После извозени околу 10 километри со велосипед, може само да ви кажам дека дишам. Битно дишам. А ако не можам да одам нормално неколку денови и ако губам контрола во одење, не сум крива јас. Толку. Очекував мускули на нозете, пу штета.
Леле Господе, македонските портали и новинари, дефинитивно немаат работа, ни иновативност, ни креативност. Абе сите еден до еден истите теми ги вртат и објавуваат, истите! Моментално овие денови најпопуларна беше Тамара, јаката фаца у граду мислам ало, еден артикал океј, ама нонстоп да се пише и објавува за секој нејзин нов потег, мислам олабавете и сфатете си ја сериозно работата, крајно иритирачки сте, сите до еден! Сега па денес главна нота на медиумите им е Катерина Ивановска, девојкава трчала за маратон, и нема некој кој не напиша за тоа Тоа па тоа нонстоп по фејзбук, нонстоп по порталиве, ало, дебили ли сте?! Зар сите вие имате диплома и сериозна работа, и пишете за овие две дење-ноќе?! Според мене главен таргет да ви се овие две жени-кокошки(според мене) е срамота и долно за вашата професија. Преку глава ми дојдија ете до толку е, обично не кенкам и не тролам за вакви глупости, ама па цела недела само глупости читам, нема ниту една салам вест да се објави, да се прочита... А сега одам да си пешачам со една предрага личност, да денот го заокружам како што треба, да се социјализирам до некој степен, иако ветерот не ни е во прилог. А и заборавив, нема да е заокружен денот така, ами со средување на семинарската, која професорот ни ја даде во 5 до 12, а зошто така ни направи?! Епа оти така му прднало, оти му се може, оти нели...професор е. A oткако ќе ја завршам семинарската, ќе пуштам серија и ќе си сматам едно зеленчуково смуди за да ја започнам позитивно напорната недела што следува. И еве една препозитивна песна која инстантно ќе ве расположи и ќе ве огрее https://www.youtube.com/watch?v=URR_4i5gIFU
сдк одкако сум станала пушач секојднневно по една кутија сигорно испушам а денеска само 2 .... тоа е за пофалба голема, ке се потрудам да биде така да ги намалам....
Доцна попладнево моите излегоја од дома и си се најдов сама, и уште сум Си решив дека ќе си го потрошам квалитетно тоа време, дека ќе се опуштам, ќе си направам убава купка, маникирче, предикирче и се тоа. Ептен убо. Обожавам кога ќе си направам купка, па кога ќе си залегнам во то кадата, па ќе си размислувам, ке си летам со мозоков. Обожавам! Ептен ме опушта и ептен ми е убо. Се чувствувам како нова, дефинитивно. Си направив маникирче си направив педикирче, еде си испукав пуканки, си исецкав овошна салата, абе милина. МИ-ЛИ-НА! Сега уште некое добро филмче или пак некоја серија(најверојатно серија ќе биде) да си изгледам и на коњо сум. Ве сакам сите во моментов, имам многу љубов во моментов Поздрав девојки и имајте убава вечер
Олку доцна никогаш не сум правела рокада на зимска со летна гардероба. Средина на мај фати, јас уште со јорган спијам. Ама денес решив да извадам сé, да предиплам, да сортирам, да пребришам и да наредам. Белки нема да го подречам времево Дома дневната ни доживува ренесанса, па кога и да влезам таму, имам чувство дека се наоѓам во некој друг стан. Си се чудам зошто некои луѓе викаат екипи од типот на Ајде дома за да им го средат домот. Јас никогаш не би се лишила од задоволството да си го уредам местото на живеење онака како што јас сакам. Од DIY проекти - никогаш доста. Идеи еден куп. За столна ламба веќе имам нешто на ум, а ни требаат и неколку уметнички слики. Само уште да ја натерам сестра ми да се вклучи во целава работа. Па заедно да ги насликаме платната што ги купивме уште лани и да ги закачиме во дневна. Сите наши цртежи останаа во школо, дома никаков доказ немаме за нашите артистички способности А јас едвај чекав да го предадам трудот на проверка, за да можам да се вратам на читањето. Онака, мераклиски, без да му ја мислам колку саати сум останала стуткана во фотелјата, а колку глави треба дента да напишам и што сé треба да преведам. Додека си чекам одговор од менторот, повеќе си се дружам со киндлот отколку со лап топот. А за корекциите, после ќе му ја мислам.
