Сосема нормална работа е да им се верува на луѓето со доза на резерва за да не бидеме безрезервни скептици. Оптимизмот и надежта се единственото зелено светло во недогледноста на темниот тунел.
Od utre nikotinski lepenki...ne biva veke vaka...3 kutii dnevno e premnogu... Oslepev od dimot od cigarata u pm...
Обожувам кога имам куп обврски (задачи) на факултет. Навистина, понекогаш станува неподносливо напорно, но барем тие обврски се од светот во кој се пронаоѓам како личност. Тие обврски се она што ме прави да се чувствувам корисно, енергично и живо. Додека се трудам да најдам решение на секоја задача, на секој проблем кој ми се појавува при студирањето барем знам дека правам нешто корисно за да си ја изградам иднината на начинот на кој замислувам да ми биде. А освен тоа што се чувствувам корисно, исто така студирањето и презафатеноста ми помагаат да се дистанцирам од луѓе со кои не сум ни малку блиску во размислувања, идеи, ставови и лични вредности. Деновиве имав една случка која уште еднаш ми докажа колку луѓето денес се површни и колку само не се пронаоѓам во тој свет на површноста. Па затоа ги поздравувам некои членови од тука кои го имаат сфатено подлабокото значење на нештата и останете такви луѓе. Реткост сте
Сакам да кажам беше свети трипун и имав шанса за прв пат да ја слушам Тамара како пее,изгледа,гестикулира. .. Ме фасцинира..се има на неа.
Изгледав уште еден филм со дечките... Филм немав гледано не паметам од кога, а сега за три дена, три филма Децата приметиле дека нон-стоп си наоѓам некоја работа, па затоа три попладниња ми приредуваа домашно кино... Ке затемнат, ке ги пуштат сите звучници, вуфери и остали тракатанци, иии заедно уживаме... Срцки на мама, големи се, сакаат да ми угодуваат Имам чувство дека на некој начин сакаат да ми возвратат за сите мои „зафатености“ со нив и околу нив, во сите изминати години! Убаво е кога ке Ви пораснат децат, кога ке станат возрасни и свесни кој е „одговорниот“ за да станат тоа што се денес!!!
Недела. Овој ден го прогласувам за најтмурен ден, после есента, а пред прагот се и тие студени денови.. И како дете не ја сакав есента, а ниту неделите. Траектот на времето прегази, станав возрасна, но моето мислење во врска со есенските недели и генерално неделите не се промени. Иако оние есенски слики на црвени јаболки, мирис на слатки џемови и ајвари сеуште ми ги рашируваат ноздрите, и весело танцуваат како лисја низ мојот мозочен мемоар, сепак тие претставуваат само еден мал убав дел, прогонет од спектарот на стравови кои ја окупираат мојата мембрана, и прават да мислам дека овој пат ќе биде крај. Дека ова студенило ќе биде последно. Дека овие лисја, или овој снег ќе ја покријат мојата плуќа за навек...
Ај ти како ќе сфатиш така,валјда комплимент, ама дечко ти ако ја слушне...е тој како ќе сфати не знам... Убав ден, денеска. Прошетав, пиев кафенце, си каснав сладолед, впивав од зраците на сонцето,бев во црква и така некоја топлина ми ја облеа душава. Подобрена ми е енергијата за разлика од претходните денови, уште концентрација и кондиција да си подобрам и супер ќе бидам.
Се трудам да сфатам како некои упорно прават грешки при употребата на англискиот јазик, без да се поправат и со висока самодоверба Ако не знаеш некој збор како се пишува точно, пиши си македонски или прашај гугл транслејт, толку е едноставно...
Колку сме балканци зборува фактот што чистат пред да дојде чистачката.Као што ќе кажела, срамота било.Што има да каже-ја плаќаш, си завршува работа, исто како и во секоја друга професија, плаќаш за услугата што ја добиваш. Кога веќе си започнала да чистеш пред да дојде, зачисти уште малку и нема да има ни потреба да викаш чистачка и ќе си заштедиш илјадарка. П.С.Не осудувам никој што вика чистачка, разбирам дека немаат сите еднакво слободно време и помош од маж и родители, плус деца што сакаат и треба да добијат внимание и зависи колку и е тешко работното место .Само размислувањето ми е.
Не дозволувајте им на луѓето да влијаат на некоја важна одлука, сами изберете го вистинскиот пат. Anyway, it's Coffee time!
Нејасно ми е американциве со свој камен по своја глава почнаа да удираат или природата им држи лекција дека е посилна од HAARP. На оние пак кои се ситат на несреќата која ги снајде илјадниците луѓе им посакувам се најлошо. Ако сте гневни поради нивното водство глупаво е да го обвинувате и мразите целата нација.
Аххх, прекрасна рано есенска квечеринa...Надвор пирка свежо ветре, јас суткана во тенко ќебенце и си сркам топла супа од брокула, додека мачорот брка измислени муви во воздухот... Време е да се започне нова книга. Која ли која, хммм...Ми се чита нешто мистериозно и страшно, нешто како Стивен Кинг. Среќа што ги имам сите негови дела, подредени по редослед на читање...Еве нека биде ,, It ,, , и така сега ќе излезе филмот, па да го гледам подоцна на раат. А и така сум запозната со приказна околу серискиот убиец - педофил, кој работел како кловн, и врз кое ( патетично ) лик и дело е работена книгата, па зашто да не го погледнам и трејлерот за филмот, сигурно не е до ТОЛКУ страшно... И како сум се зезнала, сама себе убила од заседа! Кој филм, која книга, кои бакрачи, поарно ќе зеам билтен ќе читам! Па уште и сум земала у 10 навечер, у црни темници, сама дома со ќор мачор шо ми се брка по дома со духови! Нече мочи ове ночи! Па да ми искачаат после кловнови од шоља и фрижидер...Ма да може ова со фрижидеров, за да не јадам волку... Сеедно, идам да си дојадам супата. Poyyy.
Некои луѓе зборуваат премногу неповрзани работи, дозволуваат да бидат понесени од својите импулси и вознемируваат други луѓе околу нив.