Скд сум сиромашна за многу, а не за малку! Дошла една баба од Америка,патем не ме видела 20 години и на ќеркичкава и донела секнд хенд смрдливо фустанче, буквално смрдеше,кој знае од кој кварт го извлекла! Подобро дај и едно лижавче,или не мора ништо важно е да се видиме и направиме муабет, но не ме потценувај со вакви с.....ња ! Можеби немам за екстра скапа облека ,ама за солидна имам и моето дете никогаш не било подоле од нејзините внуци! Ја однесоа моите да ја видат и им рекле "не ја замислувавме вака внуката"... А како сте ја замислувале, парталава? Па уште се чуди што знаеме англиски, во Африка ли живееме? Фустанчето ќе лета во канта,ама и моето почитување кон неа!
Цела вечер седам на лаптопов, пуштено фемина, фејсбук и јутјуб. Слушалките приклучени на лаптоп, песниве си вртат еден саат и гледам Secrets од One Republic. Си викам еј сум се запишувала на фејсбук, не сум ја слушнала песнава. Сега сфаќам дека музиката е пуштена еден саат и дека дури ниту слушалките не сум ги ставила на уши #одјава од Крофничка за вечерва
Честитки, со здравје да се служиш со возачката. И јас 3 пати паднав сега треба пак да закажам ама само одлагам од страв да не паднам пак.
Здраво девојки! СДК дека после 2 години се враќам пак на форумот, под друго корисничко име. Со оглед на тоа што свртев нов лист во животот, сметам дека тоа заслужуваше и нов профил (а и секако не би сакала да се навраќам на минатото). Почнувам од почеток. New me, new nickname Се надевам ќе си се дружиме пак, ми недостасувавте
Јас не можам да го сватам овој народ. Месеци, години наназад имам прочитано од погрди до најгрди зборови за нашиот фудбал. А во последната недела се подобри и подобри зборови читам. Кога губеше вардар ги навредуваа фудбалерите, ги нарекуваа дрва а сега кога победија значајни натпревари одма се најдобри. Накаде дува ветарот натаму сме и ние. Нели кога навиваш за некој клуб сакаш го и кога губе и кога победува, а ова Македончето изгледа знае да сака само кога победува. Нека им е со среќа на вардарци па да не израдуваат уште повеќе.
Сѐ повеќе се намалува бројот на моите пријатели кои не се во брак. Ако пред две години дваесет од нив беа сингл, денес се само осум. Иронично е што повеќето од нив се колнеа дека нема да се венчаат, а го сторија тоа во рекорден период. Се надевам дека таа одлука ги прави среќни. Се надевам, затоа што оттогаш не сме се виделе за да поразговараме околу тоа како им е. Од друга страна јас сум сингл, и воопшто не ми пречи тоа. Но, она што ми пречи е чувството на осаменост. Стравот дека и моите тројца најдобри другари ќе го сторат истото, иако сега за сега го делат мислењето со мене, дека бракот не е дефиниција за среќен живот. ..Се плашам дека еден дождлив ден ќе седнам на клупата во паркот, и дисоцијативно ќе гледам во празниот пејсаж каде ќе стоиме само јас и моето сеќавање за сите ветени планови од "to do" листата... Веќе неколку дена ми се вртат чудни прашања во главата. Зошто сите брзаат да ја исполнат брачната должност? Зошто дури и по цена на незадоволство, го кажуваат судбоносното да? Што очекуваат, и како е можно тоа да им претставува животна контемплација на 25 години? Клаустрофобија ме фаќа од помислата дека секој ден ќе се будам до еден ист човек, во една иста просторија, ќе бидам родител на дете кое дефакто бара одговорност. Премногу сум саможива јас за таков lifestyle. Aрно вика мајка ми, за тебе сѐ само пештерата, книгите, фрижидерот, и повремените карти за патување низ светот.. И во право е.
ista situacija i kaj mene samo so kaj mene nema vencani.Drugarka 8 meseci vo vrska 3 pati dali sme ja videle za toa vreme ovaa drugava zbori za nea kako sekoj den se gleda so decko i deka kako ona bi se gusela so decko i ako taka on i pravi ova pred 1 nedela go kaza sea tipkata sekoj den se gleda so nego bukvalno sekoj den uplati duri i 2 odmora so nego ovaa ide so nejziniot 2 meseca.Katastrofa covece da veruvas deka srekata ti zavisi od 1 edinstven covek i deka vez nego si nisto ... e toa mislenje mi e za greota
Во последно време приметувам на форумов,како машки се зачленуваат како женски,и веднаш ги оптеретуваат темите за (секс),па добро бе толку ли сте удрени во глаата,дека се познава дека сте машки?па одма почнуваат,да пишуваат по профили на машки,тројки,четворки,чуда некој нераеални понуди.Мислам стварно е глупаво и ступидно,кога ке ве удрат хормоните пуштете порнич завршете работа,и баталете вакви глупости.
И мажите и жените подеднакво сакаат секс, пари, моќ, љубов, внимание... Ми се лоши ко ќе чујам мажите сакаат само ова а жените само она
Ај да си се пофалам. Примена сум на факултет. Поточно знаев дека ќе ме примат ама денес официјално знам. Да ве почастам
Пред некоја година беше најголем хомофоб што постои. Плукаше по хомосексуалците, ги навредуваше, сакал да ги тепа, му се повраќало... а денес споделува за поддршка на ЛГБТ заедницата, споделува видеа од хомосексуалци дека никој не ги разбирал, ги повикува луѓето да се освестат. Зошто одеднаш се промени човеков? Затоа што неговиот роден брат јавно призна дека е геј. Од една страна си викам добро е што барем имал човечност во себе па го прифатил брат му, а од друга стрна си викам зар требаше брат му да признае дека е геј, за да сфати дека секој има право да прави што сака со животот? Што ако брат му беше стрејт? Уште ќе плукаше и ќе му се повраќаше од хомосексуалци? Уште ќе кажуваше кој како треба да живее? Денешниве луѓе не си ја гледаат гредата во своето око, туку ја гледаат раската кај другиот.
Сакам да кажам поздрав до сите оние кои се таму осамени. Да знаете само дека не сте единствените. Cheers:
Ме примија на факултет и тоа прва на списокот Не знам дали тоа е успех со оглед на тоа што на мојот смер има само 6 запишани Ама сепак радосна сум Да ве почастам зошто овие денови само добри вести ми стигнуваат, пу пу, да не се урочам Друго, не толку добра случка на која бев сведок. Седиме со другарка денес во еден кафе-бар и до нас седеше еден постар човек ама не беше нарачал и дојде келнерката, 20 годишна, да не речам мочла, извинете на израз, му кажа на човекот да си оди. Он само и кажа "Вие сте мизерија", стана си отиде човекот и си влезе во неговото Ауди...Не можам да претпоставам како се е почувствувал во тој момент. Не знам како некои немаат осет за срам На 60 годишен човек да му кажеш да си оди зошто нема нарачано, значи дно дна... Можеби човекот е бил некој бизнисмен или не знам, не е битно што работи, постапката беше катастрофа. ДНО!