    Научив да печам карамелизирано пиле до совршенство.
    Му праќам ишарети за Џурџевак зелени. Не сме арни, знам. Од друга страна, Петар Пан ми пее песни заспивалки.
    Отворивме сезона со моја пичола, џус во парк и едно кутре ни правеше друштво додека мекнеевме ко стопени трилечиња по тревата. Убав и еден е овој живот. Се завладеав себеси во ново чувство, истовремено ми се радува срцето што следи нов период на свежина. Свадби на секој ќош. Гушкања на ќошиња уште повеќе. Облини и труднички мешиња насекаде, и јас како споулавена ги галам и им зборувам на малите беблаци додека тропкаат со ноџињата внатре кај мамите, со чекор на сонувачи. Забегувкам тотално, ама ме фатила некоја пролетна еуфорија што си го мазнам секое зрнце немир, си го галам телото полно несовршености, си возам точак и конечно го научив дождот прописно да ме бања, како дете во дрвено коритце!
    Тој ми вели дека сум магија.
    Јас велам дека магијата е кога нема магија и брцам прст во еклерот. Си се радувам на секој нов научен измислен збор со патека до најсвежите детелинки. Да се биде дете и девојка и жена е како трипл сек - коктел бесмислици што секој ден нешто ново те учат.
    Падна отворен договор за роудтрип до Виена кај Веки. Ако испадне, ќе се радувам. И да не испадне, ќе се радувам, и ја водам даде во Милано на филхармонија.

    And, the best - Aerosmith, wait for us, we're jaded to see you!
    Пролет... Задоцнета но прекрасна. Жолта ко моите оса штикли.
    Цмок.
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_2835.JPG
      IMG_2835.JPG
      Големина на фајлот:
      106,8 KB
      Прегледи:
      585
    На ozbilnazena, imelda, COollLady и 14 други им се допаѓа ова.
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    100.623
    Пол:
    Женски
    Велат секоја жена е болна по чевли.Особено кога ќе ве повикуваат од излогот...а ти застанеш ,фино го излигавиш стаклото,собереш храброст и влезеш,ја местиш насмевката и со милно гласче ја прашуваш продавачката за број .Климнувањето со глава значи дека можете да преминете на другото прашање а тоа е цената.Е сега,при спомнувањето на истата добивам блага вртоглавица,ама храбро се држам.Уште кога фино ќе ми легне чевелот на стапалото како отсекогаш да бил тука,дилема нема.Тоа е тоа.
    Е сега како да го обработите мажот да му ја испеглате картичката?Стартува фаза на додворување.Тоа ви е она кога еднаш милно ќе му трепнете.Не ме регистрира.Пробувам со двојно и тројно трепкање ,доволно суптилно да не биде нападно.Ама шипки.Е тогаш преминувам на рафално трепкање со надеж декаа овојпат мојот обид ќе в роди плод.Да вроди,толку сум заводлива што го успав човекот.Ама нека ,ќе го чекам да преспие а потоа следи последната фаза објаснета на сликата подолу.
     

    Прикачени фајлови:

    • 4YM47sD.jpg
      4YM47sD.jpg
      Големина на фајлот:
      130,5 KB
      Прегледи:
      558
    На senza.parole, imelda, sweet-cherry и 17 други им се допаѓа ова.
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.469
    Допаѓања:
    91.840
    Пол:
    Женски
    Кога фали само капка за да ја прелие чашата, не е ни битно која или што ќе биде последната капка.
    Не можам да прифатам дека не е жив, дека не е меѓу нас. Повеќе не ме ни влече одењето во мојот омилен град. Не можам тие луѓе кои поради него сум ги запознала од нашата лоза, а се 13то колено да ги гледам како роднини, уште помалку да го заменам со некој си 15ти братучед.
    Ми пречи и што тие "братучеди" не се јавија да изразат сочувство. Најмногу од се ми пречи што едниот му се јавува на дечко ми, не на мене за работи поврзани со фамилијата. Дечко ми не е дел од мојата фамилија, нит им е братучед, нит им е сеуште зет. А и да им е зет нема зошто него да го прашуваат за фамилија уште помалку да му изразат сочувство за човек што го знаел 3 месеци.
    Лоша сум била, злобна сум била, па што да правел тој што луѓето го почитуваат?
    На тие прашања колку и да го почитуваат тој е тој што треба да им каже каде да се јават, а не да дава одговори.

