Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Секогаш ми беше чудно кога некоја моја блиска пријателка или роднина ќе изјавеше онака горделиво дека не планира да се омажи никогаш во животот, дека не и треба да има сопруг или дечко. Горделиви изјави дека може да се справува со животот и самата, дека е доволно цврста и издржлива за да ги надмине сама сите предизвици, сите подеми и падови кои и ги приредува животот.

    Денес оваа изјава ми станува се почудна, па дури и нелогична.

    Секогаш сум имала феминистички убедувања. Да, го поддржувам убедувањето дека во денешниот свет девојките стануваат се посилни, се посамостојни, се поуспешни и сето тоа го постигнуваат со вложен труд за да се изградат како такви личности, за да бидат најдобрата верзија од себе. Но што кога ќе постигнеш нешто на професионален план, што кога ќе го добиеш посакуваното работно место, што кога ќе бидеш најбарана и најквалификувана во својата професија ако немаш со кого да ја споделиш таа радост?!

    Го имаш семејството. Ах да, ако живееш во ист град или иста држава па ќе имаш една скромна вечера ако успееш да се усогласиш за време кое им одговара на сите.

    Ги имаш пријателите . Ах да, ако немаат веќе оформено кариера и семејство надвор од земјава, или пак ако не се презафатени со други планови.

    Ги имаш колегите. Ах да, ако не ти завидуваат и не мислат дека ти не го заслужуваш тој успех.

    И што останува на крајот на денот откако ќе се вратиш со победите, ако нема со кој да ја споделиш радоста?

    И што останува на крајот на денот ако нема на чие рамо да си ја потпреш главата и да ги затвориш очите знаејќи дека тука си безбедна, сакана, почитувана, дека за таа личност си нешто возвишено без разлика на критиките кои ги добиваш од другите или кои самата си ги даваш на себе?

    Најголемото достигнување во животот не е само да станеш најдобрата верзија од себе, туку исто така треба да имаш и некој кој ќе знае да ја сака секоја твоја верзија, безусловно и бесконечно.
     
    На muchacha_a, winter flower, mira.mira и 16 други им се допаѓа ова.
  2. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.293
    Допаѓања:
    85.358
    Пол:
    Женски
    Не е битно што ќе кажеш,туку шо ќе кажеш !
    Добра ви ноќ!!!
     
    На Glasna, Crna Dama и Dadusicka им се допаѓа ова.
  3. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.359
    Пол:
    Женски
    А што е финтава со мајкиве што себеси и детето се кажуваат во прво лице множина? Кашламе, јадеме, почнавме во школо, се разболевме, спиеме во градинка...
     
    На samovila.red., simonna.a, Purplelilac и 28 други им се допаѓа ова.
  4. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.605
    Пол:
    Женски
    Во оваа наша државичка постои една група такозвани интелектуалци што се експерти за се.

    Ете денес им се децата со аутизам и они се експерти. Да, децата со аутизам треба да учат заедно со другите деца но и тоа си има граници. Има деца кај кои аутизмот е до толку висок степен што тие не разбираат ни каде треба да моча ни каде треба да врши голема нужда ни кога треба да вреска да писка. Знам одделение во кое учи дете кое е меѓу 5те во Македонија со највисок степен на аутизам. Буквално цело одделение деца се жртви на тој аутизам. Три дена во неделата учи со нив два со дефектолог. Значи детево се дере, се помочува секој ден на школо, прави што ке му текне, наставата е невозможно да се одржува. На мајката и е кажано да седи и таа на час со него, нејке ни да слушне. Тоа било работа на службите. Боже мој, ко да се срами од сопственото дете. Уште полошо, тие се деца како и да ги воспитуваме ако некој се помоча на час реагираат со исмевање па детенцево сигурно не се чуствува пријатно. Исто и викањето и звуците што ги испушта , забележуваат родителите дека голем дел од децата кога биле 6 7 години така врескале, сега потпораснати па се навикнале на тоа. Мало место нејкат да се замерат со родителите па ете никој ништо не кажува. Родителите упорно одбиваат детето да оди во специјално училиште. Зошто? Се срамат ли од него?

    Друга тема од демокративе денес читам тетоважи кај учителки било нормално кој што сака нека прави. И долу коментар кој бил сељак кој не. Мене ете сељачки ми е тетоважа кога се гледа на било кое работно место и да си. И споредуваат со странство дечкиве како било а не прашале дека во приватно школо во Америка (нивниот врв на демократија) ако тетоважата е на видно место големи се шансите да не те примат на работа во основно школо. И смеат да ти кажат дека е заради тоа и нема да одговараат. Си имам тетоважа и си ја сакам , ама заради таа тетоважа никогаш во блуза без ракави не сум отишла на работа, на работен состанок и слично. И баш заради тоа не ја направив под лактот туку над него, за да можам кога сакам да ја покријам. Сељачко ми е , а и глупо ми е сите да се ѕверат во тетоважата моја. Сепак е тоа дел од мојот приватен живот.

    Од вчера, истиве извитоперени демократи се смееја зошто уште постоело земањето на невестата од дома на свадби. Па ако си со либерални ставови за животот кој к*р коментираш кој како треба свадба да прави?
     
