СДК нема потреба да мислиме и да се враќаме во минатото бидејќи сигурно има причина зошто не се враќа веќе никогаш. СДК2 кога Бог ни затвора една врата, друга ни отвора. Лека ноќ.
копирајќи ги другите,далеку сте од уникатна персона. сестро со тоа дугометржско озборување не се успева во живот,незнаејќи етикетата "алапача" од далеку ти се познава.
Не е убаво човек да е опседнат со нешто. Како што јас во последно време со натпреварот по физика и кошарката. Не можев ниту да спијам. Секогаш кога ќр помислам ми доаѓа да скокнам или вреснам. Мислам дека ќе пукнам. Туку, многу се досадни наставниците со тоа екстерно тестирање. Секоја втора реченица им е за екстерното, за прашањата од екстерното, за тоа како (не) е во ред, за минатата година и колку добро поминале слабите ученици тогаш...
Убаво е да се разбудиш кога сакаш и надвор да има сонце и птички. Уште дечко ми ми фали да ми мрчи наутро и се ке биде совршено.
Што би рекол Цацко.......пу, ј`к бе, завидлук Се мислам дали мене нешто ми фали или на женава, онака најсериозно колку треба да си забегана за да завидуваш дека моите деца биле весели, seroiusly?????, сеуште онака не можам да и се изначудам, што се немам видено и слушнато во животот ама ово сериозно е најчукнато нешто што сум слушнала. Со наместена насмевка, по фејк здравје.......еј кажи ми ја тајната како ти се вака весели нонстоп маливе, пу, пу да ги се*ат кокошките , е ај зини да ти кажам да те се*ат тебе кокошките. Нема тајна, така си се родени, весели, со насмевка од 0 до 0 Што да и кажам на женава, зарем како родител не знае дека на детето му треба внимание, љубов и ќе си биде весело, ако ти фаќа устата цел ден пења од зборување, пеење, ако седиш во кичмокршачки позиции да да може малиов да му чита на помалиот и на бебето во подготовка додека му читам нему, ако не им се дереш цел ден да не фаќаат со валканите прстиња насекаде, имаш трпение омилената им песна и по 1000 пати на ден да ја слушаш, децава ќе се весели. Што да кажам весела (луда ) мајка, весели деца. Матео од кога му кажавме дека ќе има уште едно братче/сестриче му збори на братчето во мешото, кога го слушнав првиот пат дека збори со братчето му викам да си го гризне јазикот ( мама сака ќерка) ми вика: Silly мама, зошто гризам јазикот, ќе ме боли, во право си е детето сили мама. Не дека кажав нешто паметно туку ете нешто сакав да кажам, ај да ве поздравам со најомилената песна на Конта моето мало мињонче , само си пее ба, ба, ба, ба, песнава 1000 пати си ја слушаме, па како нема да бидат весели децава http://www.youtube.com/watch?v=-SINPbD9M_c
Вчера бев во посета на еден наш манастир. Си поминав преубаво. Како да бев во друг дел од земјата, како да си во некое место од приказните. Поинаква енергија, поинакви луѓе... Се дружевме со калуѓерките. Колку само беа весели и љубезни. Им се восхитував. Надвор од секоја шема за поимот жена.. Секој ден со истата гардероба, неоптоварени со шминки, фризури и депилирања, без физичка љубов кон маж, секојдневието им е воглавно исто....а сепак толку насмеани и ведри. И многу мили во гласот. (барем оние дружељубивите со кои се подруживме малку при посетата)... На патот за назад си правам споредби во глава: колку сме оптоварени со физичкиот изглед, дали фармерките ми го прават газот убав, дали градите ми се убаво напрчени, мачкање со сјај на усни на секои 5 мин., шопинг, мобилни, фб, убави излози, згодни типови по улица, оговарање...ооооо....па крај нема....и пак незадоволни !!!!!!!! Со сила си го комплицираме животот и живееме во незадоволство и јад. А, може да ни биде многу поинаку.
Оној момент кога ќе му пишеш 'Абе шо ќе иаме информатика на тест' на убав дечко место на другар ти. П.С-Исто име имаат. П.С 2-Awkward. П.С 3-Ајт у пичку матер,отиде више. П.С 4-Ај барем да беше од Македонија.
Сакам да кажам една случка од селебрити личност која може на секоја од нас да и се случи во реалниов живот (или можеби и се има случено), од која навистина ми се гади. Сите имаме вакви блиски личности, најдобри другарки да ги наречам, кои и тоа како може да не повредат како никој друг! ДА, да, убаво читате , најдобрата другарка и мене ми има забиено нож во грб, ако де, на чест и служи. Гледај некој од горе се. Само сакам да знаете колку мора да бидете претпазливи со нив.- посебно вие тинејџерките, кои по цел ден го минувате со нив '' Пред само неколку денови Кети Прајс објавила дека е бремена и дека го чека своето петто дете со сопругот Киеран Хајлер. Меѓутоа, на нејзината среќа и дошол крајот откако тој ја изневерил. "Жал ми е што морам да го кажам ова, но јас и Киеран се разделуваме. Тој и мојата најдобра пријателка Џејн Поутни имале сексуална афера 7 месеци!", порачала британската ѕвезда на Твитер.'' Имајте убав ден лејдис
Дали е можно да сум толку многу малер? Правевме тест по математика,денеска ни ги даваа.И баш мене 5 со 99 бода. Правевме писмена македонски, 5 само со 1 грешка. Одам да си купам смоки,мислев дека имам 10ден,а јас сум имала 9.Пак за 1.. Абе ова само може мене да ми се случи бе!
Горде, штом имаш некој сомнеж, еве јас се пријавувам за детектив. Има да истражам со точност од 99,9%
Се гради увелико, мислиш цел народ македонски под перница по 50.000 евра крие, па после кога не се продава, ваквите НИ ВРЗУВААТ МАШНИ!!!!!!!!!!!!!! ЛУКСУЗ: Еден човек го купил цел последен кат од првата кула на Џевахир во Скопје? извор:http://faktor.mk/archives/104593?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=luksuz-eden-chovek-go-kupil-cel-posleden-kat-od-prvata-kula-na-dzevahir-vo-skopje# ова како Полат што ќе купел стан во Џевахир...пукнал некој во галиите на пресушен вардар да гледа!!!!!!!
пред малку прочитав дека се ослободило едно местенце за legall english и сум супер срекна заради тоа правна терминологија ке ми биде добредојдена-се надевам дека ке се вклопам во тоа
Многу намени:се додава во леб,погачи,салати(само сончогледот или во комбинација со други семиња,како на пример ленено семе)дава прекрасен вкус. Да не заборавам,да....и кога јас грицкам сончоглед-нелупен,а ќерка ми ме гледа и бара да и лупам,што мене не ми оди во глава јас зрното од моја уста во нејзина да го ставам)и давам од лупениот сончоглед. Доволно е ?
Здраво Тивко нешто денес на форумот. Јас еве читам што има старо-ново,пијам кафе и си сонувам преку ден. Утре ќе го видам тој дечкото за кој што ви зборував. Се осеќам како да имам 13 години,не се чудете ако ви отворам тема со наслов ``Heeelp-како да не паднеш во несвест пред него.`` Вчера и денес бев на сите можни ритуали на разубавување. И сто пати си замислив како се` ќе изгледа,така што има голема шанса да зафркнам нешто,да се сопнам и паднам,да се утепам од зборување или скроз спротивно глас да не ми се слушне. Ќе ве известам како сум поминала,а вие држете ми среќичка. Е така,сега одам пред огледало да вежбам заводнички поглед и кажување здраво. (се зафркавам )