    И да, кога некој прави нешто за мое добро, добро би било барем да ме праша дали воопшто го сакам тоа добро.

    Можда кога ќе се исплачам и ќе ми помине. Најверојатно нема.
     
    На senza.parole, leighton23, Sexybaby86 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Fridas

    Fridas Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    205
    Процедура виза.
    чекор 1. Чекирај се пред амбасада (тој и тој се чувствува возбудено)
    чекор 2. чекирај се пред амбасада ( тој и тој се чувствува среќно)
    чекор 3. сликни се со насмевка умниците да ти се видат
    чекор 4. Постирај на фб статус visa approved!!!
    чекор 5. Сликај го ливчето (она розовото од амбасада што го даваат) за да ти веруваат дека си добил виза.
    чекор 6. чекај коментари , и одговарај со коментар фала срце и на твоја глава (!?)

    чекој 7. shoot me. shoot me twice!

    Ок, сфативме, сте добиле виза.
    ок. доста е.
     
    На senza.parole, duffi и Tikvice им се допаѓа ова.
  18. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    богами јас ако би ја добила визата, сите чекори ќе ги направам и уште еднаш од почеток ако треба :D
    Со сите ќе ја споделам среќата :D

    Зошто ви смета кој што постира на фб? Негов/нејзин профил/ѕид, нивно право што ќе прават и постираат. Па и фб е за тоа, постирање и споделување. Ако ми не одговараат нечии постирања и смарат со честите постови, а не сакам да го избришам од пријатели, едноставно само го скријам од њуз фид. И не се нервирам ;)
     
    На imelda, bittersweet, Elena69221 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.299
    Допаѓања:
    158.202
    Како е можно уствари јас да сум полесна,а да изгледам подебело? О.о Другар ми ми кажа некоја фаза од процесот на слабеење со карирано име што не го запамтив каде изгледаш подебело, а уствари си полесна и дека тоа е првата фаза од вистинското слабеење. Оооок...хм. Ај да видиме.

    Луѓе кои имотно ги обезбедиле родителите од игла до фрижидер, се молат да не умуваат многу за тоа како се заработува и стекнува. Глава почнува да ме боли oд клише заклучоци, како некој сега да ми каже дека земјата се врти околу сонцето... И животна фасцинација ми се луѓето што со сила сакаат да придадат значење на нешто толку очигледно. Баба ми има поедноставна логика и разбирање, од некои луѓе кои кога ќе кажат нешто што би требало да е нормално и логично, го доживуваат како врвот на нивното размислување. Па ти оди онака да ги погалиш по главчето и да им речеш, ооо мило, па тоа главче само за коса носење служи. :(

    А мојата коса денес сплетена и се качив на точак да го пратам трендот. Па и баш романтично, со него, меѓу пердувките од тополите во парк. У ...сако... демек офис, ама онака кул сме брате, точаци возиме. Абе... по два шамари да ни мавнеш, да не знаеме кај сме, циркузи.

    Повеќе од извесно е дека нечии куфери ќе се пакуваат на подолг период, а тоа се мои. Не знам како се осеќам, уште срцево ми вика абе немаш довршено тука нешто...ама... шанси,животни...

    Кога ќе се сетам какви работни денови ми следат, се ежам. Ама ајде...

    Лека ноќ Македонијо.
     
    На Trnche, Ariel, Sexybaby86 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Драг желудник,драг хепар,драг панкреас,најдраги црева ај да ве замолам да се научите сами?