Некои луѓе мислат дека се ти кажуваат и дека другиот стекнал доверба во него. Молам?! Ма немој бре. Сега,пред околку 2 часа,разговарам со едно девојче.Значи,девојчето се ми кажува,се.Незнам од каде таа има толкава доверба во мене,а и не ме интересира.Зборот ми беше,седеме,и ми кажува како се смувала со еден тип,а јас во тоа време се занесив малце со една школска правевме муабет за една задача по математика,ми објаснуваше.И оваа типката ме викна настрана и ми вика -Што зборуваше со неа?! Ајде кажи ми,јас како тебе се ти кажувам. За јас да кажувам на некој мој работи,треба да верувам слепо во него,а таа колку ми се дере. Негативно сум изненадена од некои луѓе...
Денеска бев на лекар и си ги разбв сумњите.... Господе фала ти многу што се е како што треба....Се е добро , она од кое што најмногу се плашев излезе добро ти благодарам Боже.... Не ни предпоставував дека лекарски преглед може толку да те усреќи ! Можам мирно да спијам ми олесна....
Во последниов период, многу блиски личности ги зафатија тешки болештини. За некои од нив решение се терапиите, за некого ризичните операции, а за некого - само верба и надеж. На луѓе како мене и мајка ми, тешко ни доаѓа памет. Цел живот се оптоваруваме со некакви глупости околу домот. Последна работа - ни фали лајсна на тапетот во дневна. Татко ми само превртува очи и ни вика да си го гледаме здравјето. Ми вика: Кај Турците постои обичај, да остават еден ќош од куќата недоправен. Знаеш зошто? Викаат - нека фали тоа, само здравје да не фали. А тој, во животот се изнагледал сé и сешто. Таква му е работата. Видел колку лесно се губи фамилија и постојано среќава луѓе со тешка животна судбина. Дур да трепнеш може цел свет да ти се сруши врз плеќи. Затоа и никогаш не се оптоварувал со некакви глупости за кои го ашкаме јас и мајка ми. Денес си седам дома со упатот за рентген на бели дробови во рака, и последно нешто на кое помислив дека ми треба беше лајсната на тапетот.
Како што стареам, станувам млада, Се враќа мојата стара детска балада, Повторно барам грижа и нега, Но, кој ќе ми помогне сега? Тешко одам, и порано ми се случило ова, Нема да бидам јас како нова, Спиењето ќе ми е често, Умот нема да ми биде на место, Како што стареам станувам млада, Мојата душа починува во длабок сон, Околу мене, ангелите пеат со мирен тон... Спојлер Ова не е за мене песна... се сетив на мојата прабаба....
Морам, морам да оздравам што побрзо. Не е фер вака. Сопственото тело ме изневерува. Конечно успеав да ги кажам репликите како што треба, дури и наставниците кои се караа поради мене замолчеа. А сега? СЕга нема веќе проби. Наместо тоа, ќе лежам дома, ќе читам книги и музика ќе слушам. Е стварно не е фер... А мама и тато, тие пак сендвичи ќе ме хранат. Забегале луѓето. Абе, еј! Само што јадев, не ми е потребен сендвич, потребна ми е музика и они кои ги сакам да се овде, до мене. Но, никогаш не ми одеше исполнувањето на желби од прилог. Па и уште светилката да се расипе ми фалеше. Сега хорор филм ќе снимам, па во темница ќе седам.
