Автобус од хармоникте, дупли..па уште и бројката со пенкало напишана ..ме врати во младоста спомени убави рано утрово ми разбуди...
Прекрасно утринско изненадување. Повторно немаме вода. Трет пат за шест дена. Не, јас не живеам во Аеродром, во Зимбабве сум!
Сакам да дојде есен, не знам дали сум една од ретките личности, што уживаат во такво тмурно и ладно време...многу ми е убаво, тие денови, кога сум дома, со некоја книга, чај во рака или пак да си гледам некоја серија/филм, а надвор да биде врнежливо, уште поубаво е кога има испаѓано листови, а дрвјата се празни. Не знам, можеби сум личност што ужива во самотија. Ама во тие мигови, уживам, размислувам, се релаксирам. Уште поубави ми се викендите кога ќе си направам салеп, какао или топло чоколадо и ќе си седам и кулирам вака.
Најубави ми се утрата.. ама оние ранобудни. Со блак зрак на сонце.. воздух еспресо и некоја цигара.. Сама со себе, плаво небо и по некој авион .. бљуам и одмарам мозок!!
И јас го обожавам тоа и кога одев на факс по тротоарите имаше опаѓано мн лисје жолти шумолат и си ги газев и ритав.порано правев така,со какао или топло чоколадо во рака уживав во есента...но сега веќе не сум сама и немам баш време да уживам во тоа....
Овој пост е посветен на сите кралици и кралеви што не враќаат ништо на коментарите на слика на фб, или на честитка посветена за нивниот роденден. Му пишуваат сите роднини, пријатели, колеги на ѕид за роденден, а тој цело време си стои онлајн и ништо не им враќа. Барем лајк стави им што се сетиле на тебе и ти посветиле 2 минути од денот, нема да ти падне круната...Ти ветувам... Или, слика остава кралицата и долу сите коментираат дека е прекрасна, најубава, а таа ништо не вреќа туку си продолжув да остава други слики или песни (небитни сте, не сака да се понижува да ви врати коментар, ни лајк да стави). Или некоја мајка остава слика од првиот роденден на Мила, па сите и го честитаат роденденот, а таа ништо не враќа, иако си стои приклучена и споделува од Семе синапово (барем пиши на крај Фала на сите... нема бисерот да ти се одрони). Ооо вие семоќни богови на фб што не цените туѓо време и внимание Оооо вие господари на фејсбуковото поднебје Смилувајте се. И што е најтрагично луѓето упорно им пишуваат и им честитаат...Значи сфатете дека не им е гајле нив дали ќе им честитете. Времето што планирате да го изгубите пишувајќи на нивниот ѕид, посветете го на некој околу вас.
Станислав Петров, чоекот што го спасил светот, се упокоил пред извесно време, медиумите тек вчера ја објавија веста http://www.bbc.com/news/world-europe-41314948 Sten во млади години, кога спречил трета светска RIP comrade Sten
Ако некогаш сте се запрашале која е точната причина за дечките кои гласно ги турираат своите мотори низ улициве во секое доба на денот и ноќта, одговорот е – нивниот пенис. Можеби ова е малце повеќе фројдовска констатација, ама тоа не ја прави да биде помалку вистинита. Затоа што повеќето мажи се во токсична, love-hate врска со својот пенис. Од една страна, тотално се обземени и восхитени од него, а од друга, целосно разочарани и смртно преплашени од неговата неадекватност и големина. Нормално, ниту еден од овие мажи нема никогаш да признае дека има мал пенис. А сепак, секој од нив е болно (само)свесен за ова. И затоа, секој од нив го поминува целиот живот обидувајќи се да го продолжи својот пенис, макар и на метафорички начин. А ваквите мажи се прави иноватори кога е во прашање продолжување на пенисот. Практично сѐ може да стане penis extensor. А ретко што подобро ја исполнува целта од голема, моќна, пулсирачка, фалусовидна машина помеѓу нозете на ваквиот маж. Конечно, нешто што го доловува