Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034

    Муабетов ми беше друг али нмв :D :D
     
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    163.737
    Пол:
    Женски
    Леле, како успеваш се` ова да го памтиш? А на ова како ти текна? А овој поим од каде го знаеш?
    А јас како да ви објаснам дека имам неселективна меморија бе луѓе? :D
    Значи мозокот ми е 50% текстови од песни, а би додала и 40% имиња, поими и разни непотребни глупости кои ги памтам после првиот пат кога ќе ги слушнам. :D

    Сите луѓе околу мене ги слушам, викаат памтат фаци а не имиња, мајка ми и татко ми дури препознаваат луѓе што десетина години не ги виделе. А мене пак фаца може да ми избледни, ама име кога ќе ми кажат одма ми текнува. Работава - сите наопаку, јас на терсене. :D
    Кога учам, нешто најлесно може да не ми текне на тест, ама во исто време може да ми текне некоја реченица или поим од некое ќоше што сум прошетала со очите преку неа.
    Стално ме зафркаваат, и кинески имиња со едно читање би запамтила.
    Дури една професорка ми има речено на шега, тебе да не ти згреши некој, се памтиш. :geek: Ни крива ни должна, уште лошотија ќе ме направат. :wasntme:

    Туку, од мене и една гратис поука - никогаш немојте во галама, кога нема добро да слушнете некого што ви збори, да се преправате дека сте го разбрале. Дури и трипати ако сте го препрашале, срам - не срам, прашајте си и по четврти пат. :D Подобро да не ви кажувам какви се` глупости ми се имаат случувано во вакви ситуации, пошто реферат ќе треба да пишувам. :D
    Ајт поздрав. :D
     
    На 1209, Snow-Star, LittlePinky и 7 други им се допаѓа ова.
  3. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.618
    Пол:
    Женски
    Цревата ми се превртуваат од реченици од типот "Абе какво време дојде ако немаш најк патики сите те гледаат попреку , никој не те цени , од високо те гледаат" Епа драги мои јас во животот немам купено најк патики и никогаш никој не ме погледнал попреку пошто не ги носам.Лично не сум спортски тип и не сум имала мерак на патики, скоро земав едни цветни поелегантни бидејки не ми е спортски стилот.И кога ќе си ги купам , ако одлучам да си купам нормално ќе ги купам ради себе, не за да не ме гледале попреку |(

    Муабетов не ви држи вода туку самите си патите од комплекс на нижа вредност. Еве пример дечко ми има 3-4 пара најк патики за фудбал, поелегантни за лежерно излегување и јас сум сигурна дека пред да ме покани на кафе сигурно не рекол , еј Лара нема најк патики ич не ја викам на кафе ,а не па за девојка да ја водам.Мојата најдобра другарка исто има неколку пара најк патики што за вежбање што за онака и никогаш ниту попреку ме погледнала, ниту ми префрлила за тоа.Друга другарка не само најк туку и La costa и какви ти не патики има, се дружиме од 4 одделение и во ниту еден момент тема на разговор не биле најк патиките.Кога ќе размислам подобро цело мое друштво има по неколку пара бреднирани патики и замислете уште се дружат со мене, па кај им е паметот бе човече :fubar: Зар не треба да ме гледаат како подолна од нив,како воопшто ме ценат не знам !?

    Абе луѓе до кога вака , со да не кажам лузерски изјави и лечење комплекси , пази немој заради патикиве некој не ве цени.До умот ви е , не е до патикиве и апсолутно не се сомневам дека кога ќе се дограбите до некој пар нема да станете исти како оние по кои плукате дека немаат никакви морални вредности.Исто ќе се понашате како новопечените богаташи, до вчера никој и ништо се чувствувале , не дека биле :!: И оп одма парите као ги прават некој и нешто и натака знаете како се понашаат да не опишувам , ги има со лопата да ги ринеш.Ако имате да си дозволите купувајте носите , не од завист или заради тоа другите што ќе кажат , туку лично за вас направете го тоа, ако не , наместо да лечите комплекси , поработете си на самодовербата и преиспитајте се какви сте штом си дозволувате да верувате дека една патика ве дефинира.
     
    На marylin.monroe92, Boleyn.7, Mama25 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.025
    Допаѓања:
    36.078
    Пол:
    Женски
    СДК... Секој месец што почнува во недела има петок 13-ти :?:
     
  5. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.400
    Допаѓања:
    9.894
    Остави го веќе еднаш минатото позади себе,бидејќи никогаш нема
    да бидеш млада како што си сега, а верувај премлада си за да
    бидеш скршена. Добро е,размислуваше,ги премотуваше спомените
    по илјада пати,плачеше,се мачеше, ама научи! Болеше,да. Прв пат
    умре и остана жива! Тоа е најлошо!
    Кој преживува не е веќе ист. Мала,тоа го гледаш и сама,дел од
    тебе умира, пушти го да умре!
    Нека иде, нека го нема! Инаку веќе нема да те има тебе. А би било
    штета да ја изгубиш иднината заради некој за кој не можеш ни да
    кажеш која улога ја играше во твојот живот. Добро е…Земи
    воздух…Издиши… Пушти ја таа солза која ја чуваш,a со неа пушти
    го и него!
    Дозволи минатото да биде минато!!!
     
