Да додадам и да се жалат како не им ги покачувале пензиите, а внуците им бегаат од државава или им седат дома невработени
Често велиме дека многу вистински работи ги правиме за погрешни луѓе и дека е грешка но не е грешка. Ги правиме од љубов. Пријателска, партнерска, роднинска или каква и да е. Љубовта не е грешка. Љубовта е љубов.
Никогаш не научив да бидам доволно суптилна и она НЕ кое ми се чини толку трагичнопанично , да го сфатам како НЕ СЕУШТЕ....
Дали сте вие нормални??? Претрчувате со децата преку улица каде ќе ви текне и дури па гордо продолжувате од онаа страна на улицата. Немајки! Нетатковци! Небаби! Недедовци! Утре вашето дете нема да знае дека треба на пешачки да ја преминува улицата. Ќе му кажете, ќе го учат и во училиште, ама не, нема да го прави тоа зошто неговата мајка/баба/татко/дедо си прелетуваа каде ќе им текнеше кога за тоа се ствараа навики! Утре автобусот нема да закочи. Идиоти ли сте??? Ма што па воопшто прашувам. Сте!
Сакам двор полн со цвеќиња.Разни бои на секоја страна,со чаша чај или кафе да уживам во тмурните утра сама, да седам и да се релаксирам гледајќи ја нивната убавина. Да си собирам букетчиња за дома и на секој чекор да имам по една мала вазна. Со цвеќе домот ми е поубав,пошарен ,едноставно-убавини на секоја страна
Моментално инспирирана од @Lilit , ама секогаш сум била против исклучување на луѓе од животот. И сум давала милион шанси, затоа што секој може да биде тежок во одреден период од животот, па и да ти делува токсично. Можеби и од себични причини, за ако јас делувам некому така, да не останам сама. Иако, се грижам за луѓе. Некогаш дури и претерано, па и без да очекувам нешто за возврат. Но, периодов заклучив дека мора да има некакви граници. Јас сум личност што многу лесно собира најразлична енергија од други луѓе, за жал најмногу негативна. Можеби сум емпат, можеби само премногу чувствителна, и тоа е особина што многу ми пречи низ животот. Се соживувам со се, не можам на никого да се налутам, бидејќи ги разбирам сите и за се наоѓам оправдување. Ама така ме исполни со негативна енергија една блиска личност периодов, што за првпат сериозно размислувам за целосно исклучување од животот. И имам грижа на совест, себично е. Ми го направиле тоа и сум била многу повредена, ама толку токсично ми влијае што забележувам дека и физички ми пречи. Изгледа е лик што се храни од послаби луѓе, ја исфрла целата негативна енергија и секогаш сака да доминира во се, па пробува и мене да ме претвори во таква. А јас не можам со луѓе што се опкружуваат со послаби за да си го хранат егото. А не сум ни слаба, барем не сега. А и изгледа ми е некаков тригер, не сум јас кога сме заедно. Можеби ова има смисла само во мојата глава, не знам.
Го сакам мирисот на есента и есенскиот дожд. Тогаш сонцето не е толку јако, се појавува срамежливо, но сепак влева надеж. Воздухот има поинаков мирис, помешан со зимници, луѓе си помаѓаат меѓу себе. Лисјата добиваат златна боја и се распостилаат насекаде. А тука се и марамите за нивните обожаватели. Есенската облека ми е незаменлива.
Денов започна прекрасно, да ве поздравам сите милички мои. Се валкав во креветот на брат ми и го гушкав додека тој си гледаше слики на инстаграм. Малку му е незгодно оти сме машки, но мене не ми смета се што сакам е да му се радувам на брат ми тоа ми е најголема радост исто како да имате маче и да сакате да го галите. Јас наскоро ќе имам маче, многу сакам мачиња, но тоа не значи дека ќе го заборавам брат ми. Доручкував па сега ќе се напијам водичка, ќе одмарам на фемина да ми легне јадењето. Ви благодарам што сте секогаш тука и бидете позитивни и среќни немојте да очајувате за ништо! Поздрав до брат ми!
Никогаш никому не сум му посакала лошо. Никогаш не сум се радувала на маката на некој. Секогаш ми е жал кога ќе слушнам дека некој го напуштил овој свет. Но не е исто да слушнеш дека починал 80 годишник и некој половина од тие години. Пред некое време почина еден роднина 70 и кусур години. И разбирам има семејство го жалат. Секој плаче по своето. Но кукаат, плачат не видел ништо. Како бе ништо? На свадба на внуци бил. Пра внуци има. Што виделе тогаш оние што ги затвориле очите на 20, 30...? Не, не ми е жал веќе за толку стари луѓе. Жал ми е за сите млади души што прерано ги затвориле очите. Тие, баш тие не виделе ништо од животот.
