Ако може ново правило за банирање да се додаде на форумов, да се банира ако некоја пише : ,, А од каде знаеш дека сите мажи изневеруваат, твојот да не те вара тебе па вака збориш ,, , и нели секако обавезно членката да се тагне... Овој заклучок се изведува од тоа дека чим некоја вели дека сите мажи вараат, најверојатно и нејзиниот шврља, па затоа вика дека сите се исти... А јас па на пример од волку одбрандбен став ,можам да заклучам дека членката која го пишала статусов, мажот и ја вара, па она до толку не сака да го прифати тој факт и е засрамена од тоа, што мора и на форумов да напаѓа, за некоја случајно да не помисли дека и она е изневерена, па не дај Боже и да ја препознае надвор од форумов...
Кога ќе слуше човек дека Џорџ Клуни изјавува дека му е жал што цели 50 години живеел без да ја запознае Амал, знае како треба за звучи оној на кого ќе му рече да... Толку, кратко и јасно
Чудно е како лутината и бесот секогаш прминуваат во нешто со duh-uh ефект. Кожата ми е тесна, место не ме држи, сакам сѐ да срамнам со земја. За подоцна да седнам и да не се помрднам пола час. Рационализирам, се "помирувам" на мој начин и продолжувам. Паѓа некоја солза неусетно понекогаш, па доаѓа филингот кога сѐ е полно и рамно, односно сеедно. Кое најчесто е проследено со умор како цел ден да си ја влечкал Земјата со себе. Затоа што знам дека е така како што е, и не можам да го сменам. Останува да процесирам и да го променам планот додавајќи го в игра. Со други зборови кажано, немам спиено. Ама имам подочЊаци и мигрена.
Многу сум загрижена... Наредниве денови во грижа ќе ми поминат, само се молам да нема проблем тој ден ништо друго.
Секоја вечер си легнувам со помислата дека ќе те најдам блиску до мојата перница глава со глава свртена кон мене, како ми се насмевнуваш и како ме бакнуваш најслатко на целиот свет. Но тебе те нема !!! Па потоа ме гушкаш и си легнуваша на моите гради а јас ја ставам мојата рака во твоите коси и најсмирено те галам како смиреноста на велиот свет да ја носи тоа галење на твојата коса. Но празнина и празнина !!! Посакав да почуствувам како ме допираш со твоите стапала и како се туткаш во мене свртена со грбот. Но од сето тоа само неколку солзи ми потекоа и повторно празнина !!! Утрото се будам, ја гледам твојата слика поставена на масата пред мене. А душата тивко ми тагува: Ахххх Елена љубена моја зошто ми замина !!!
Te primetuvam vo mnogu postovi deka stradas po tvojata elena. Sto i se slucilo ako smeam da prasam. Izvini na prasanjeto ako te povreduva, ne mora da mi odgovoris, se nadevam ke uspees da prebolis i da prodolzis ponatamu
Mnogu mi e zal. Mozam da pretpostavam kolku ti e tesko. Se nadrvam Gospod ke ti dade sila da izdrzis. Ti posakuvam se najdobro ponatamu .
Не разбирам луѓе кои дефинираат луѓе само по работите кои нив лично ги засегнале во односот, а не целокупната личност. Кога ќе замерам некому, немам срце да го ставам во корпата за отпадоци кога гледам дека има други квалитети. Не можам да ги оценам како дефинитивно лоши, толку е себично тоа... која сум пак јас да кажам дека некој е некаков целосно ако ми погрешил една или можеби две работи?! И не разбирам личности со големи ега кои се расфрлаат со некакви нивни принципи и бришење на луѓе од животот, па барање внимание, па оценки. Се доживуваат пресериозно...
Ѕвониш еднаш, два пати... не отварам по десети пат. Знам, пијан си и те оставила девојакта, те гризе нешто во стомакот. Ќе ти направам зло ако ти отворам и утешам. Ќе се навикнеш лесно на тие утехи, а моето рамо не ќе биде секогаш со тебе. Се повлекувам и јас во темнина сега, одам по темни улици, се прашувате каде сум? А рацете ми р'ѓосуваат од држењето на старата ограда по скалите по кој ретко кој поминува. „Каде е Даерн, го немаме видено одамна?“ , „И зошто кога ќе го видеме само молчи?“ Не ги знам ни јас одговорите, знам само дека не можам повеќе да ве носам бидејќи се разгаливте како деца, животот ви стана гнасен зашто лекциите му ги нарекувавте казни. Темнината ме вика за да не знаете каде сум. И колку ме сакате толку и ми се плашите. А да ве викнам ваму со мене нема да издржите. Затоа збогум
ОМГ, ми ги објавија поемите во гевгелискиот Метрички Карван, омг омг омг!! А постот стои една недела без јас да приметам, цц, брука сум.
Велат за да си добар во работата мора да имаш мотив, има ли поголем мотив од тоа што побрзо да излупиш пиперчишта седнат меѓу стари бабишта со застарени мислења што плукаат по денешната младина