Возможно ли е да поминеш помалку од 24 часа во некое место, а да ти доаѓа да трчаш по улиците и дури бандерите да му ги бакнуваш од што ти е убаво?Bratislava, missing you
Елена ќе правела американски палачинки! Марш ма... ти одвај се научи да ги в'тиш тие нашите, тенките. Феминки по лп те учеа како да ги правиш, а да не ти паднат позади шпорет. Она АМЕРИКАНСКИ ќе правела! Се американизираш, засрами се. Напрај си наши палачинки, да те види Господ. А не некои брбушки. Еее, почнав за мене у трето лице да зборам. Што ќе праиш. Е што да праиш... Пола млеко у палачинки стаив. Сега нема да можам да пијам вечер млекце. Литро ипол испив и пак ми се пие. Се' додека не се напијам млеко од лав, за мене кравата е ЦАР на животните. Душа давам за млеко ако треба.
Сабота вечер,а јас си седам дома.Кога ќе размислам,лименката Џек и концертот на Скид Роу ми праат поише кеиф него акање по кафичи и журки. Мммда.
Само вистински заљубен дечко по напорен ден може да вози 12 километри со велосипед, во 1 часот навечер, со цел да ја изненади, насмее и гушне својата сакана на само 15 минути. Е да... Имајте убава вечер.
Прекрасен ден.Ден кога сфаќаш дека ништо не е залудно, дека трудот се исплаќа.Ден кога со нетрпение и часови чекаш да ти соопштат кое место си освоил, мислејќи дека си во последните и дека се е за џабе.Ден и покрај тоа што мислиш дека тоа што си го напишал ти е неточно и ќе се кааеш.Ден кога скокаш и се радуваш како мало дете.Едноставно ден на победа, кој те води на републички натпревар. Сакам да кажам...никогаш не се откажувајте, трудете се, секогаш ќе успеете во она што го имате зацртано.Имајте пријатна вечер и убави сништа.
И две работи што ги заприметив тука: На 24 саати се пишуваат дури 2 страни во најактивната тема на Фемина на сите времиња СДК! Оваа категорија, која порано ја разгледуваа 34242435 активни членови и 4543225 гости, сега падна на (моментално пренесувам во живо) 2 активни членови и 18 гости. Толку многу работи се промениле на моето некогашно омилено место. Живели!
Кончита може и два пати да победи на Евровизија ама никогаш нема да добие менструација! ХА! Сирот Хитлер, се превртува во гроб.
Колку е убаво чувството, кога луѓето коишто сте ги запознале сосема случајно, не сте ги виделе со години, од нигде никаде ќе ви пишат и ќе ви го разубават не само денот, туки и цел месец! Cheers, за пријателствата кои живеат без оглед на границите, просторот и времето коишто ги делат луѓето.
Ми се плаче кога ја гледам мајка ми како плаче за мене... Што да правам сега? Не сум јас виновна што сум толку нежна... Секоја обична настинка кај мене мора да премине во сериозна состојба во која мора да сум подготвена за живот или смрт. Зошто токму сега? Секогаш ми се случувало пред настап да се разболам, па да не учествувам... Но, сега не е толку едноставно... И полуматура доаѓа, дали тоа значи дека ќе треба исто така да ја откажам прославата? А како ќе се сликам? Пропадната во очите, пожолтена во лицето? Или пак мртва? Не се трпи ова веќе, не сакам и мајка ми да страда поради мене...