Што и да кажам за денешниов ден ќе е одвишно. Бевме излезени со другарка на кафе и и раскажував една случка од пред неодамна кога бев излезена со друга другарка, како едно девојче не виде дека вратата (стаклена) е затворена и на излегување од кафичот се тресна во вратата баш убаво и сите се изнасмејаа уште поубаво. На девојчето според изразот на лицето можеше да и се прочита колку е засрамена. И јас и другарката тогаш мислам дека бевме единствените што не и се смеевме, бидејќи навистина ни беше жал. Е сега денес после моето дрдорење за таа случка си станавме со другарката да си одиме. И како што се движевме кон излезот сретнав еден мој поранешен симпатија со кој се имаме дружено, а сега онака одржуваме контакт повеќе преку фб. И стана дечково се поздравивме набрзина, муабет два-три реда и јас така занесена му се смешкам и мавтам со раката, ја погледнувам вратата беше отворена и продолжувам занесено да му се смешкам и да гледам во него. И погодете што? Се треснав во ѕидот Не изгледаше толку многу како да се удрив туку повеќе беше како да се туркавме со ѕидот, ама сепак беше ептен голема срамота. Другарка ми ми се изнасмеа убаво, а јас мислам дека скоро да истрчав надвор за никој да не ме види. Ете, не ми треба мене некој друг да ме срами кога тоа го правам совршено добро и самата
Растегната на сите страни,рассеана максимално.Очекувам добри вести, времето си оди,не знам кога ќе се преселам.Од понеделник бруцош,нов живот од корен.Не се плашам да зачекори сама и да стојам на свои нозе.Се плашам да не изгубам една многу посебна личност.Некој кој ми става насмевка на моето лице и по кого копнеам. И повторно растргната насекаде,чекам беспомошно,најоптимистична од сите...
Созреваш, се вклопуваш во сегашната реалност и умствено се осамостојуваш од оној момент кога почнуваш со свој ум да ги оценуваш и преиспитуваш повеќето нешта во твојата околина и секојдневие. Кога ќе расчистиш со заблудата дека повозрасните и оние хиерархиски на некој начин над тебе не се секогаш зрели, паметни и за пример, ниту пак во право... Дека во реалниот живот луѓето не се едноставно позитивци или негативци, како во цртаните или пак во оние едноставните сапуници со еднодимензионални ликови што дома ги гледавме уште како мали... Дека и некои од народните мудрости кои ни ги претставувале како животни правила како мали, не се ништо повеќе од клишеа кое не важат за сите и во секое време... Зашто ќотекот дефинитивно не е излезен од рајот, ниту пак реалниот свет е така хармоничен што секој жнее она што посеал. Догмите и авторитетите се создадени да се проверуваат, преиспитуваат и менуваат – и тоа не е некаков бунт без причина, туку станување своја личност со слободна сопствена мисла.
Неможам да сфатам зошто сум толку многу наивна? ЗОШТО? Заради таа моја наивност патам, верувам во сите и на крај се разочарувам до крај. Уф...
Сдк Секој ден удари , удари , прободувања во грб , тотално уништена сум.. Но не се предавам ! Тие што до вчера се колнеа во мене , рака во оган ставАа за мене , денес сме странци .... Непознати.. Нема више да дозволам емоциите да ме надвладаат ! Од денес донесувам одлуки само со размислување на мозокот ! Нема попуштање ! Еден другар ме прашува Како си ? И почнувам да му ги кажувам маките , да раскажувам... И тој : лелее ти само кукаш ! Молим ?!?! Па што ме прашуваш бе Како си ,ако не сакаш да дознаеш стварно како сум ?!?! До душа само кукам , но тоа е реалната слика од мене и од мојот посран живот!
Денов полош не знам дали можеше да биде,во рок од 12 часа се онесвестив два пати,најлошо од се што бев сама а дм ѕвонел ли ѕвонел на моб.дојде другарка ми не знам што ми даде да ме освести и ок бев.Викам ај ништо може не е,она па се потресе повеќе од мене,јас па уште ништо не ми е,излегов надвор да се прошетаме со дм само памтам дека ми раскажуваше за некои роднини нешто и ми се стемни одеднаш ни слушав ни гледав нешто,само слушав некој како ме викаше после се најдов во болница,немам зборови за докторине сите можни анализи ми ги направија љубезни фини ништо не ми ни наплатија,па уште една од докторките и на мк пробуваше да ми збори,секоја чест колку беа заангажирани и фини,за разлика од мк не ни сакам да помислам како би ме дочекале,сигурно со прашање дали збориш алб?или би ме гледале како падната од марс!Се надевам никад дека нема да се вратам во Мк ништо не ми фали ама баш ништо