Листам инста сторис и се прашувам, ај да си средно без 18 години, ама да си магарица у доцни 20ти и да се снимаш како нетокму како позираш со главата со која ја мрдаш ко паркинс да имаш па успат даваш заводливи погледи, па и музика у позадина...мора нешто да ти фали. Реди колку сакаш уши, муши, шепи, цвеќиња, апликации врагови, глупо е и тачка. Ако и се смееме на Мелита и Лила, онда за обичниве ич муабет да не правиме...
Izmorena i vcrveneta v lice, bevme na grozdober na nasata niva. Ugh, na momenti i ne zavrna, no se se zavrsi dobro.
Жими се, коа ќе пораснам сакам Иван Исцелител да бидам. Да си лапам парички и да си ја ладам, додека пола за месија ме сметаат, а другата пола за ретарда. А ја уствари да сум генијалец со познавање од човечката психа, и само да си климам со главата и да им го правам филмот на оние кои ме зезаат по социјалистичким мрежама, оти ми прават бесплатна реклама. Али нече среча поштеног човека.
Некогаш, не толку одамна, размислував. Претерно.Манијакално. За себе и за луѓето. За постапки. Моите спрема нив, и обратно. Неретко бев тажна.Потрошена. Моите мисли не траеа минута,до две туку со саати. Што, како и зошто побогу? Анализи до најситен детал. Ако случајно се дава значка и се закачува орден, во случајов тогаш ќе ми доделеа за кралица на анализирање. И сега сум истата кралица, да. Ако не анализираш луѓе, туѓи постапки..тука се пак твоите. Емоции, желби вагонски ....
И во најубавите години од животот на жената лошите околности И еден маж, кој сама си го избрала, успеваат целосно да ја изгасат како пламен од свеќа... Се препушта таа на вртлогот на лоши мигови, На тоа што тој не ја сакал доволно, На тоа што животот ја камшикувал и повеќе од доволно Работите секој ден се повеќе се таложат на тој нејзин грб, кој веќе одамна заборавила како е да биде прегрнат А потребите, ете оние нејзини, интимни, емотивни ги посеала некаде, по улиците по не се сеќава дека минала... И нема миг да не се преиспита таа ранета срна, да не ги прочешла своите мисли, и гладот за љубов, нежност и страст, нема миг да не ја посети... И само знае дека веќе не може...дека погрешила кога се запоставила себе, дека погрешила кога заборавила дека е жена...пред тоа да биде борец... И само знае дека е време да биде сакана, да и се посвети некој, кој со поглед ќе го прекине тој магичен круг на болка... И во целата таа своја себеизгубеност, и внатрешна празнина, и душевно мртвило таа , ете таа што заборавила дека е жена, давајќи се целосно, заминува за миг од се... Заминува од она што и ја убивало самодовербата, заради што останала заспана , заради што престанала да биде заводлива, заради што заборавила да биде убава... Па старата самодоверба полека почнува да и се враќа... Се потсети таа дека е моќна жена која може се исто подобро, како мигот кога го запозна него...дека е сега подобра, помоќна и пософистицирана... И расцвета... расцвета со некој друг...расцвета во вистинска жена како што секогаш беше...
Пред неколку дена видов мајка со мало дете можеби имаше три четри години. Детето рече мамо, мамо сакам да ми ги купиш сите работи што постојат, а јас ги немам а мајката му рече брзо ќе ти здосадат, ќе ти купувам неделно по една работа Се сетив јас кога бев мала колку брзо ми здосадуваа работите. Им барав на родителите играчки и кога ќе ми ја купеа не сакав да си играм со играчката, одма ми здосадуваше. Таква сум и денес кога ќе добијам нешто што долго сум го сакала, одма ми здосадува.
СДК ... кога се' почнува да си доаѓа на свое, мислиш светот си го освоил. Годинава дефинитивно секојдневно носи само убавини, убави луѓе, позитива и причински убави моменти. Благодарение на тоа што конечно сум во свој баланс, опуштена состојба ... позитивна енергија. Привлекувам се' што треба и уживам во моментите ... во деновите бре луѓе! Убави денови да имате убави мои!
Тешко дека постои поголема глупача од мене...упорно и упорно ги повторувам истите грешки ко некоја ретарда.
Од утре се се менува.Денес се сретнав со една моја професорка.Прекрасна жена, ке ми недостасува..Ми кажа прекрасни зборови и многу ме фалеше аххах. Денеска огромна прослава која значеше крај.Се завршува за жал. Како ке поминам утре...се надевам добро.
На денешен ден е роден човекот кој ми е најголемата подршка во животот. Човекот кој ме научи да бидам добра личност. Кој е мојот најдобар, најискрен пријател. Среќен роденден најдобар татичко. Биди ни жив, здрав и најдобар.
