Пријатно попладне, ме израдуваа добри вести, морам да одам да каснам нешто бидејќи фрижидерот е полн само со јајца и млечни производи, а сега водам thug vegan life! ♥
Малку да ја доловам македонската (не)култура тука на тие кои не им е познато како да работиш со клиенти. Се јавува една тетка во години и божем глуми културна, бара да ѝ се помогне и одеднаш слушаш на телефон во позадина се јавува алфа-мажјакот кој служел во ЈНА во Требиње шеесет и треЌа со зборовите „Кажи им на тие ако им дојдам мамичето мамино ќе им го расплакам“. Е затоа нема никогаш да не биде на ниту едно поле и затоа ќе си останеме FYROM. Затоа што сме вакви говеда. Секоја чест на исклучоците кои се мноогу ретки.
И животните можат да бидат тажни, знаете? Не како нас луѓето. Тие немаат чувства, но им фали грижа, љубов... не е исто да имаат внимание и да се оставени и запоставени... Видов еден многу тажен поглед. Многу тажни очиња. Душа ме заболе. Куче кое е домашен миленик но... не навлегувам, едноставно, не му се посветени... луѓе, немојте да земате домашен миленик ако се што планирате е да го врзете или заробите. Немојте да земате домашен миленик ако не сте сигурни дали ќе имате време за него. Болно е. Животните не се играчки, имаат душа. Имаат исти потреби како и сите ние. Бидете луѓе а не ѕверови.
Ми излегува вест: - ГОСПОДИН! Со цвеќе во рака ја прашува сопругата која штотуку се породила, да не и треба нешто. (слика од човек пред болница завртен накај рандом прозор) Па кој треба да ја праша сопругата дали и треба нешто? Комшијата? Поштарот? Бабата?  Господин бил дека сопствената жена ја прашал што и треба Добро, кој пишува вакви идиотски работи? Деца од градинка да ги однесеш на пракса, па попаметно нешто ќе пишат. Амеби.
Денес кога се разбудив прв пат во мојот живот посакав воопшто да не се разбудев .... Сонував нешто и кога ги отворив очите си реков Што ми требаше да се разбудам... Не сакав ни да станам .... Ја нема волјата за живот во мене .... Си реков сакам остатокот од животот да го поминам спиејки ... Без да се разбудам...иако реков дека више нема да се потпирам на емоциите , сепак ме преовладуваат , се борам жестоко против нив ..неуспешно ... Немокна сум ....
Зошто животните не би имале чувства и како е нивната тага поинаква од онаа на луѓето? И тие, баш како и луѓето, можат да бидат среќни, тажни, лути, исплашени... Со останатиот дел од мислењето се сложувам целосно - не секој би требало да чува миленик, особено ако не се грижи за него.
Не знам причина. Но не можам да си најдам диета ниту ќе можам да ја издржам. Морам 5кг да симнам. Штета. Многу злобен свет имало. Да ти се исмеат. Да те понижат. А си кажуваат дека им праи ќеф тоа Цццц
Животната желба , секој да си повлече накај себе иако во муабетот си вклучен и ти демек.како дел од плановите. Но на минут да не си во видик.одма.се менуваат мислењата и си обвинет во стилот па ти реков дека не ќе може. А бе се е до карактерот. Една стара поговорка. Кучка што јаде мас ќе јаде и стап, но и никогаш нема да се одкаже повторно пак да јаде маст одкако ќе го заборави болот од стапот.
Сакам да кажам дека, се можиме да правиме доколку сакаме. Ништо не е добро и ништо не е праведно и грешките можеби скапо се плаќаат, но ако сме стегнати константно да не правиме грешка ради суровоста на светот во кој живееме - никогаш нема да успееме. Никогаш неможи да знаеме кои се нашите капацитети ако не се обидуваме пак, и пак.
Сакам да кажам дека најтешко нешто е да бидеш добар родител. Децата како повеќе растат така повеќе и повеќе треба да си толерантен,разумен,одговорен..... Ах посакувам некогаш да сум мало дете......
Ke vleze vo vaseto semejstvo po izbor na drug. I sekogas ke znae kako da se postavi,koga da molci a koga da zboruva....znae tocno koga da ponudi ramo za plakanje ,a koga da te ,,strese" i da te vrati vo realnosta... Kume...podobar izbor na kuma ne si mozel da napravis...
За прв пат се сметам за материјалист. И за прв пат пари ме направија толку среќна. Сакам да кажам нема ништо поубаво од К-15
Имам предлог како да ја стросаме нашата филмска продукција да расцвета во светски размери до степени на Оскар,MTV music awards и така натаму и така наваму. Нас ни требаат јаки наслови со трогателни и трагикомедични тематики(а тоа кај нас е баш јача страна). Јас на пример имам идеи: *Убиство на мртвата жена *Возот ги прегази шините *Самоубиство во заседа *Уште ти ми требаш *Двајцата полубратучеди *Девојката со јадранките Млади надежни и веќе добро прочуени актерски таленти кренете се да снимиме нешто јако што ќе го здрма светот и Македонија да не биди некое мало парче земја зафрлено на Балканот туку нешто феноменално створење каде и Бред Пит,Орландо Блум,Роберт Де Ниро,Дејвид Швимер,Кортни Кокс и тако даље би дошле овде не само да се искапат во езерана и да шетаат по градојне,туку и да снимаат серија,филм да снимаат,да глумат да пустат... СИМОНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ! *ова последното беше вишок во муабетов