Можам да понесам и празен куфер и празни соништа. Кога ќе го отворам таму каде што сум ќе видам или светлина или мрак. Се зависи колку сум храбра да го отворам куферот кој тежи кила. А соништата празни свесно несоочена со нив...
Сдк, убаво е кога животот ќе те научи на трпение, па кога нешто не ти иде само посматраш и му го најдеш начинот да го поправиш. Се осеќаш како master!
1 ви септември. Денот што години и години наназад го сакав од се срце и душа. А дојдеше 31 август јас не спиев, легни легни да помине време да се наспиеш за првиот училишен ден ама пуста возбуда ме држеше до 3 сабајле будна и еуфорична, си велев "ајде нека дојде 7 нема потреба од одспиванка". Најмногу од се се радував кога деновите пред 1 септември ќе одевме со мајками да купиме ранец, прибор, тетратки, украсна хартија за книгите, налепници, нова маица, фармерки, патки и јакна... Времиња.. Ќе се вратев ќе стуткав се на небесното плавото биро, ќе налепев тук таму постери со млади бунтовници, ќе залепев распоредот над бирото и се уредно ќе испишав, средев и книгите ќе си ги увиткав со мајка ми. Кога еуфорија тоа само беше ... Абе со итање нозе ќе скршев дури не појдев.. Се сеќавам еднаш како другарками од толкава возбуда тргна со гумени влечки па се враќаше од сред пат од живи срамови. А задолжителен беше букетот од дворски цвеќиња за мојата нај учителка како подарок од баба ми за првиот школски ден .... Колку само со емоции и чуства го доживувам секој септмври.. Никогаш нема да заборавам на свежите топли септемврски денови кога после школо собиравме диви костени за игра во двор, па учење, пишување домашна и задолжително малку поминато време в двор со маалските другарки. Тоа беше живот, исполнет живот и доживљај на векот! Колку само носталгично, спокојно и емотивно се сеќавам на сите есенски бои во мојот крај, на мирисот од компот и слатко низ маалските гаражи, на свежиот пипер и ајварот на ексенцијата од туршијата, биберот, пинџурите.. На миксот од бои додека чекорев за кај мајка пред само некоја година, претпочитав сама наместо една улица да преминам 3, сама .. да разгледувам, да си барам мир низ тие есенски пејсажи, колку тоа ми беше топло во срцето, имав скриена еуфорија, среќа и срце што најсилно чука! Есенските свежи денови поминати на кафе во 9 сабајле со маж ми, додека сонцето скришно ѕиркаше, муабет и едно кафе ми ги отвараше портите на неверојатна смиреност и убаво чуство.. Екот на дечињата, на ранците.. на фустанчињата, на беспрекорноста септемвриска идила.. Толку убав живот, исполнет со вистински вредности и емоции до бескрај! Тој мирис на компотот од дуњс и свежите кроасани со тазе мармалад на мајка и баба никогаш нема да го заборавам. Носталгичноста, меланхолијата на доцниот октомври и ноември, студот кој пиркаше од мојата тераса додека седев во огромен џемпер од маж ми и пиев какао, го чекав и спокојно чекорев сама во животот, уживав во малите нешта, шољата топло зачурено какао и те како ми ја смируваше душата, тој свеж ноемвриски воздух и еуфоријата за снег и нова година.. никогаш нема да ги зборавам, а всупност сваќам дека суж уживала, сум влечела максимумот и сум се успокојувала и среќна сум била од сите мали нешта, од сите годишни времиња, од секој прост и смотан момент и секој изживеан ден! Мечтаам за тој еден ден кога ќе можам да ги вкусувам пак сите тие прекрасни нешта, што би сакала исто така да го гледам во моето дете како расте и влече максимум од животот, се радувам и ги доживува сите така мали а енормно слатки нешта од животот!
И навистина животот можел да се спакува во 2 куфери. И ги затвораш и си одиш. Од онаму каде веќе не си добредојден. А спомените ги оставаш. Не ги земаш. Нив нека им тежат. Нив нека ги прогонуваат. Од спомени не се живее, од љубов не се умира.