Премногу ме нервираат расистите! Немаат мрднато подалеку од Балканот, а се некој и нешто и кој и да видат што “им прече“ одма го хејтаат. Гледаме слики цело друштво и само имаше еден црнец и една прокоментира тоа колку е грд, дека и се гадело од него незнам што.. На Икс Фактор, кога уште беше Фифи, статуси на сите страни имаше како треба Хитлер да се врати и да ја убие.. Евровизија гледаме цело друштво и еден другар почна да збори како имал нагон на повракање кога ги гледал претставниците од Австрија.. Зашо? Зашо ги хејтате геј персоните? Што ви згрешиле? Ја имам другарка што е геј и све е нормално.. Се додека не дознае некој и ке треба да отиде нагоре, дека тука сигурна сум дека ке биде малтретирана, и психички и физички.. Тоа е жално што со прајме.. Зашо барем еднаш не прекутат кога ке видат некој таков? Мора ли секогаш да зборите што ке ви дојде напамет, само да бидете забележани од другите? Мислете дека тоа е интересно? Не! Не е ни малце интересно, всушност исмевачите не сфакат дека се спуштаат на тоа ниско ниво.. Жално е што сеуште го живееме онаа “Османлиското“. А сигурна сум дека за 10-15 години дека геј и транвеститите ке бидат најнормални како и другите луѓе. (Надеж има)
На крајот на денот сме обична биологија за огромниов космос, и срам ми е во името на секој што се дрзнува да се меша во интимата или животот на другиот, особено на оној кој не го познава или воопшто не му наштетил. И како што кажав, на крајот на денот сме обична биологија за огромниов космос, и зад сите хромозоми и крвни зрнца и коски, исто смрдиме и исто сме заебани. Дали е добро или лошо тоа - не знам, како сакате сфатете си го, ама најчесто не се ставаме у кожата на другиот, затоа што сме животни, како и сите други на оваа планета, и можда природата ја дала ваквата голема свест на погрешен вид, ама тоа е...
Κаκви цветни дезени во мода бρе ,на сцена настапува модата жена со бρада.Готово пуштам бρада од утρе и κе ја бρичам сеκој ден за да ми е погуста... ilent:
Денеска прекрасен ден! Створен за шопинг. Си реков,ќе одам и ќе се шетам низ бутиците,немам нешто многу парички да си го наполнам шкафчето со обувки и облека,ама затоа имам доволно да си ги наполнам очите. И,ајде да се дотетам за низ град Се гледам у огледало,штрчат ли штрчат овие дебели влакна на брада. Ај сега барем со појавата на Кончита нема да се секирам и стресувам кога ќе ми подраднат брадата и брковите.Ама не знаев дека ќе победи и сега дека ќе е популарна,па си изгубив драгоцено време со чупалка во рака,да си ја средам брадата и да исчупам понекој брк Откако се средив,излегов и си ги редам бутиците.А тие полни со луѓе,надвор топло,внатре мириса на пот,ама мора да се издржи,барем да се види што има ново.Си шеткам,во еден бутик се задржувам од 30-40 мин,детално разгледувам што има ново,и си ја подвивам опашката и си одам.Знаеше и да се погоди некоја која ќе ме погледне попреку,демек сум се врткала толку време,а ништо не сум купила.А мене гајле ми е Ама затоа после исцрпното шетање,си купив само фарба,да си се исфарбам,мислев и тоа да го оставам,да ми изгледа како омбре косата,ама викам ајде ем ќе сум модерна со брада,ем па и омбре.Не оди тоа едно со друго.Овој беше исцрпувачки ден за мене,добри 4 сата поминав во шопинг,а дома си се вратив со полни раце невидливи кеси,и да,потрошив еден куп пари од скоро празниот паричник Ај ќе најдам работа се надевам побрзо,па ќе се подновам стварно
Не џабе се рекло: '' По утрото денот се познава." А мојов, покатастрофален не можеше да биде. Од сабајле, па се` до сега. А баш се чекаше викенд. Демек добро расположение, бла бла бла.... Не знам. Како минува времево се` повеќе и повеќе се разочарувам. И од луѓе, и од се`. Апсолутно од се`. Секој гледа да ти наштети на било какв начин, да те навреди, повреди... Секој си гледа само за себе без ни малку грижа на совест за она што им го прави на другите. Гајле им е. Не ги боли ним. И понекогаш им завидувам на таквите. Се прашувам зошто јас не сум таква?! Зошто и јас барем еднаш во животов да не се покаам кога ќе направам нешто и да не ми е гајле какви ќе бидат последиците? Зошто барем еднаш не останам ладна и не престанам да си ја тупам главата со глупости? Ми доаѓа да се изолирам од се` и од сите. Сакам да сум сама. Да видам кој ќе ме побара и на кој сум му потребна. Да си ги средам мислите. Или подобро да го пуштам мозокот на пасење и да не мислам на ништо. И онака сево ова доволно ме напнува. Главата ми е хаос, како и секогаш, но сега сум уште позбунета. Не знам кој пат да го фатам. Сакам да се исплачам, а не можам. Немам ни солзи веќе. Тешко ми е. Истите работи се вртат во круг од кој нема излез, долго време, и ништо не се менува. Освен на полошо. А се надевам на подобро.