    На cheetah.girl, sadgirl21 и ariela09 им се допаѓа ова.
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.326
    Пол:
    Женски
    Денес кога си дојдов од училиште мама ми ја отвори вратата и најнормално си се поздравивме и од нигде никаде ми вика: - „Како можев да родам нешто толку прекрасно.Ти и брат ти сте најдоброто нешто што ми се случило во животот и воопшто не ми е жал за лузната што ми е останата од царскиот рез, за вас се вреди, вие сте ми најголемото богатство“.
    И јас и викам добро мамо што си се разнежнила толку. И таа ми одговара дека кога ме гледа дека сум пораснала жал и било, ми вика ехе скоро ме надмина мене, а и брат ти за некоја година. :D
    Ајде отидов и ја гушнав и си легнав, бидејќи денеска уморна бев.
    Си легнав, ама нешто тешко ми беше да заспијам и осетив како вратата се отвори, мама влезе во собата, мислеше дека спијам дојде ме погали, ме бакна и ме покри убаво, како и секоја мајка што мисли дека ако и нејзе и е ладно и мене ми е. :rofl:
    Да не должам ајде само сакав да кажам дека за секој проблем, за се што ни треба тие се тука, прават се за нас, едни ни се родителите и не вреди за никој да ги напуштиме и да ги повредиме (секако постојат исклучоци не викам не).

    Имајте пријатна вечер. :)
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Hipica, Snow-Star и 15 други им се допаѓа ова.
  7. KatFem

    KatFem Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    658
    Живееме во време кога “Те сакам“ се употребува почесто и од “Здраво“.

    И не разбирам - како чувствувате потреба да ги изустите овие зборови кога не го мислите тоа? Дали се чувствувате семоќно кога ќе ја видите среќната и наивна насмевка на личноста која ја лажете? Дали се чувствувате посебно кога ќе дозволите некоја личност да испадне будала затоа што ви поверувала? Не ве гризе ли совеста затоа што лажно дигате некого во облаци и потоа дозволувате да тресне на земја за милисекунда?
    Премногу прашања, но само едно реално и вистински ме интересира:
    Како можете навечер мирно да спиете?

    Види - не барам (ниту пак сакам) да ми се лигавиш дека најмногу ме сакаш. Само биди машко и почитувај ме доволно за да спасиш од она невистинито и клише “Те сакам“.
    Барам почитување... Не е многу зар не?
     
    На iggybay, Elena69221, Markusa2 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Додека немав седнато за волан си одев по сред улици ама кога еднаш седнав и видов колку ти изгледа патот тесен кога одам дури се гребам од браниците поставени на патот :rofl:
     
  9. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Доволно ме испровоцира времево па ја отворив сезоната на сладолед 2014 :emo:
     
  10. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ја уште пред месец дена ја отворив :P За инает! :D
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Тука некаде и јас ја отворив :D
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Додека миев заби, наеднаш чешмата се помести на лево и си се врати на место. Значи да потенцирам, течеше тивок млаз вода, не беше голем, па да речеш... Упм се упрпав, останав со пола паста у уста. Сега пробував да поместам предмети со поглед, ама сум ја немала таа моќ...
    Ова ми го свари гравот и ќе си легнам да спијам. ОК, позз.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Во животот има многу средби и уште толку разделби.

    Се сеќавам,ова го прочитав во една книга за деца.
    При размена на деца од странство кои требаа да престојуваат во мојата куќа на кратко им ја отстапив мојата соба,послетлина,мојот простор.

    Се прашував често колку таа говори за мене,раскажува ли приказни,ткае ли желби?
    Нуди ли мозаик од мојот живот?Или барем дел.
    Се прашувам што говорат фотографиите,сместени во рамките?
    Свеќите кои внимателно го исполнуваат секој празен простор?Моите расфрлани прстени,и книгите недочитани покрај креветот?

    Твоето мало катче,е прибежиште,твое засолниште,онаму каде заспиваш на перница од спомени и желби,онаму каде сонуваш и ткаеш мрежа помеѓу четири ѕидови.

    Луѓето заминуваат ,и оставаат мали стапки врз твоето срце,особено оние кои знаеш дека можеби никогаш повеќе нема да ги видиш.
    Оние кои знаеш дека дошле за да заминат.

    Искри во мракот.
    Душата е скршена,кога тагуваш над некој свој минат живот.
    Минатото е само фотографии во рамнки,над кои се таложи прашина.
    Некогаш престануваш да бидеш нечија искра во очите,нечија ѕвезда во мракот.

    Скопје е за мене се уште најубав град на светот,или барем така сакам да мислам, и кога небото има оловна боја.
     