Мислам дека сум единствена што сака да поминува времето дали од сегашново расположение ама се некако проблеми па многу би сакала да видам како ке биди некаде таму после 30г. Ќерками во пубертет проблеми со диоптер кој расти, малото со терапија ќе видиме до кога, маж ај да неречам лош ама акција никаква мислам во животни прашања се некако абе аман и си седиме така не дека нешто можи кузне шо да се напрај ама барем да мисли. Ај да зирнам барем едно 30 години напред како ке биди. Здравје прво на децата само то сакам па после мози и едно мало мало куќиче за мојата фам.
Ete samo sto kazav deka vidov malku svetlina vo mojot temen zivot rabotite pak trgnaa dolu. E zasto? Zasto ne mi e sudena srekata mene? A ke receam ok e denes, posle eden saat pak karanici pak edno isto. Smaceno mi e veke! Ne gi mozam! Po bezobrazni luge od niv ne sum videla! A baska i bolna sum so temperatura i jas i maloto. Ah tesko mene koj zivot sum imala. Ama nikoj ne e kriv, samite nie si ja kroime sudbinata
Мракот може да те закопа подлабоко и душевно, но храброста и вербата можат да те извлечат и од најдлабоките мрачни долини. Само ако се следи светлото на крајот од тунелот. И кога ќе излезеш светлината ќе го осветли твоето тело, ќе се сакаш себе си а и другите околу тебе, можеби нема да е се како подмачкано барем мракот нема повторно да тропне на твојата врата.
Значи најмногу мразам луѓе со кои нашиот разговор се состои само од прашања од нивна страна.Најчесто со машките,1000 прашања и плус не остава простор јас да прашам нешто.Од друга страна ме фаќа страв за оваа средно а планирав да немам ни срам ни страв,се тешам со тоа што најверојатно само неколку месеци ке останам таму.
Да ми је само знати што се толку интересни овие Џорџ и Амал Клуни што ги следат на секој чекор Џорџ и Амал на романтична вечера 6 недели по породувањето на Амал, Џорџ и Амал на романтична прошетка низ Венеција, Џорџ изјави дека е тешко да се стане татко на 50 години, Џорџ научил да менува памперс и сега сите се многу среќни поради тоа Да, верувам дека тој менува памперс имајќи седум дадилки дома Good luck на дадилките, ќе ги остави без работа
Никогаш не го сакав премногу 1ви септември. Не дека не сакав да учам, ама секогаш ми носеше некоја трема и немир во мене. Од секогаш сум се двоела во класот, јас немав да кажам кај шетав летово, јас немав да кажам што си купив, затоа и си ќутев. Имав другарки и основно и средно со коишто и ден денес комуницирам , ама кога ќе сумирам никогаш не се почувствував 100% прифатена од сите. Дали беше тоа вистина или е само во мојата глава ... ?
1ви септември септември.... Ученици СРЕЌНО Јас, официјално со беџ од фирмата I got a job Happy!!! Не е по струка, но солидна плата, ми одговара... И додека моите другарки шетаат низ Прилеп, чекаат работа, седат по паркови секој ден, се сликаат за на фб, инстаграм, ја покажуваат гардеробата, јас се преселив и работам... Се надевам го избрав правилниот пат. Имајте слатки сништа.
Бевме денеска до едно продавниче со беба да купиме овошје. Меѓу полиците со овошје и зеленчук ставиле и свеќи ко во стаклени чаши нешто и ќерка одма им се пушти и дури ја фатам турна една на земја и се скрши. Собрав стаклото, им се извинив и реков ќе ја платиме не е проблем ( $1.80 беше цената ). Испазаривме што испазаривме и одиме на каса и едната продавачка и вели на другата обавезно да ја наплати свеќата ( на шпански мислеа дека не ги разбирам ) . Ги скенира производите и и велам, ја наплативте и свеќата што ја скршивме така? Вели да, да. И плаќам сметката и и велам, а кај е свеќата? Ааа, се збуни, сега ке ви ја донесам. Епа ако вие можете да ми наплатите една свеќа од $2 така имам право и јас да си ја земам.