Од што сум заљубена во дечко ми,а и во самата себе де синоќа до касно пиев вино,испив 7 големи чаши и ќе пиев уште(како голем љубител на вино,гајле немав,ова да не забере гајле некоја тетка форумска да ме направи пијаница де )ама другарка ми "ми забрани" и прекинав,ама вечер ќе си продолжам И мразам кога некој од рака ќе ми ја грабне чашата,чувството е исто како кога на мало дете ќе му ја земеш играчката А,и друго ме изнервира благо речено другарка ми кога ми рече зошто не сум се нашминкала и дотерала за на гласање Амааааааа,си ветив дека доста беше фаќање кусур и кукање,време е да се врати старата добра и пре пре позитивна Рама Ајт со здравје
СДК Комши аку не нареден пат звучникот дома донеси ми го зошто сношти не ми се слушаше доволно јако .. Среќа па добар вкус за музика имат
планот беше да одам на работа деновиве. планот сега е да одам на Козјак деновиве. денес парк утре Козјак задутре некаде исто на високо. со кебе со пикник со све. и куче и дете и мама и тато...
Десет години без тебе, без твојот глас, без твојата харизма, без твојата чиста душа... Уште боли, како вчера да беше, и уште се прашувам зошто? Камо да имаше повеќе луѓе како тебе, светот ќе беше поубаво место за живеење. Вечен непребол си, беше и остана...само во срцето ќе живееш, преку песните. Никој нема да ги достигне твоите височини...
Нервозна сум, главата ме боли, стомакот, градите ми се балон, ПМС ме зарази. Си сварив капучино и го заборавив, сега ќе си го пијам ладно. Е ако ми е. Само ми се спие, а имам договорено кафе со другарка, се надевам ќе ме истрпи 2 часа и ваква. Тоа е, бегам од луѓе иначе партали ги правам.
Баш кога помислив дека денов не може да биде полош, на партизанска ете ти швркнат дедо што си го вртка во рака одејќи до тебе. Нозете ми се пресекоа!! Па како може никој да не реагира на ова може на мое место да биде или било некое помало девојче или момче!! СВАШТА, СРЕД БЕЛ ДЕН ЗНАЧИ СРАМОТА
Пред избори овие од Вмро од врата на врата и ајде отишле кај баба на една другарка. Жената има преку 80 г. И почнале да и зборуваат дојди гласај си за нас за да не влезат мигранти. Бабичката тоа си го сфатила како ќе дошле вонземјани. И сега потресена, се нервира дека ќе ја нападнат вонземјани. Ем ми е смешно, ем ми е жал што сега бабичката се нервира и кој знае што си мисли.
Сега ќе молчам. Затоа што боли колку те нема. Ти молчиш, јас молчам, но душата врие. Цели десет години не запеа. Цели десет години овде ни е тишина. Тоше наш
По прочитани серија мислења на форумот ми се роди потреба од пребарување на опцијата не ми се допаѓа. Наспрема посакуваната ми се допаѓа "пожелно" е да се собираат и ваков вид лајкови. Трофеите и наградите се одраз на самите нас, па дури и да се освоени од една негација.
Како беше она.. Кога на сите курви очите би им светеле во мракот, Скопје би било како Лас Вегас.. Секако Поштен човек не остана..ццц
Не е точно дека денот по утрото се познава. Понекогаш, прекрасни нешта се случуваат, на крајот од денот, баш кога ќе помислиш дека веќе нема надеж.
СДК дека деновиве онака ,,скенерски,, на опсервација ми се ставени некои луѓе и нивни постапки. Знаете она, кога ќе приметите нешто што порано Ви било нормално, сега се прашувате ,,како претходно не го видов ова?,, Завист ! И да не се лажеме, нема позитивна и негативна. Завист е завист и тоа е емоција која сите ја поседуваме. Кај некои луѓе: - е изразена и неможат да ја камуфлираат - некои знаат да ја потиснат и воопшто да не се приметува - некои знаат да ги контролираат свите ракции па знаат и да кажат дека не се зависни луѓе. Ако напредуваш на работа - мора да си потрчко на некого или си син на пратеникот или газиш преку лешеви или ако веќе нема ништо друго, тогаш ,,епа сега ќе те видам со толку обврски како ќе успееш,, Ако имаш супер односи дома - лажеш или глумиш пред народ или дома се тепаат а надвор се смеат или маж и ја вара или ако нема ништо друго ,,ехеее што такви помина, сега дојде ред домаќинка да биде,, Ако купиш недвижнина -мора да си украл или да те полазила туѓа вошка или да ти дал татО или ако веќе нема ништо друго, или ако си земал кредит ,,сега ќе те видам како ќе исплаќаш 30 години,, Ако си купил кола - од каде ти се толку пари или што и фалеше на старата или на лизинг ја зема?...или ако си земал автомобилски кредит ,,е ќе ја платиш колата дупло со кредитов,, Ако децата ти успешни - ќе се измисли СЕ, само да не се препише на трудот на децата. Затоа, од сите наведени опции, потиснете ја...па макар и да пукнете...оти не сме сите добри глумци ...и ако неможете во моментот да кажете нешто убаво и искрено, подобро ќутете