Денес хаос во Центар, гужва во сообраќајот. Не се известило навреме дека ќе има маратон. Туку, не е битно тоа, него еден чичко што ми го разубави денот. Беше во инвалидска количка и се натпреваруваше на маратонот, толку беше мотивиран и брзаше напред. Се најде и човек што му помагаше да го турка, посакав и јас да помогнам, ама не бев пријавена. Сепак постојат добри луѓе, а не намуртени со црн облак над глава и ништо не им чини. Сакав да кажам, не е важно како изгледаме однадвор, туку одвнатре. Ова се кажува, нема потреба од друго. Имајте прекрасна сончева недела.
Бидејќи тие им ја кажуваат вистината в лице, а тоа на лицемерите не им се допаѓа Јас секогаш реално зборувам и не ми е галје...барем вистината ја кажувам
СЕ МОЛАТ VIP ДА ГИ ПРЕКИНАТ БЕСПЛАТНИТЕ МИНУТИ БИДЕЈЌИ НИ СО НИВ НЕ НЕ БИВА... Македонштина.... Слушнав муабет: Штедам бесплатни само 100 имам
СДК ..секој гледа да ти наштети на било каков начин , секој сака да те турне , да ти се потсмева за нешто , никој нема да ти подари искрена насмевка , да ти подаде рака , да те крене ако си паднал.. не бре ! ова денес не знам што е..сите глумат лудило. Бог да чува..
Па што се 100 бесплатни, јас на Т-Мобиле имам 100 кон другите мрежи и секогаш ги трошам и надминувам бидејќи нели сега сите на Вип се префрлија, ги залажаа со неограничените. СДК дека многу ми се допаѓа како ми започна денот, уживав во сонцето, ги гледав маратонците меѓу кои беше и брат ми. Нека им е со среќа успехот, каков и да постигнале. Си ги почнав и омилените сандалки, летото официјално започнува за мене. Имајте убав неделен сончев ден, одам јас да го искористам максимално во дворчето на дечко ми.
Моментот кога вртиш на нечиј мобилен телефон и не знаеш дали припаѓа лично на еден сопственик или има функција на домашен телефон и кој стигне дома, тој се јавува. Па добро бре, кога вртам на некого очекувам тој да ми се јави, а не трето лице кое изиграва лична секретарка. Дури да се збуни човек, го гледам екранот на телефонов да видам да не сум свртила погрешен број. Па уште те прашуваат, кого барате, а кој ја бара, а зошто... Да се работи за 15 годишно девојче, ќе сфатам, од дома ја контролираат, ама за 22 годишна девојка, не можам да сфатам. Нешто што најмногу мразам е да се јавувам на туѓ телефон или да се јавуваат на мојот телефон во мое име. Ако другарка ми ми врти мене, значи мене ме бара и очекува мене да ме слушне прво, а не дечко ми, мајка ми, татко ми, сестра ми и сите по ред. Дечко ми неколку пати ми рекол идам да се бањам ако ѕвони некој, јави се. Сум му рекла и на него, не ме замолувај такво нешто, нема шанси, кој и да ѕвони никогаш не сум се јавила. Другар му очекува он да се јави, а не јас. Како демек "едно сме ние, нема врска дали јас или дечко ми ќе се јави, исто е". Епа не е исто да ви кажам. Тоа "едно сме" за нас двајца може да си го применуваме, а кога се работи и за други луѓе тогаш треба да се знае границата и приватноста. Исто и на фб ми се има случено. Уште пред две години кога имав фб. И' пишувам на другарка ми, и тоа доста долг реферат си напишав, со не толку приватни работи ама сепак не сакав никој друг да знае. И погодувате? Дечко и' ми враќа. Не е ****, дечко и' е. Па добро бре, ако сакам нешто да и' кажам? Нешто приватно? Или нема врска тоа? Не, не, сигурна сум дека луѓево не знаат за граници, не знаат за приватност.
За убивање е сосеткава. Поради неа може двајца да умрат, а таа си продолжува со цигарето. Знае дека имам пневмонија и ми сметаат цигарите, и упорно си стои до мене. Се качувам горе трчајќи, едвај дишам, а таа се чуди што ми се случило. Жено мори, ќе умрам поради тебе. Дојди сега, ти бдеј над мене секоја вечер, купувај ми ти лекови, носи ме ти во болница. Но, не. Ние секогаш сме тука за теба. Пари кога немаше, кога требаше ќерка ти да се прави операција, кој ти даваше без да очекува да ги добие тие пари назад? Моите родители. Да, дури и кога немаа, гледаа твојата ќерка да го живее детството трчајќи, а не во инвалидска количка! А ти? Ти го убиваш нивното! Освести се малку! Па дури и бремена си. Тоа дете после кога ќе се роди со некакви компликации, кој ќе ти дава пари? Моите родители. Пак тие. Да, тие што секогаш ти помагале, тие чија ќерка може да биде мртва поради тебе! Сега јас ќе умирам, ќе одам во болница, ќе откажам настапот, ќе откажам полуматурата, а ти ќе плачеш дури кога твојот син ќе се роди мртов. Очекувај да се случи тоа. Никогаш нема да ти го простам ова што ми го направи. Никогаш!