Се чудам на самата себе.. Дали јас сум истата таа што бев пред неколку месеци? Ранлива, исплашена, наивна, не знаев за "НЕ".. Неверојатно е тоа што сега поминувам низ сите препреки со крената глава и цврсто на нозе.. Можеби ќе се сопнам, ќе паднам и ќе се изгребам, но јас станувам и продолжувам напред не обрнувајќи и внимание на раната која крвари.. Неверојатно.. Низ што се' немам поминато во животов кој главно се состои од проблеми, разделби, караници, солзи.. А имам само 17 години. И повеќе не се плашам! Сум имала многу судири со бедниов живот и секогаш сум победувала. Не знам дали имате читано, пред скоро една година во една тема побарав помош бидејќи за малце ќе се мрднев психички поради страв од земјотрес. А пред некое време поминав низ 1600 земјотреси. Страву, каде си сега, што те нема? Губитник си, а? Поразен си? И ве сакам луѓе. Многу ве сакам.
Изморена и исцрпена сум,. Потребна ми е забава, малку тишина, кафе, музика, добра книга и филм за да си ги обновам силите и да се наполнам со позитивна енергија.
Некои работи не се променуваат и си остануваат исти, само се менуваат луѓето. Како на пример темава. Иста си останала нејзината намена (да си се искаже човек комотно), само сега е побројна со нови ликови покрај старите. Сум се одвикнала да пишувам во неа, но ми останала потребата за еден вид ваква социјализација и комуникација на која бев навикната пред неколку години кога бев средно. За време на студирањето ретко наоѓав време за да пишувам и читам, осеќав дека многу работи сум пропуштила, и како што си минуваа деновите така дојде момент кога не отварав форум со месеци (ниту било кој друг), а камоли да пишувам. Некои навики остануваат дури и кога ќе созрееме како личности. Само што навиките тешко се забораваат дури и кога ќе се отстранат, па најчесто пак се враќаме на нив. Од некои навики би било добро засекогаш човек да се откаже (пушење цигари и грицкање нотки на пример). И така, убаво е чувството кога ќе се вратиш на „старото“ место, но сега со гледање на работите од друга перспектива. СДК, добро те најдов повторно!
Не знам зошто повеќето луѓе често знаат да си создадат слика за некој човек, позавајќи го само на изглед. Не направил муабет со него, не поминал некое време заедно, само 2-3 пати го сретнал по улица и така фино лепо си заклучил каков е. Грешка е ова...Најголема грешка... Некој може да ги има најтоплите очи и најпријатната насмевка што сте ги видле, ама да биде човек полн со омраза и злоба. Друг човек обратно, може да ја има најладната фаца, да изгледа самобендисано и кренато, ама да биде најдобар другар, со најдобра смисла за хумор, со најдобро срце. Пред некое време една личност ми вика: - Да ти кажам искрено, отсекогаш се прашував како можеш да се дружиш со Ивана.... Ја гледам на слики и си мислев дека е многу крената и недостапна за разговор...Ама бевме вчера на кафе со исто друштво, и всушост била многу пријатна и фина. Не носете заклучоци само по изглед, и не бирајте пријатели според облека и убавина. Се е пролазно...И изгледот ќе се смени, и убавината и облеката, ама карактерот и човечноста се тие нешта што го одбележуваат човекот.
Ми се причинува или навистина сме станале пречувствителна нација? Принуден си да ја ограничиш смислата за хумор, да не случајно навреди некого. Принуден си да голташ зборови во некои дискусии зашто некои луѓе се скарани со факти и аргументи. Принуден си да размислиш два пати пред да споделиш нешто на некој социјален медиум зашто се почесто ми се случува да ме избришат од Фејсбук по некоја објава со гласно изјавен став. Секоја критика насочена кон јавна личност мора да е инспирирана од љубомора на истата. Да се напрегам за да им угодам на сите, не планирам. Затоа плачковци, слободно бришете! Не знам дали е до начинот на кој сум растена, иако сум единец моите никогаш не обрнувале премногу внимание на моите чувства. И бескрајно благодарна сум им за тоа. Секогаш се тука за мене доколку им требам, но и ме научија дека на крајот на денот сите сме сами, па животните убости и тешкотии почнуваат и завршуваат со тебе. Нема среќен крај ова цензурирање. Особено Американцине, кај нив па поимот слобода на говор е целосно отиден во неврат.
@CoverGirl10 да се надоврзам на твојот пост. Како што кажа живееме во едно опшество во кое е цензурирано тоа што не треба, а не се цензурира тоа што треба. Во опшество во кое треба да внимаваш што зборуваш затоа што и ѕидовите имаат уши и нели нормално ќе си направиш проблеми. Опшество во кое се осудува се што е добро, се љубомори на истото или пак се гледа со завист, додека се она што не чини се турка напред. Опшество без морал каде успеваат само оние кои газат се за да стигнат до некоја цел додека оној кој е чесен, а нема пари, кој го е*е. Се се гледа преку призмата на парите. Нема другарства туку се дружат ако имаат корист од некого или финансиски на исто ниво се. Се осудуваат луѓето според изгледот и облеката, а не според умот. Кај нас на раат не можеш ни да се е*еш без да се знаат детаљи. До толку сме дојдени, за жал