Абе мириса на љубав и форумов. Неповрзано со претходново, вчера запознав еден roadie на Стинг и рече ќе не внесел денес на концертот со другарка ми. После батето се начука и исчезна мистериозно.
Она кога фаќаш некого во лага и не признава туку ја извртува работата за тебе да те обвини безвезе,е од такви нелуѓе ми доаѓа да се отселам од планетава
Македонска свадба. Наместо на тој најсреќен ден да си поминат најубаво младоженците, тие куртите не се свесни што се случува и не се при себе цел ден. Наместо најубав, тој ден им станува најнапорен...Па некои невести пријат апчиња за смирување. Некои па толку многу се притресуваат околу настанот, што свадбата ја гледаат како обврска а не како забава и уживање. На тој најсреќен ден кога се скулчува нов брак и се создава ново семејство од кое може ќе произлезат нови жители, главна улога ја имаат тетките и бабите што мора да играат оро помеѓу зетот и несветатат, а успат и 3 пати сочно да ги бакнат во уста и да им посакаат бериќет. Секоја чест на младоженци што во последно време ги канат само најблиските другари, најблиското семејство и кумовите...Канат луѓе што искрено ќе се радуваат со нив, што искрено ќе им посакаат среќа и ќе прослават со ручек во смирена, интимна и хармонична атмосфера...А после ручек младите заминуваат на меден месец. Тоа е свадба...Одморени, весели, најдени, среќни, со најблсики и ПОЗНАТИ луѓе околу нив. Но...Во вакво опкружување и менталитет, свадба значи кој повеќе ќе потроши за порции, кој ќе има повеќе непознати луѓе од 5то колено, кај кого ќе се свират повеќе партиотски песни и кој ќе има повеќе пијани гости. А младите? Тие не се битни, секако ќе го гледаат цедето па тогаш ќе видат како им било на сопствената свадба....Битни се родителите што живеат за тоа да им направат голема свадба за синот/ќерката.
Кога човек ќе изгуби некој што многу го сака, губи еден голем дел од себе, од својата душа. И боли. И веќе сеедно му е се'. Велат дека ќе помине се'... дека после дождот доаѓа сонце, дека кога се затвора една врата, се отвара друга... но не баш се' поминува... она што на срцето му е драго, засекогаш останува во него. Нема ништо потешко од тоа да носиш некого во своето срце а да не можеш да го видиш, допреш, да го слушнеш. Ништо нема да биде исто...
Ви благодарм од срце,едвај чекав да споделам пак со вас се,благодарам на поддршката и разбирањето на @Dust @referentka @LiliBoz @ЕденЧлен (и на останати,со кои си комуницирам во лична порака,сепак мојата интима не мора овде до детал да ја изнесувам за на таквите ко @Bridget да им е интересно да си прават разни траги-комедии...) на моја сметка де па забрала гајле Бриџа мене ќе ме болело срцето,е нека ме боли,секој си има свои избори во животот @Bridget А ти Бриџо,уживај не е женет,да си ме читала цело ова време колку детални милионски постови имам посветено за него каде објаснувам дека и ТОЈ е сам и ЈАС,а сепак не сме заедно од икс икс причини немаше да треснеш ваква глупост,ама ајде барем си го направи поинтересен денот,се надевам.... и друг пат означи ме кога ме спомнуваш,ништо не боли де Ве сакам дечки чест на исклучоците,ама за разплетот ќе бидете известени,не грижете се
Не губи надеж @Rama , упорноста велат дека секогаш се исплатува... Те разбирам како ти е, твојата љубов е чиста, посебна. Се надевам дека тој ќе го сфати тоа и дека љубовта ќе победи.
СДК дека кај луѓето има чудна нишка во кодот. Никаква одговорност се нема за заедничките добра. Кај сите важи она:само она што е дома е твое...она надвор можеш и да го уништуваш. Се додека не проработи САМОодговорноста нема да тргнеме напред! П.С..инспирирана од кршење на клупи и канделабри по паркови и јавни места.
Сакам само да и порачам на комшиката која го двореше веќе бившиот ни Градоначалник по дома за минатите избори, и која не врбуваше да гласаме за него за да не ја избркале од работа ( а работи таму 20 години и децата нејзини си ги прчат со службеното ауто), дека бараме девојче за втора смена за кај мене у кафич. Фмп.
Добро утро лешинари! Знаеме ,кога бродот тоне дека глуфците први бегаат,ама дека Македонија е држава на волку многу глуФци не сум знаела. ...и не се трескајте од земја џабе,нема да ве запослат ако силно аплаудирате или викате "уа"! Додека за вас е доволно да сте дел од победничката толпа,за некои тоа е смешно Доволно е да бидете само критички настроени и да отворите очи. Се надевам дека не мислите дека новата ера продолжи.. Посветено на новите "симпатизери"
те молам ти реков и иронично се насмеав, сакав да ти речам мрш. штета, имам домашна култура што ти ја немаш.
Малку алкохол и забораваш на сите свои правила. Затоа децо, немојте да пиете. Премногу сум рационална во моментов, за љубовните приказни. Кога долго ги набљудуваш луѓето, неприметно, стануваат проѕирни. ...Светот мој, минус тебе во него... Кој вели дека времето бавно поминува?
ако претходните крадеа и имаа диктаторски режим овие и ќе крадат и ќе ја продадат државата. пакујте се децо. ќе гласаме од Америките.
Зарем поминаа10 години од тоа сончево утро. Утро кое требаше да најави прекрасен ден, а се претвори во еден од најтажните денови во мојот живот. Повторно сум без зборови и повторно прашања без одговор. Ги пееше песните со своето дишење, сега ти дишеш во нив. Почивај во мир голем човеку.