Добро утро. Времево е милина. Ми се оди на планина со него. Сами ние двајца, чист воздух, утринско сонце и мирис на кафе додека се убедуваме да се извлечеме од креветот. Секојдневието, обврските, брзањето некаде постојано го менува човек. Научив да бидам себична за нас. Нема ништо подобро од чувство на мир и љубов коешто те исполнува. Се друго е неважно, само ние да сме среќни. Време е.
Најголемата мистерија на Балканот, убиството на пејачката Јелена, повторно актуелно во нашите медиуми...
Ред кори, ред зајре, ред зајре и пак ред зајре. Јесте дека некои јадења се со наградна игра пронајди го саламчето... АМА и ова не го бива. Мака да му падне на човек
Ден за тешки мисли како за понеделник Дали им е полесно на тие што знаат како да се упикуваат со фини зборови? Како успевате да им се упикате на тие што Ви требаат? Или додека Ви требаат ке ги дружите па после коj ги врти? Нормално сфативте дека не сум од овоj тип на луге. Порано си премолчував на неправди. Сега знам да си кажам што мислам, без уво да ми чуе за тоа. Знаете на чива штета е тоа? На моja секако. Станав проклето директна со сите, дали им се допагало на тие или не. Никогаш не научив како да им се упикувам на лугето за да добиjaм нешто. Друго што сакам да кажам. Jас сум тип на човек што се ме интересира, во слободно време читам што ми доjде. Имам неколку личности што ми кажале како може се да знаеш. Не знам се нормално, само читам. Погодуваjте кога им требало некогаш на некоj нешто каде се обратиле. На краj од овоj пост. Сеуште сакам да си заминам од државава бидеjки не гледам никаков излез од ситуациjaта во коja сум.
Од 0 до 1000, колкав манијак сум штом му го слушам последниот микс на Brendan Fallis додека му ги гледам сите слики од прва постирана до последна на инстаграм (а ги има вкупно 2575)?
Многу чудни луѓе, карактери...еден е животот...нема реприза..глеј си го своето гајле, не бери туѓо Нема потреба од глума и преправање, се знаеме кој сме и што сме
Пример за независно судство. Моја блиска особа оди кај еден обвинител и го прашува кои документи треба да се донесат. Блиската особа оди да ги извади тие документи во релевантната институција и од таму ѝ велат дека нема такви документи. Блиската особа се враќа повторно кај обвинителов и тој ѝ заокружува кои документи требаат и ѝ напоменува дека нејзиниот случај нема никогаш да помине. Мојата блиска особа се стаписува и згора на тоа обвинителот дури и се осмелува да ѝ каже дека и на судијата ќе му го пренесе истото. Бај д веј, другата страна која се тужи е блиска до ВМРО. Како беше тоа, имаме независно судство според ВМРО-ДПМНЕ?! Булшит, треба комотно некој да пушти вода во шољава со (извинете на изразов) гомна уште попозната и како судство.
Некој луѓе сакаат да ми го загорчат животот,да ме стават на просјачки стап,пекол да ми биде,но нема предавања додека тече и последната капка крв ке се борам,само преку мене мртва.
Сакав нешто друго да пишам, али ме мрзи... Уморна сум, почнав да работам на ново место. За истата плата како на прошлото, само тука не сум црнец и иам живот... И еден позз до бившата 19 годишна газдрица која ми рече дека дуќанот кој работи едвај со 8 вработени, на запад работел со двајца - еден на каса, и еден у дуќан.. Еве дојди ти и татко ти држете го цел дуќан сами, сега од кога си дадовме отказ скоро сите у рок од две недели...
Кога ќе му кажеш на грк дека си од Мк, а не Скопје (како што прават мнозинството)... Им ги обожавам тие скиселени фаци.
Некогаш е потребен силен ветар за да ја издува маглата и ни го разбистри видикот, за подобро да ги видиме силуетите со кој се дружевме додека имаше магла.
Гушкајте се, љубете се и користете го времето со блиските максимално. Не знаете што може да донесе утре.
Никогаш не сум летала со авион, а наскоро треба. Стравот и анксиозноста растат. Па почнав да забележувам авиони насекаде. По 5-6 како прелетуваат (до сеа не сум приметила толку), пуштам тв глеам филм со авион, отварам форум, глеам аватар со авион. Џизас
Секој ден: Удрен пешак. Удрен велосипедист. Удрен моторџија. Удрени возила. Сите брзаме кадеее ? Застануваат две коли на пешачки позади пцујат свират. Ааа детето ваше ако поминува на пешачки? Е тогаш боли. Случка: Еден Скопски коњ за малку ќе прегазеше дете на пешачки кога застана на семафор позади седеше дете приближно колку детето пешак што ќе го прегазеше Неќеше да отвори прозор да му кажам на грешката. А и дојде време ако му кажеш може да се налути па пиштол да извади Скопје е загадено поради огревното дрво још мало Се изморив од пишување
Кој вика дека не се остварувале желби ако доволно ги извизуелизираш со јасна цел и идеја?! Од инсомнија до еден куп носталгија. Ама бам! Се вратив до себе во сред пубертет. Не бев по дечковците бев по сонување со отворени очи. Првиот дечко ако може да се нарече го имав више "стара", веќе сите губеа невиност јас прв пат добив бакнеж. Бубалица! Ама дете со бујна машта и јасна цел по тие прашања. Романтичар! Заљубена во Плажата на залезот, веќе у пубертет јако, бев занесена по песната на Бен и Мег и љубовта на Пола (и нејзината лепота, ги терав да ме шишаат ко неа) и Рикардо. Тогаш заскав смуд сакс (врска немав што музика е де, знаев дека ми се свиѓа, цела серија звучеше така) у позадина и бам! си ветив тогаш - ти девојче бубај сега, не фаќај дечко, нека ги нека се занесуваат сега сите со дечковци, а кога ќе бидеш голема ќе те однесам на одмор со твојот згоден дечко и ќе се бацуваш на плажа на зајдисонце со него како парот на најавната шпица и ќе ви пичи таква музика во позадина. И многу ќе го сакаш, а и он тебе! Можда не звучело баш така у мојата глава, ама ветувањето и желбата беа тие. 15 години подоцна, јако сум му ја исполнила таа желба на тоа дете. Љубов према зајдисонца ден денес, а бога ми и на плажа дур не ми/ни згасне во поглед. Баш па последниве лета како се имаме ги ловиме и се гушкаме додека гледаме како денот си ја спушта завесата. Сум забораила скроз, од едно видео до друго, од шала муабет и евоцирање на спомени со него, он заспа, јас се ѕвездосав со серијата. Како не сум замислила дека до 30 години ќе има мир у светот, ќе нема сиромашни и сите ќе бидеме безгрижни? Ох уејт, у една тешка година за моето семејство низ солзи му реков на татко ми, кога ќе пораснам ќе бидам претседател за да нема војни и да не плачат децата по татковците. Бакл ап, може ќе се оствари. Човек од неспиење и стрес чудесија е каде може да се врати назад. Да одам каве да турам и да се спремам. Има ден за издржување. Ама лекцијава со целта, желбата, сликата, посакувањето, верувањето, до заборавањето на истата па се до нејзино остварување ради непаѓање во очај од опсесија да се оствари не за џабе ми дојде на потсетување баш денес. Како порачана токму!