    На sweet-star, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, SparkyAngel и 12 други им се допаѓа ова.
  14. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.001
    Пол:
    Женски
    Готово, помина и Евровизија. Не дека гледав, но резултатот беше очекуван. Важно и битно Тијанче и Тамарче убаво ке се изнашетаат и изнауживаат. Секоја година иста приказна, ништо ново. Најпрво, трескање во гради на велико и после тоа пад од високо. Е, боли. Нормално, дека боли. Како умот не ни дојде до сега??? Друга година кој е следен? Можеби Миле Кузмановски, кој знае? ;) :D :D :D :D
    Само во Македонија се е можно и ништо веќе не е чудно.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.326
    Пол:
    Женски
    Welcome to the club! :D
     
  16. simona26

    simona26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2014
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    136
    Јас не знам зошто воопшто Македонија упорно учествува на Евровизија што не се откажат веќе :fubar:
     
    На kala21, senza.parole, makedonkamak и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам дека цел ден сум таква поспана,ми се спие ми се плаче.
    Ќе дојдам дома,ќе средам се,ќе се средам јас и викам таман да си легнам.Аха,сигурноо де,јас ни да чујам за легнување.Ем тука очите на пола копје,ем се занесувам и дремам до сабајле.
    А не дека имам некоја работа,него дремам и баш дремам.Ќе ме фати таа мрзата,па каде сум се заковала,не мрдам.И кога веќе ќе дојде крајно време да станам,одвај се помрднувам со живи муки да се сместам во моето креветче. :|
    И да знаете дека вечерва порано ќе си легнам,е да баш сега ќе си легнам. :wasntme:
     
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Me again :geek:

    Стојам сабајлево во купатило и ја чешлам и плетам косата, тоа ми е нова навика од кога син ми која сум 100% сигурна во предходниот живот бил Индијанец, а дојде во контакт со коса, специфично мојата бидејќи е долга, следува скалпирање, очекувам секој ден да видам и мало секирче во неговите раце и сликата за Индијанец да ми е потполна. :rofl:

    Туку муабетот ми беше си стојам во купатило и гледам сопругот стои на врата и ме ѕвери, се мислам што ме загледал како прв пат да ме гледа, да му е до секс не му е, веќе си доби следување :P а и да сака репете не може, децава веќе будни и го прашувам:
    See something you like or..... :wasntme:
    Тој како да се освестува во тој момент дека ме зјапа и ми вика, се мислам дали сега дека го доиш малиот и дека си бремена дали ќе ти се зголемат уште повеќе градите. :o

    Не е битно како ќе се снаоѓаме со три деца, две малтене бебиња, дека наскоро ќе ни треба поголема куќа, поголем автомобил, нема шанси наредните 10 години да се наспиеме како луѓе..........не е ништо од тоа битно, најбитното дали ќе ми се зголемат уште повеќе градите. :D

    Маж, јеби га, ми даде предлог дека не би било лошо да проверува барем еднаш дневно дали се зголемуваат или не, чисто од научна перспектива, можеби ќе почне да пишува докторска дисертација or some shit like that. :rofl:
     
    На JuLleE, sweet-star, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 38 други им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.300
    Допаѓања:
    158.205
    Ве изнервирале толку пред спиење што почнал да ве боли здрав заб поврзан со синус?
    Не?
    Епа еве мене да...
    Глупача бе. |(
    Толерантен си, ваков си, таков си... ама и ти си душа.
    Јас разбирам да си надркан од некоја глупост на ента што нема врска со мене, ама мене да ми се понашаш зошто така ти иде? Ма дај ти се молам. И сега никако не си. Знаеш дека не е до тебе, знаеш дека е од друга причина тоа однесување и ако почнеш да се караш или да укажеш знаеш дека ќе ја влошиш ситуацијата. И освен што ти останува да игнорираш или човечки да се објасниш и да чекаш по 100 години да и падне криво у себе и да не ти се извини...друго и не ти преостанува.
    У вакви случаи сериозно, ама најсериозно нема поента да докажуваш кога некој е решен да се лакта, кара и замара...Ама некад и тебе не ти е ден, па се нервираш, ама у себе, зошто пак си свесен дека нема поента. |(

    Бидете свесни дека не е до вас, туку е до нив, не вреди да се нервирате, ама и кога ќе се изнервирате еве ве разбирам.
    Уморна сум, преуморна сум и капак ми требаше и ете.
     
    На Hipster и Anne15 им се допаѓа ова.
  20. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    ... Многу ми е грдо, а посебно жално, кога некој кога е изнервиран, повреден и самиот тажен и огорчен, од својата земја, од своите сонародници, им се обраќа со еее Македончиња, еее Македонче ...
    Немојте, многу е понижувачки. Како ќе се гледаш самиот, така и друг ќе те гледа.
    Нема врска никаква тоа со патриотизмот или национализмот, туку едноставно со изговорените зборови.
    Дај да излеземе веќе од тој менталитет да се презираме самите себеси.

    Зборови имаат сила, секогаш и секаде. Да воздигнат, изградат, обноват или да срушат и уништат.
    Мислам секогаш е попаметно да бираме зборови кои ќе допринесат на воздигнување на една личност, се водам од тоа што сееш- тоа и ќе жнееш; а ако веќе немаме што да кажеме, подобро да ќутиме, отколку да соучествуваме во нејзиното рушење.