Денот кој едвај чекав да дојде, сега не сакам да дојде барем уште една недела. Нп, ете, тој ден е утре. Денот кога ќе дојде сестра ми , денот кога повторно ќе го видам него, а воедно и денот кога треба по сите предмети да одговарам ... Не сум спремна, не сакам да дојде, не се ни спремав за сестра ми. Не сум исчистила по дома, не сум ја средила таа празнина во моето срце, ни јас не сум добра со здравјето. Подобро ми е да си легнам во кревет, да пуштам некој филм, да уживам, или да разговарам со некој отколку да чекам часови и часови за некои нешта за кои подоцна ќе се каам да се случат... Така јас си размислувам што да правам понатаму, си размислувам за вестите кои би можела да ги слушнам утре, си размислувам дали да учам или да спијам, дали да гледам филм или стари фотографии, дали да слушам музика или да читам книга... А знам дека ништо нема да направам со моето размислување. Ќе заглавам во некоја мислам, и толку ми е... Затоа, најдобро ми е да си пуштам некое филмче, да се одјавам од форумчево, и адиос.
Колку ми е убаво кога гледам тато како ужива ... во вистинска смисла на збороот Ретки се таквите моменти кога седи и ужива слушајки песни што го опуштат и го присетуваат на минатото... Неговиот најдобрар другар повеќе не е покрај нас веќе 2 години. Татко ми сеуште неможе да се помири со фактот дека навистина го нема...Пред неколку дена побара да му преснимам некои песни на цд,песни кои го потсетуваат на неговата младост на другарот кој беше се во неговиот живот,со кој што делеа баш секакви моменти ... сакал да ги слуша секогаш кога ќе посака тој да е до него ,секогаш кога ми е потребен совет од другар и добар муабет...тие ќе му помагале да му е полесно Таков е животот најнеочекувано не разделува со луѓето кои најмногу си сакаме,за жал... Оваа е песната која моментално ја слушам од дневната соба.Убаво ми е затоа што знам дека и нему му е убаво додека ја слуша http://www.youtube.com/watch?v=hSTivVclQQ0
СДК дека подобар дечко не можев да најдам, никаде, никогаш. Дека рекламите на јутуб ме нервираат. Дека сум среќна, само заради него, со него. Дека ке полудам од книгава, го јадам третиот том и не можам да се наситам.
едноставно понекогаш многу ми недостигаат старите времиња кога си бев слободна не дека сега ми е лошо или нешто ама едноставно сакам да бидам слободна од една страна од друга да бидам барем еден ден со бившиот многу сум глупава што воопшто помислувам на него се осеќам на некој начин дека го варам ама што да се прави
Па добро бре девојко,не се осеќаш дека си досадна?! Секој ден,објавува летна слика со текст - Miss summer,Summer come back! Ок,разбравме дека ти недостига летото.Како само тебе да ти недостига и сега по 100 фотографии на ден. А зошто? Па за лајкови,се разбира. До каде отиде светот луѓе?!
Поретко ме има овде , инаку арна сум ,еден куп обврски , работам , пишувам труд а во слободно време чистам и перам . Се чуствувам исполнето иако понекогаш ми фали me time да си гледам серија на раат додека се шлапам со креми . Ама ајде не се жалам .. Долгоочекувана беше оваа промена .
Пробуваш да направиш муабет со бившиот после долго време, со цел нели да останете во добри односи, и тогаш он отвара уста и одма ти текнува зашто воопшто и сте прекинале да правите муабет. Мажи.
Како шо ми е се моментално испомешано во животов, уште помислата дека доаѓа лето ми фалеше, тие жештини, тоа сонце, тој пекол, oh hell no.