    На mira.mira, cresa-jagoda, Baby-bubu и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.359
    Пол:
    Женски
    Најтрагично е што токму тие аутистични деца се поинтелигентни од тие игнорантски самобендисани створови, али нема кој да им каже.
     
    На *Amethyst*, simonna.a, Dust и 5 други им се допаѓа ова.
  6. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    66.871
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20170915-232933.png
    Humidity 77%. :sweat:
    До пред некој саат беше 90%, не се диши.
    Истуширај се, после 5 мин. иста песна. Го мразам времево.
     
    На Dust, EMoonlight, ЕденЧлен и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Секој од нас има лоши периоди во животот, некои повеќе од другите. Понекогаш се чувствуваме поразено, депресивно и безвредно. Ова се можеби најтешките емоции кои можете да ги чувствувате за себе.
     
    На simonna.a, "Zoki", Dust и 7 други им се допаѓа ова.
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Јас имав, за жал на краток период, еден прекрасен професор во средно со тетоважа на видно место. Беше од област за која бев доста заинтересирана во периодот, дури имав и приврзок на ланче кое многу го сакав. Која радост ми беше предметот, часот... сакав да се докажам, сакав да се изразувам, да бидам своја. И можев. За разлика од вообичаените професори, знаеше да ја разбуди креативноста во нас, бараше да излеземе од учење на памет, од шаблонот, да гледаме подалеку, подлабоко. Има неверојатна вредност за мене, и страшно ми е жал што ваквите професори се навистина ретки. Искрено му благодарам.

    Психа стега желудник, бубрези, јајници, гради... кога ќе те притисне на земја, си велиш готово е... Го мразам ова чувство на слабост.
     
    На ph.orhideja, Crna Dama, Anabelle.Amorette и 3 други им се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.950
    Пол:
    Женски
    Велат во љубов и во војна нема правила. Ама луѓето толку го разобличиле тоа што дури војуваат сами со себе, а другата страна не е ниту свесна па пак на крај излегува како победник. Не знам некој во животот што победил на база на лаги.
     
    На Petar80, "Zoki", Dust и 8 други им се допаѓа ова.
  10. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.316
    Пол:
    Машки
    Борбата почна,се надевам на победа и мир.
     
    На *Amethyst*, simonna.a, Dust и 8 други им се допаѓа ова.
  11. parksey

    parksey Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2017
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Она кога другарка од 15год со која се дружите 7 год не те вика на славење дипломска а вика другарки на другарки ...
     
    На simonna.a, muchacha_a, elimkd и 15 други им се допаѓа ова.
  12. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Можно е сите лоши работи да се случат во еден ден?
     
    На simonna.a, muchacha_a, elimkd и 4 други им се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    Во љубов и војна нема правила освен ако не страдате од нарцисоизам и шизофренија па да војувате сами со себе:D
    @LiliBoz
     
    На Petar80, manja666, Dust и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.050
    Пол:
    Женски
    Да не бидам погрешно сфатена, ама некој што полагал за кола во град со 5 улички, нема право да коментира за сообраќајна култура во Скопје!
    Кога колата ти е во дефект, наместо да ти помогнат, коментираат како зафаќаш тротоар, не можат точакот да го симнат на 20 секунди на улица.
    Од 100 луѓе што поминаа, се најде еден човек во права смисла на зборот.
    Кога не ја знаеш маката на некој друг, не врескај гласно!
     
    На elimkd, "Zoki", Mr. Right и 2 други им се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.950
    Пол:
    Женски
    има и такви де :)
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.567
    Пол:
    Женски
    Не е болест се што боли...
     
    На *Amethyst*, simonna.a, winter flower и 5 други им се допаѓа ова.
  17. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Мене другарка од пелени посебно ме викаше на роденден, никогаш со нејзиното друштво дома.
    Никогаш не сфатив зошто.
    I know that feel :hug:

    Он топик: Се е чудно во последно време.
    Дали сум среќна, дали ова е тоа, ќе дознаам наскоро.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Jean-Baptiste

    Jean-Baptiste Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    2.869
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам утре идам оваа организираната тура што е за Кокино.
    Ако иде некој од Вас нека ми каже да се запознаеме :)
     
    На Avokado му/ѝ се допаѓа ова.
  19. parksey

    parksey Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2017
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    верувај боље е така и јас така посебно си се гледам со најдобрата другарка и ни е мн поубаво можеме на раат да се расприкажеме и се.Може тебе те вика посебно зошо поубаво си поминува со тебе,или не сака да те дели или може некој/а од другите не те сака баш па затоа посебно ...мн причини може да се.Може сакала тебе нешто екстра да те почасти :).Верувај се е боље од токсичниве луѓе со кој ја се дружам.Токсични луѓе кои летово една по една ги исфрам од мојот живот и ми е одличноо.Мир и мир и само мир на душава :)
     
    Последна измена: 16 септември 2017
    На Crna Dama, *Amethyst*, JustFun и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.849
    Допаѓања:
    80.864
    Пол:
    Женски
    За секој има по една сродна душа, само треба да ја најде.
     
    На 8463., Petra777, "Zoki" и 10 други им се допаѓа ова.