Дјабе плака човек и кабловска и све, ниту еден филм убав да дадат човек да се утепа седејки од гледање, некогаш си викам да не беа турскиве серии ке си пукнев од досада, барем има што да се гледа навечер.
Жими се не можам да ги гледам веќе нафураниве фаци по инстаграм, сите копии една на друга, со истите крзнени влечки и очила поголеми од главата која им служи за украс, замаскирани со 2 кила шминка. Сите до една пишале дека се јавна личност/блогер во опис а тоа што не знаат што е блог не е битно.
Некаде таму во старите канцеларии на државните институции, каде што обичниот човек не смее да стапне од х причини се кријат... Спојлер Намалете со тоа шминката бре луѓе, воопшто не е вкусно, ниту одговара на човек што ја претставува институцијата во која работат. И воопшто не претерувам, страшно! Прецртани усни, пренашлакани очи, неприроден руж... да се збуниш каде си влегол. Лес ис мор.
Фамилијата ми е трагикомедии. Искачам од бањање сабајлево и глеам 10 пропуштени повици од непознат број, си викам шо е толку итно, вртам стрина ми. Чоек да си помисли којзнае што е... И ми вика "чичко ти на фб има еден шутрак шо нејќе да го глеа, кажи ни како да го избришеме". Им објаснувам чекор по чекор, долга процедура цели 10мин дур сфатија и на крај чичко ми "ете најпаметна во фамилија, одма ни среди, а не овој да го глеам уклучен, ропак ниеден". Колку се изнасмеав, не е фејсбук за сите дефинитивно, за што се потресуваат луѓе у години...
Точакот ми е помил од автобусот. А кафето најслатко е посабајлечки. Денов не е најубав. Сдк правете го она што на вас ви е убаво.
Сите лаги кога тогаш се дознаваат. Некои порано, некои подоцна. Мене наjомилени ми се оние кои одма се дознаваат
Мене па ме нервираат оние што седнуваат на надворешната страна од седиштето, а внатрешната ја користат да си остават ташни, ќеси и сл. Па кога сакаш да седнеш само се врти на страна и ти праи гз место, па ти треба да пазиш да не удриш некој. Сељачишта.
Денес кај Трудова Медицина или Медицина на трудот како сакате кажете имаше непријатна и страшна слика. Седнати двајца млади чоенца(дечко и девојка ваљда)и сега девојчето седи со испружена рака спрема дечкото,а дечкото со иглата со тоа шприцот ја боцка.Се дрогираат на јавно место ало! Вработените оттаму,нормално според нив,си влегуваат и излегуваат,поминуваат покрај овие млади дрогираши и ништо не превземаат замислете! А одделението за дрога е само стотина метри потака...ниту пак се трудат да им ги најдат родителите и слично. И ете младите ќе ни се запустуваат,и ние чоенца ќе седиме настрана,кој од страв ќе избега,кој од шо гајле нема ќе помини покрај нив како да се обични луѓе шо си седат... Еееех...
Сакам да кажам дека се приметува на сликите на Фејс и Инста дека го вовлекувате стомакот. #плажа #бикини #желбазараменстомак
Во последно време се чувствувам ко некој хрчак заглавен во тркалото. Цело време туркам некако, и цело време тука па тука. Нема никаква промена ниту пак најава дека нешто ќе се смени. Ме гуши средината, никако напред да тргнат работите. И не ми се живее веќе овде во Мк. Ама ич.
Не сакам луѓе. Еве, не ги сакам и не можам да се замислам константно во друштво. Поубаво ми е кога сум сама или со оние, на шака избројани, луѓе што ги сакам. Чувствувам нервоза кога треба да сум меѓу луѓе непознати за мене или онака, еднаш-двапати сретнато. Не знам да водам празни муабет колку да помине време, не знам да глумам радост и не можам да бидам насмеана и зборлеста само затоа што сме се нашле во истото друштво. Едноставно, не можам, не сум тоа јас. Често пати ми рекле дека тоа е моја маана, мој хендикеп и треба да се трудам да го надминам. Можеби и се во право, ама не мислам дека треба да правам нешто што на моето битие првенствено не му одговара само за да се вклопам во општествово. Нит сакам, нит морам да сум константно со други човечки суштества.
Не очекувам друг да ми го создаде патот по кој јас треба да чекорам,сама ке си создадам свој пат и храбро ке чекорам по мојот пат,и нема да дозволам никакви препреки да ме спречат во мојата намера.
@buba4e89 За велосипедот Сдк Треба и од автомобилите да ни е помил велосипедот драги народе. Па така сите ќе бидеме среќни и весели,без нервози по семафори и улици и помалку незгоди.
Престануваш да сакаш некого во истата секунда кога патиштата ќе ви се раздвојат? Не. Ќе поминат години, ќе сте оддалечени со илјадници километри и една порака ќе смени се. Една средба на истото место каде што сте се разделиле. Животот ни дава исто колку што ни зема. Ни ги враќа оние кои ни требаат, луѓе, предмети сеедно... И ни покажува кои ни се вистински пријатели. Некого ќе го знаеш еден месец а ќе ти се најде ко да се знаете 100 години. А со некого ќе пораснеш и никогаш нема да има време за да ти помогне во мака. Ама не можеш туку така некого да престанеш да сакаш.
Почетокот на есента секогаш ми носи некоја блага меланхолија, желба за нов почеток, тага што завршило летото, носталгија што ја буди мирисот на ајвар... полните книжари и школски дворови а празни срца. Есента ме тера на нов почеток на планови за промена, а толку проклето мразам промени. Исполнета со контрадикторност златна и сива, влажна и сува есента ми носи олеснување. Нема повеќе очекувања за долги ноќни прошетки, планови за продолжени викенди, скитање по планини и мориња. Се мотам во ќебињата, пијам чај и пуштам некоја серија со 100 сезони. Купувам највисоки гумени чизми и нов чадор ама никогаш не го користам зашто мразам да излегувам кога врне. А толку многу сакам да слушам како тропка дождот по лимовите, се слева по прозорите... не е есента контрадикторна јас сум, постојано барајќи нов предизвик со кој немам храброст да се соочам.
Денеска во теретана забележав едно лице со кое животот и не бил баш така фер и ми падна претерано жал. Во меѓувреме си реков во себе: „си поминал низ секакви гомна во овој живот, но барем си здрав и прав и има луѓе кои се наоѓаат во полоша состојба од тебе, така да биди благодарен и на тоа што го имаш, најважното“. Само не ме сфаќајте погрешно, на овие лица им посакувам секое добро и не ми е намерата да ги злоупотребувам нивните маки, само сакам да кажам дека ние кои се наоѓаме во подобра состојба треба да сме благодарни и на тоа што го имаме.
Пред една година животот ми удри толку јак шамар, што после толку поминато време уште боли, и е со ист интензитет како првиот ден. Се прашувам себеси, дали го заслужив јас тоа? Потсвеста тивко ми потшепнува, да, ти го заслужи тоа. Боли, многу боли, но ниедна болка не е вечна. Дали ќе боли до мојот последен ден, времето ќе покаже.
Мојава баба е закон. По цел ден оди по мачките како по мали деца. Ги рани, им зборува. А 5 ги имам. Е сега комшиките цело време ја прашуваат зошто ги чува, зошто троши пари за да ги храни. И баба ми им вели еее како нема да ги чувам, па јас каков ќар имам од нив, субвенции за нив земаме. Ептен ги замисли. Ги замолчи. Има шанси од утре мачки да бараат и тие да чуваат.