Како што растеме: -учиме дека од тој што најмалку очекуваме, токму тој ќе не повреди; - учиме за се да бараме логично објаснување; -дознаваме работи кои што не сакаме да ги знаеме; -ќе се заљубиме во некого, но ете љубовта нема да ни биде возвратена; -ќе се скараме т.е ќе ја/го загубиме најдобриот/најдобрата другарка/другарка или пак некој премногу близок; -ќе скршиме нечие срце или пак нашето некој ќе го скрши. Но сето ова е само животна лекција, на пример ние не ги губиме нашите пријатели, туку само учиме кои ни биле вистинските или пак, да боли кога сакаш некого, а тоа не ти е возвратено, но повеќе боли кога сакаш некого, но едноставно немаш храброст да му го кажеш тоа или пак доколку ја дознаеме вистината и после ни е многу тешко, подобро е да ја знаеш вистината и да плачеш, отколку да не ја знаеш вистината и да си среќен, затоа што тогаш животот ќе ни биде една обична лага, само замисла дека се е совршено. Животот е премногу краток и ние немаме втора шанса, исто како со првиот впечаток, него не можеме да го промениме, тој е еден и единствен, затоа животот треба да го живееме во потполност. Кога животот ни дава сто причини за да плачеме, ние треба да го направиме спротивното, а тоа е да му покажеме дека имаме милион причини за да се смееме, треба да бидеме тоа што сме и да го кажуваме тоа што го мислиме, треба сите моменти да ги овековечиме со фотографии, да сакаме вистински, да правиме несекојдневни работи (на пример танцување на дожд), да простуваме... Кога сме се родиле, ние сме плачеле, а останатите се смееле, така треба и кога ќе умреме, сите да плачат, а ние да се смееме. Накратко само сакав да кажам дека треба да го живееме животот во вистинска смисла. А да, за утре ќе ми треба среќа, држете ми. Лека ноќ.
Кога ќе ја најдеш правата особа за тебе, оној the one, не ти треба месеци, ни години за да знаеш дека сакаш да го поминеш животот со него. Не не избрзувам и не се мажам не се секирајте нит одблиску, ама си правам животни компарации во главата, за колку кратко време имам созрено колку многу. Има разлика од љубов до љубов, нормално, ама ова чувство на сигурност не сум го имала до сега. Имало сексуална страст абе невидена, ама краткотрајна, зашто не била поврзана со интелекутална, или не сме се нашле на иста бранова должина, ама вакво нешто не сум доживеала и ме плаши малку, зашто едноставно тоа не сум јас, барем не сум била до сега. 4 години немав почувстувано ни одблиску толку сигурност и потпора во некој, како што чувствувам сега за прекратко време. Му давам време на времето, нека отспие одлуката и нека слегне почетничката чежња и возбуда па ќе видиме дали сум била сосема во право или не. Сакам да се спротивставувам на клишеата и стереоипите толку многу, што со зборови не можам да отсликам. Маратони на љубовта, виното и сериите, мене само за тоа ме бидува, and i will stick to it. Не ме личи да се правам профи како некои од само 7-8 интензивно вежбање. Лека ноќ и не се плашете да сонувате.
Среќа е да имаш нов миленик дома бело мало маченце, душа е + деновиве многууу сум среќна ** Мислам дека оние кои се стремат да го достигнат совршенството само се мачат,зашто секако нема да го достигнат.Јас пак мислам дека недостатоците се оние кои на некој начин не прават уникатни Како и да е. Пријатен ден на сите И уште нешто Ако ви треба чудо, само силно верувајте. Дефинитивно се исполнува
Луѓето не прават благородни работи за себе си, не пак за другите. Најчесто очекуваат среќата да им дојде од надвор, друг да ги направи среќни, партали облека да ги направат среќни, пари да ги направат среќни, партнерот да го направи тоа за нив. И стануваат цицачи на енергија. Секогаш некој им треба да го испразнат за да се наполнат себе си.