неговиот пенис во вистинско светло! Додека прелетува покрај вас, силувајќи го моторот до најголемиот можен број на вртежи пред да смени брзина, практично можете да го чуете како ви се обраќа: Неееееееееее... мииииииии... еееееее... мааааааааааал! (Brought to you by the Doppler effect.) Рака на срце, не е целосно јасно кого се обидуваат да убедат во ова – себе или нас, случајните минувачи. Ама, by the Gods, ќе ве убедат, макар тоа да значи да поминат по вашата улица не еднаш, туку пет или шест пати во рок од пола саат. Но пред да ги осудите или сочно испцуете кога ќе ве одминат, сетете се дека овие луѓе ризикуваат сѐ – да бидат казнети за брзо возење, ја загрозуваат сопствената и туѓата безбедност, го ризикуваат дури и сопствениот живот - буквално сѐ, само за да покажат и докажат дека немаат мал пенис. Сетете се дека просечната големина на пенис е само 12 центиметри, дека само 8 центиметри се доволни за да успешно се задоволи жена, а всушност, големината не е ни важна, битна е техниката. А на крајот на краиштата, зошто сте толку плитки, па не е сѐ во сексот. Каде е смислата за хумор, шармот, карактерот? Сѐ што треба да запомните е дека нивните пениси не се мали, напротив. Натпросечни се и големи, бидете сигурни во тоа. Па зарем некој со мал пенис воопшто би можел да вози толку голем мотор и да го турира толку гласно? Се разбира дека не.
И шо сега? Лути ќе сме и ќе си недостигаме и ќе ни е се празно и штуро и бесцелно ќе се воздржуваме ради шо...? Гордост? Самоодбрана? Самозаштита? Глумење фраери? И ќе помине време, ќе оладиме, дури и ќе заборавиме... А тоа значи една личност помалку во нашиов живот. И не дека е страшно ама е грдо. Грдо е некој со кој си бил како едно сега да е само уште едно име на четот и во именик. Грдо е ако остане на ова.
Му велам прееска на внук ми (3г) ајде да му се јавиме на тетин ти (дечко ми) да видиме кај е. И ми вели оди тетин женки ( отишол тетин по женски) Сонце тетино најмило, знае да ме насмее, да ми го разубави денот. Се топам секогаш кога ќе ме гушне со тие мали рачиња. Кога ќе ми рече дека ме сака најмногу. Децата ја чувствуваат милоста и знаат да ја возвратат.
..ќе ти кажам нешто само тебе,ама те молам не кажувај на никого... Те молам не ми кажувај,сакам да си останам чиста.Не ме "мацај" со твоите 'тајни'. СДК...дечја посла
СДК се чувствувам празно, за некои грешки на моите родители сега немам една убава навика..тоа ме прави празна и помалку вредна
Аууу како ме изиритира една жена во автобус.. Не постара од 35г, седнала, со телефонот во раце и игра игри. Една бабичка и се доближи и ја праша дали столчето е за двајца, да седне и таа, и оваа дрско и вика не. Не ја ни погледна. Бабичкава ја прашува : " Може ли да седнам јас"? И оваа пак НЕ. Ауу идиотизам!!!
Џоли аплаузи за постов, толку фино кажано а толку вистинито Една од ретките си на форумов која си кажува само вистината без многу украсување, па од мене имаш
Не сум родена јас за на балкан дефинитивно. Требало некаде во Шведска да ме пушти штркот, бар немаше да се замарам со нафурани фаци што мислат дека Цеца е богиња и дека турбофолкот е музика
Или пак едноставно шутнете ги од било која сфера во вашиот живот, макар било тоа и од фејсбук. Само да те надополнам. Инаку се согласувам целосно.
Факултетот и дипломата не те прават човек, туку добрината, културата, доброто воспитување и проширениот интелектуален капацитет благодарение на многуте прочитани книги. Но и ова не е толку важно колку што се важни трите работи кои се наведени на почетокот, како и емотивната интелигенција. Така да сите вие кои сметате дека дипломата ќе ве направи човек, грешка сте. Променете си го размислувањето.