Имам приметено на форумов членови како следат како демначи други членови, сè со цел да ги понижат или навредат истите тие кои направиле грешка во животот или пак погрешно размислуваат. Во ред е да се укаже на грешката според мене, но само доколку некој побара совет, искрено секој си има свој живот и мислам дека нема потреба да се мешаме во туѓите животи без дозвола на самата особа. Друго, кога се укажува и се дава совет не мора тоа да се дава на груб начин, зошто така можете само да го влошите проблемот, треба сосем поинаку да се пристапи зошто ако се постапува на груб начин тогаш не сте вие нешто поразлични од идиотите кои чекорат по оваа чудесна земја наречена FYROM, кои за жал ги има во сè поголем број. Така да, олабавете со демнеењето и гледајте си го вашиот живот, туѓиот живот гледајте го само ако некој ве повика тоа да го направите и кога веќе го правите тоа гледајте да ѝ помогнете на особата, а не да ѝ одмогнете.
Не можам да разберам и поднесам љубопитни родители кои постојано се мешаат во приватноста на децата. Зборувам конкретно веќе за полнолетни личности. Познавам мал број примери, ама ќе кажам општо. Не знам што мислат дека ќе постигнат ако знаат за секој детал од секојдневието на децата. Поконкретно, детали од љубовниот живот. Секако дека наводно секој родител сака неговиот син или ќерка да создаде семејство, ама затоа се потресуваат кога ќе слушнат дека синот/ќерката има девојка/дечко. Секако и дека треба да се запознаат со нивниот избраник, но непотребни се приватни прашања и било какви обиди да се дознаат информации кои самите родители не треба да ги засегаат. Ќе излезела ќерката со дечкото, и мајкава мора секој, ама апсолутно секој детал да го дознае...каде ќе оделе, колку време ќе се задржеле, дали ќе седнеле некаде се само обичните прашања, што реално и тие не се во ред. Останатите прашања, па и арогантно зборување за интимата од типот "да не направила некоја грешка" веќе е пикање нос кај што не треба и набивање на чувство на вина. Познавам жена чија ќерка има дечко и постојано и' е во грижи да не направеле некое дете, а и други луѓе кои за сексот кај младите луѓе зборуваат како да е нешто најлошо, само проблеми можело да им направи и веднаш посочуваат на бременост и болести, а не и како нормална потреба на секој човек, или барем повеќето. Па потоа со истите ставови арогантно им се обраќаат на децата, кои веќе стануваат возрасни индивидуи, кои ако запливаат утре во тие води заедно со личноста што е нивна љубов, треба да имаат грижа на совест. Да не ги заборавам и родителите кои на пример им чепкаат по телефоните на ќерките особено со оправдување дека се грижат за нив. Меѓутоа душкање на приватност веќе не е грижа, туку мешање каде што не треба. А и голем дел од споменатите на децата им велат дека се веќе возрасни личности кои треба да се осамостојат и сами да заработуваат...ама сепак се они родители и мора се да ги интересира . Затоа уште пред време објаснете им на децата за се' што ги чека во животот, сите проблеми и ризици со кои можат да се сретнат, наместо потоа да се јадете самите себе да не згрешиле и да се мешате во нивната приватност оптоварувајќи ги со чувство на вина ако не сакаат да споделат.
Секоја личност на светот има своја приказна. Не судете им на луѓето пред да ги запознаете. Вистината може многу да ве изненади.
Јас мислам дека најдобро ќе е да ги оставиме намира и девојките во миничи и оние во тренирки, без да им правиме психоанализа врз основа на тоа што одлучиле да носат.
Потребно е трпение во животот и упорност кон замислените цели за да го доловиме тоа што го посакуваме. Понекогаш мора да се потиснат жалоста и емоциите за да се успее воживотот.
А се одморив,наполнив батерии и сега повторно со секојдневието. Овој одмор беше перфектен, запознав прекрасни луѓе, се зближивме. Барем сфатив дека не можам да се зближам со мајка ми, таа и јас два различни света, тоа е.
Не знам дали некој од вас го следи Булеварко. Вчера објавил видео како некој на семафори отворил прозор и ечи црногорска народна музика,и напишал среќен ден на независноста,чобан,така нешто. Се согласувам дека е чобан,ама само затоа што отворил прозор и рокнал гласна музика,а не затоа што е црногорска. СДК дека и ние,луѓето кои по националност не сме македонци,ама сме се родиле и живееме во Македонија,ја сакаме и почитуваме. Јас секогаш велам,моја татковина е Македонија. Кога некој овде ќе ме праша што сум,велам македонка. Родена сум и до мојата 25 година живеев таму. Иако се преселив сеуште го негувам јазикот,би сакала и моите деца утре да го научат,иако не е мој мајчин јазик. Не можеш сите да ги ставаш во ист кош и само затоа што некој пуштил музика од својот крај да го го сфатиш како непочитување на државата. Ама,на кој да кажеш...