Јас сум непоправлив емотивец,ама само јас го знам тој факт Оставам впечаток на некоја рамнодушна кучка што не се замара за ништо,а всушност мене душата ми скока и солзи ми доаѓаат на очи кога ќе видам пар на стари години како се држи за рака. А пак некое кутро кученце кое оставено само на себе,бесцелно да скита низ светот-на тоа бокал солзи збирам. Денес солзите дојдоа бидејќи тој ме разбуди со чаша кафе,роза и парче хартија со љубовни искази оставени на бирото. Плачам на среќа,плачам и на бесмислени и глупави нешта,е до толку непоправлива сум. Само се надевам дека ќе останат само на среќа солзите. И сега ќе си плачам на некој романтичен филм,дека уште не сум пресушила. Периодов имам вишок љубов Имајте убава вечер http://www.youtube.com/watch?v=zMBTvuUlm98
Еј бе фризеркава у комшилук е профи во тапирање. Пред : Спојлер По корекцијата : Спојлер Во седум сабајле се потрудив што подискретно да го напуштам салонот, оти изгледав како готик Снуки. Ама не сум сопруга на Елвис, од денес сум сопруга на академски граѓанин. Поштено се усрами на презентацијата, иако ораторството не му е слаба страна коњакот си го направи своето. Под влијание на малограѓанските муабетчиња на свекрва ми со незаинтересираните професорки на тема кулинарство, во обид да избегнам јавно понижување бев пијана и натапирана. Се дамлосавме и едвај дочекавме професорот да ја заврши дезинфекцијата на внатрешните органи со муфте пијачка и да си оди, па да си честитаме со хард кор петинг во полупијана состојба на бирото во канцеларијата. Фала многу, јас не сум човек trust me. Јас сум пијана невеста.
Ами Кимке, нов ќе си купиш, што се секираш :geek: ако не, земи некој поголем сад, за да не се појави дното или ако најдеш некој сад без дно
Need some positive air to breathe.... Се расправав со една глупача на аеробик во врска со АВОН нешто.... Типкава Вака би рекла Peace bro
Си велам вреди ли да губиш нерви за се и сешто?Иднината не се знае што ни носи и кога ќе го кажам ова најискрено не знам дали да се надевам на подобро или можеби ме заплашува тој збор ИДНИНА. Како што тргна светов,се наопаку оди,никој со никого не се поднесува и уште што ли не. И после речи си не се нервирај,ќе помине или нема потреба за нервози. Како бе да нема потреба за нервози,кога веќе ни на самата себеси не можам да си верувам,а не пак да имам доверба во некого 100%.И не ми преостанува ништо друго,освен да си скрстам рацете и ич уво да не ме боли. Јас,еве според мене,што повеќе се нервирам,плачам,се трескам од земја,толку повеќе лоши работи ми се случуваат,а пустата се надеваш на подобро.Верувајте,така подобро си поминувам и многу поубави работи ми се случуваат. :geek: Но,знаете,викаат ние самите си ја привлекуваме негативната енергија. Ослободете се од негативните мисли,пуштете го малку мозокот на пасење и само со позитивни мисли гледајте напред.Ништо не се постигнува,ако постојано велиме НЕ МОЖАМ,НЕМА ДА УСПЕАМ.Отфрлете ги тие непотребни мисли од глава и едноставно не се притресувајте за секоја работа.
Ако е кривично дело да правиш нешто со целото свое срце и интузијазам, arrest me, now! Колку и да се трошам, колку и да се разочарувам, ако нешто не го правам со целото срце и целата енергија што ја имам во себе, знам дека не го сакам доволно. Исцпрена сум, емоционално и психични исцрпена, истрошена. А секогаш си велам дека ќе се сменам и дека ќе пристапувам со резерва ама не ете јас целата се давам. И сега што? Како и каде? Знам дека без љубов не се може, ама мене оваа љубов ќе ме истроши кат-тат. Ако веќе не ме и докрајчила...ама се јачам, како и мачките и јас, 9 живота, 9 нови скокови по секој пад. Времето си тече, го бојам ама тоа ме брка, јас жмурам ама јас не бркам, некое ново правило. Ама битно дишам, живеам, не се предавам, и никогаш нема да се предавам, зашто најдлабоко во себе знам дека само слабите се откажуваат, а јас демонстративно одбивам да бидам слабак.
Нема поубаво чувство од тоа да промениш нечие расположение на подобро. Ништо не се споредува со она чувство кога твој гест, еден мал комплимент од твоја страна ќе претставува охрабрување за некоја драга личност со разнишана самодоверба. Секогаш те држи насмевка на лицето цел ден кога ќе стоплиш нечие срце со мало внимание, и кога твоите зборови ќе бидат причина некој да се почувствува сигурен во себе. Не за џабе велат, споделената грижа се намалува, а споделената позитивна енергија - се дуплира. Tуку, јас иако со турбо темпо, презентации и обврски го заокружувам петоков, сепак расположена со oбичните мрзливи ритуали кои уште поубаво идат после напорен ден. И знаете кога некоја убава сликичка на интернет кога сте на друго место, ќе ви остане во памет па дома кога ќе седнете пред лаптоп прво ја барате? Е така мене другарка ми ми покажа посабајлечки една сликичка што дефинитивно ќе си ја отварам секогаш кога ќе се изнервирам за нешто, а и богами ми иде на многу луѓе за позадина да им ја ставам скришно, па да не можат а да не се насмеат. Хев а најс викенд, ве поздравувам со cuteness overload кој ми го направи денот.
