Кога сум со луѓе опкружена, се што посакувам е да сум дома во собата, стуткана со кафе или чај гладајќи некоја серија или филм. Кога сум сама, се што мислам е дека требаше да излезам во чаршија и дека овие другаркиве не ми вртат ме одбегнуваат а нема врска. Понекогаш си се чудам самата себе каков чуден човек сум
Колку беше вчера посебно. Дожд цел ден, ќебе и топол чај. Филмови гледање цел ден и излежавање по дома. Милина. Не дека се жалам за денес, но ми фалеше такво време, кога сакаш во ќошот на креветот со лаптоп пред себе цел ден да го поминеш. Сонцево некако ми здосади, ги сакам есенските алишта и мирисот на улиците после дожд. Навечер да излезиш, тишина, нема луѓе кои брзаат некаде и се да е бучаво. Да можеш да си ги разбистриш мислите и да уживаш во ноќта.
Денеска денот депресија, а ништо конкретно не ми се случи. Сакам да одам некаде сама една недела сама во тишина, со книга и да си посветам време на себеси. Помеѓу детето со свои потреби, константно трчање по доктори и маж комплетно преокупиран со нешто друго се осеќам невидлива, јас како личност, не како мајка, жена, домаќинка...
Сакав да ме остават на раат да здивнам, па ми се качија на глава веќе, вистина..барем пола саат, малкуцку, да бидам сама со себе....и..бидна, ме оставија...ама оваа со мене досадна...уууууу....незнае што да прави сега
Споделувањето на приватноста никогаш не било мој стил на живеење. Не дека немам што да кажам, туку тоа што ми се случува сакам да го задржам за себе како дел од мене. Не очекувам помош и не ми се потребни совети. Никој не може да ми помогне како што јас можам да си помогнам, знаејќи ја најдобро ситуацијата. Никој не е во мојата кожа за да знае како се чувствувам. Си ја сакам интровертноста затоа што ме научи на молчење и таинственост. А перидов ми е толку тежок што не знам како успевам се свое во себе да соберам и да го влечкам товарот како најлесна вреќа. Понекогаш и тоа не е добро, ама не можам поинаку. За среќа и маската на лицето преобразена во насмевка успешно ја носам до степен што во очите на другите оставам впечаток на среќна личност. Колку таа сака да ме дружи само јас знам. И ми годи сликата што ја создавам пред другите. Таа е таква каква што јас сакам да биде, а не каква што некој посакува да ја види. Многу измешани бои ми се разлеани во душата...
Вчера имав прилика да се изнагледам секакви типови на луѓе. Од фини мајки расположени за разговор,до идни колеги кои практично беа изгубени во пополнувањето на документи.Запознав еден и многу љубезен дечко (иден колега) ако сите бидат како него,факсот ќе биде песна. Се на се позитивно искуство (со исклучок на гужвите во студентски прашања)... Не можам да дочекам да почнеме со факсот. *** Се чувствувам одлично, далеку подобро од пред неколку дена.Сонцето доаѓало после дождот. Имајте убава вечер...
Кога ќе биде потребно за нас, Бог ќе ни испрати некој во животот. Бог ги знае нашите планови и мисли, сите ние сме сопатници во животот. Модератор: Не пишувајте со големи букви.
Mini Luna Park vo gradot, mnogu blisku do kadesto ziveeme. Namenet samo za mali deca, inaku ke se kacevme na kolickite da se tumbame XD Haha!
Што се може во еден ден да се случи... Будење. Како гром од ведро небо да ме разбуди од комфорот во кој се бев привикнала.. И сега ... трепет...чудно чувство,почеток на нешто ново. Се прашувам дали ова го сакав, дали ова е патот по кој треба да одам..Тука запирам со анализирање и го оставам времето да покаже.
Абре луѓе што е со неваспитаниве деци? Они можеби се тревки мали, а вие родители? Роди теле ама научи го. Бев на одмор на плажа каде има македонци и срби. Децана кое од кое полошо. Мали хитлерчиња без брк. Не е само роди го бре луѓе. Уште нешто, не знам што може да расипе романтика повеќе од неконтролисано јадење, стрвност која е всушност пурјачење, и сало што се собрало од зимата. Можеби веце шолјата после ова...
http://fremonttribune.com/gallery/p...n_4a053e77-5018-5585-9ed9-c3ce6d9a7f8e.html#1 Што и да правите, ве молам застанете за момент, отворете го линкот и обрнете внимание. На денешен ден пред 20 години почина оваа златна жена. Замина жената со добра душа но лоша судбина. Без разлика на тоа што била принцеза, не значи дека животот и бил мед и млеко...не и бил воопшто. И затоа барем денеска наместо Кардашијанс, да и оддадеме почит на принцезава.
Се прашувам зошто некои луѓе не сум ги запознал порано. А некои пак подобро ќе беше воопшто да не ги запознаев. Но сето тоа е дел од играта која ја играме наречена Живот.
Се изморив од тоа да организирам средби. состаноци, собири, глупости за во последен момент некој да менува план и приоритети... Се изморив...
Имам потреба од тебе, секоја ноќ се будам и имам празнинс ми фалиш. Сакам како и тогаш гушнати да спиеме заедно а не како сегаа одвоено ми Фалиш ужасно ни фалиш и на мене и на синко.