Убаво ми е ... Поради мирисот на свежо покосената трева во дворчето. Поради ново засадените цвеќиња , и гледање на убавините на веќе постоечките. Сладоледот кој го вкусувам надвор, на воздух, на сонце, биското, со парчиња чоко стоби флипс во него... Мирисот на најубавото Франк турско кафе, испиено со мили луѓенца, џагорот на дечињата во моето маало, кога ги гледам тие пораснати дечиња, некои веќе тинејџери, се присеќавам на убаво поминатото детство, и на тоа како ги пазевме тие некогаш бебиња, кои сега пораснале... си викам, уф Боже, како само времето лета .... Ситниците го прават човек среќен, во тоа се состои големината на човекот, да биде задоволен со овие малечки, но значајни нешта. И да, мај е мојот најомилен месец, дефинитивно...
Посебен ден , ден исполнет со многу насмевки среќа .. Ма нема посреќна денес од мене. Сакам да кажам дека го имам најпрексрасното семејство на свет, најпрекрасната љубов која е секогаш до мене. Фала ви најмили мои што ми го разувавивте денот! Без ВАС јас не сум ЈАС Повелете почастете се феминки.
Денес го искачив Водно!!! (добро пола ) Многу е добро чувството!!!! Бтв Европо колку се избрука овој пат!!!!!!!!
Се чувствувам презаситено, не можам веќе вака. Ме убива монотонија, едно те исто, секој ден проклета копија на претходниот. Ми треба промена, голема и значајна. Ми треба да се искажам, да се истакнам, да можам да бидам ЈАС до срж, баш таква каква што сум, без никој притоа да не ме погледне накриво. Ми треба да гледам нови луѓе, незавидливи, неподмолни, луѓе со насмевки, а не намуртени лица. Ми треба да гледам ЛУЃЕ околу мене. Очајно ми треба и посакувам промена. Се стремам кон тоа, но веќе трпението ми е при крај. Уште колку ќе издржам не знам, ама знам дека нема да биде уште многу. Далеку од тоа дека моментално не сум на задоволително ниво, ама свесна сум дека можам повеќе и подобро. И ќе стигнам таму, кога-тогаш. Го знам тоа. А експертите психолози советуваат: кога посакувате промена, а притоа истата не е можна веднаш, почнете од косата Така, бидејќи во моментов ништо не можам да сменам, а долгава коса веќе сериозно не можам да ја трпам, време е да направам нешто различно. Боб фризура со подолги шишки на страна ми се врти во глава веќе некое време. Cheers to changes!
Пред да се изјасните со вашето ценето мислење и започнете реченица со: "абе види вака, од моја гледна точка..." би било убаво да проверите дали воопшто некој го побара вашето мислење и имате ли вие таква гледна точка?
Само што слушнав: - Иииизгоре лончетооо, претече млекотоооо. Сега ќе си се сместам на прозор, па не се мрдам од него, за жива глава. Сакам и јаааааааааас. Ама бегај таму, кога ќе се утепам. Порано позади дрво се криев, сега ни дрво не ме збира.
А зошто пак јас се да се грижам за другите и за сите работи,а што сум пак јас тука епа не може повеќе навикнувајте се без мене !
Tолку им беше, 5 минути. А бре јас кога ќе заглавев таму, 2 саати ми требаа дур да фатам некого. Сите ме пљукаа. После здравена Марија бев, еее. Овие сите се разотидоа. Не е фер. А нешто друго да игравте? Ааааајде, играјте бееееее.
Небесно синило ме покрива во глувата тишина.Ја отфрлам далечината и се спуштам во реалноста. Молчам и потонувам во светлината.Се радувам на сонцето во мене. Замислувам восхит и шаренило од цртежи.Меѓу височините и белите дланки го пронаоѓам моето его.Потиснувам ситни парчиња од сеќавањата,еден дел останува таму некаде. Испивам голтка од утринското кафе и ме разгалува сончевата светлина. Патувам низ духот на ориентот.Бројам топчиња од старата сметалка како решена загатка. Нема граница за победа.Времето е предизвик. Го пакувам мирисот од црвена цреша во душата и го таам за себе. И кажувам збогум на изодената патека.Градам иднина и живост. Се насмевнувам на искажаните зборови и воздивнувам на чувствата. Мудроста е тајна. Целта е успех.