Ме пече секоја голтка вино, ко што ме пече секоја пролеана солза. Ќе си споменам за некое време, време кога сум била најсреќна, најубава, најсакана, и ќе се расплачам. Зошто? Зошто боли секоја промена? Зошто секој поминат ден е понесреќен од претходниот? Зошто луѓето се менуваат? Или поконкретно, зошто стануваат себични? Зошто времето не застане кога најубавиот момент трае. Остави нека трае, додека е убаво, нека го. Велат во виното е вистината. И со право кажале. Колку само една чаша вино, знае да распламти некои чувства. Да ја распламти желбата. И сништата. Некако се е веќе заборавено. Како одамна да било. Многу одамна. А впрочем, поминато е само едно трепкање со очињата. Ако и вие од тага пиете, тогаш на здравје нека е!
Неодамна со дечко ми си купивме кутија сладолед за сто денари и ептен малку фалеше да ја отвориме и да почнеме по пат да си мацкаме со прстите. Со душа чекавме да дојдеме дома за да ја испразниме во неколку потези и не знам дали дека заедно си го купивме, без сомнеж би рекла дека тоа бил највкусниот сладолед кој сум го јадела некогаш во животов ... Нејсе, муабетот ми беше дека неверојатно е какви работи ме прават среќна. Понекогаш и не ми треба некој што ќе ме поттурне по грбот за да ми тргне, ами буквално ми фали допир со врвот од прстот за да заарни работата и нафаката. И затоа што мојата посилна половина е зафатена со факултетските обврски, решив сама да се мотивирам и си купив ... сандали. Не сум од оној тип на девојки кои се лигават пред излози со штикли и корнат коси дека мораат да ги имаат сите, баш сум скромна во тој поглед и моето сандаче за чевли брои многу помалку парови штикли дури и од прстите на едната рака, ама секогаш се добредојдени некои, како на пример овие кои беа тотално (непланирана) љубов на прв поглед. Не знам дали е до нив, ама еве ми ја макетата ми личи во соба, налицкана ко за на изложба, а мислев дека никогаш нема да се наканам да ја почнам. Мајка ми ме зафркаваше дека сигурно сум ги носела штиклите додека сум ја правела, затоа ми тргнало, а и дека мотивациите ми биле ... троа солени. Па, ја наместив заштедата на сигурно ако не друго ... и си обезбедив мирен сон вечерва, после не знам колку ноќи со сон од 3 саати.
Јас заминав во будисти. Крај. Јас не знам некад како да се собере човек освен да медитира. Мене ми се смеат кога ќе кажам дека сериозно луѓе медитирам. Бев кај инструктор и ми даде зборови да медитирам. Значи ако ви кажам кои зборови се поврзани со тоа што мене ништо у животот не ми значат...ќе се смеете. И викам брокула. Ми вика абе каква брокула, сакаш брокули? Сакам! Епа не може! И ми даде збор, не е срамотен, ама срамота е да кажам... Сериозно кога ќе речам медитирав, медитирав и точка! И еве сега ќе одам да медитирам ама со тој зборот за релаксација. Епа не сум знаела дека толку канибалисти постојат. Жива ќе ме појадат веќе!!!! Ама не е лично. Ама шо дека не е? Фрустрации на килограми и еве ќутам јас така, нели пошо не е до себе, ама па и мене бе ми е мука за нешто, па никому ништо. Верглам исто,ама тоа е. Нејсе, сериозно сте досадни веќе со селфисот и дакфејсот. Што кога не си ти со така наместената фаца? Демек не те знаат луѓе во живо што мустра си. Абе битно љубов има, здравје пааа...да ја гледаме убавата перспектива,други работи во разговор со себе треба да се променат.