Порано бев поборник општо на она дека треба буквално сечие мислење да се почитува, но сега... Не, во никој случај не почитувам мислења кои вклучуваат неосновано мешање во туѓи животи, нетолеранција и омраза или какво било оправдување на насилство, плус тоа и спротивни на секакви факти. И ќе дадам сè од себе да докажам и со факти, па и со сарказам дека тие што ги имате ваквите негативни чувства не сте во право, и дека групите луѓе што ги дискриминирате не вредат ништо помалку од вас. Затоа што If you are neutral in situations of injustice, you have chosen the side of the oppressor...
Grüezi! Укратко, веома врло добро патешествие. Овие 6 дена не би ги менувал за ништо на светов. Самедан, Сен Мориц и на крај Цирих. Спомени еден куп.
Тоа што не ме убива, ме прави посилна. Мрачни облаци се надвиснаа над мене, но мора да ги избркам пред да ме удави дождот. Но сепак, чуда не се случуваат преку ноќ. Упорноста секогаш победува!
Имам една другарка не другарка која е иста Јелена Спенџароска у смисла не ми шири негативна енергија.Било кој да земе да се пожали дали од дечко,колега,родител,шеф,снаа сеедно за било што и кој она ќе почне лелее аман не ми се слушаат вакви работи не ми ширете нег енергија.Ја прашуваме зашо се одалечи од оваа другава другарка коа е топ девојчето оваа на тоа епа мн збореше за љубовни проблеми ме полнеше со нег.енергија.Сру срцка шо животот не ни е постела од рози па само убавини да ти кажуваме а за се др. да ќутиме.
Разочарана од тоа што се нуди во библиотеката наша, гевгелиска. Има два дела. Едниот е полн со стари книги, претпоставувам на хрватски или српски, но некако, не ми изгледа како да пуштаат во тој ден читатели, дали тоа на некој начин се смета за застарен дел, не ми е јасно. Од новиов, освен изданијата на Ѕвезди на светската книжевност, не се нуди ништо интересно. Навеано ми е да ја прочитам Месечево Дете од Кроули, може ќе ја купам кога веќе не ја носат во библиотекава. И општо, разочарана од она што се нуди на македонскиот пазар за книги, или пак многу бирам, незнам.
Светот би бил многу поубаво место кога, ние луѓето, пред да направиме нешто, ќе се подзамислиме како би ни било тоа да ни го направи некој нам. Убаво е кажано, што ќе фрлиш зад себе ќе си најдеш пред себе. И не само тоа. Пред да се отвори уста да се збори за некој, прво една слика за себе да се направи.
Не, од ова богатите нема поужасни луѓе. Секако со чест на исклучоци кои се за пофалба. Лично јас секогаш сум имала се, не можам да се пожалам во поглед на финансии, но моите ме научиле од мала, ниту да покажувам, ниту да се фалам. Колку потајно толку потрајно, па така и парите и се друго... Битно да имаш да си приуштиш колку толку, но која е потребата да се расфрлаш со пари. Чим имаш толку пари, донирај, помогни. А не да ми сликаш 1000ки на снеп кои вкупно собрани се околу 50.000, да се фалиш како секоја вечер си во кафана, да ме викаш во луксузни ресторани, па и ќе си ме частел. Кој побара од тебе такво нешто? Зашто сам си се нудиш да ме частиш... Врвот е што веднаш проверуваат дали си на “нивно ниво“. Каков телефонот ти бил, па веднаш пресметки колку си го купил, што завршиле твоите, кај работеле, кај живееш, на кое место живееш, дали е елитно, зградата која година била направена, па дали била елегантна, дали имала лифт модерен, кај си одел на одмори и одма „аха па значи слични сме си“. Не, не сме. Мене не ме воспитале на таков глупав начин како тебе. Сосема не сме исти. Па и уште муабет, абе знаеш “имам многу пари ама реално не сум среќен“. Мхм, да. После 5 секунди, фалење каде искачал, колку трошел, кај одел на шопинг, неговите што праеле... Па и она фалењето као не користи јавен превоз, златниот ланец што ѕирка од секаде и е облечен и на кошула и на тренерки. Уште во тинејџерство е ваков, а понатака... Родители, зашто си ги праите вакви сељачки снобови децата. Вие сте криви за ваквото однесување на децата. Колку и да имате пари, научете ги да не им биде тоа главното во животот, да не мислат дека се и секого можат ради нив да имаат, дека сите околу нив сакаат да се за парите. Имавме стварно океј муабети со чоеков, исти филмови сакавме, исти книги читавме, но на крај да си мисли дека само ради пари сум решила да разговарам и да се дружам со него, цело време муабетот свртен натака „мене сите ме сакаат само ради парите, еден нормален нема“... Можеби затоа што ти ја правиш грешката и на сите им кажуваш шо имаш, па после плачеш. Ги правите децата да бидат искомплексирани, несигурни во себе, флегми, што ништо не прават, бидејќи нивните родители се им средуваат во животот. Еден ден вас ќе ве нема, а вашето мамино галениче на 40 години ќе биде сељак со златно ланче, што грицка лажиче во кафич и ќе биде неспособен за се.