Нема врска тоа што викаат ,,Далеку од очите(а бога ми и од ушите)-далеку од срцето''. Лажат.... Сеуште ми е во мисли,тивко,нечујно...како пердувче мало...
Длабоко во душава има голема љубов кон него. Немам зборови со кои можам да ја опишам, отсекогаш го сакав и ќе го сакам до вечност...иако постои голема оддалеченост помеѓу нас јас повторно и повторно само него ќе го сакам.
СКД многу ми недостасува летниот одмор,тоа чувство на мирен застој,на веќе познат дневен распоред-утринско протегање низ апартман,богат,вкусен доручек со истата музика од вчера,шаренило од гости-туристи од цел свет. Одење на плажа. Звуците на брановите. Прошетка по песокот до следните плажи. Водата...пливањето...плутањето кога над тебе и до тебе гледаш само бескрајно синило-море и небо. Помина точно еден месец од 17.9ти кога се вратив тука. Еден месец ми се случија нешта што доволно ме заморија и да можев пак би го повторила истиот одмор,таму. Како ли е сега таму? Уште топло,дури и сега се бањаат знам-такво е местото топло и во есен. Сигурно има гости но не во толкав број. Во автобусите тинејџерките уште со ранци одат на школо. Трговските центри се огромни и полни со шопинг-холичарки. Пристаништето,историските споменици се исти. Колку само сакам пак да ги видам. Тие се доказ за минатото и гордо стојат таму да не потсетуваат на него во иднината и мене на мојот прекрасен одмор.
Оној Бетмен од Шарена револуција немаше леб да јаде, станал Баба Ванѓа. Секаква раја шета по земјава. Се дрзнав да му го прошетам профилов и веднаш добив чувство од ваков да бегаш додека те држат нозете. Значи страшно.
Кога бев мала мислев дека пациенти има само во болница, исто како што мислев дека диплома земаат само паметни
Оф топик само чисто информативно, ако мислиш на охриѓанецот Бетмен никогаш не бил финансики слаб, дете е на познат адвокат
Сдк дека колку и да зборам се откажувам од виното, тогаш баш па ке ми се припие барем само една чашка
Колку си иам проблем со тоа да заплачам, кажува фактот што неколку пати годишно се изолирам навечер сама, и слушам тажни песни само за да се истурам... Онака, тешко ми е, ама немам повеќе време ни солзи за да заплачам. А и најчесто си велам дека не треба да плачам за некоја си глупост, али од кога ќе го сторам тоа, сваќам уствари дека не сум плачела поради таа причина , туку поради се што се собирало низ годините... Кога бев помала, пишував... Плачев и пишував, а потоа читав тоа што сум пишала, плачејки...Подоцна, сватив дека романтизирањето на моето страдање не ми помага, и никогаш ни нема, па престанав со пишување...
Ми се пие пак вино. А кога не ми се пие уствари мене!? Црвено обожавам во секоја прилика,не се замарам со она дека белото вино било за во лето,црвеното за во зима. И се мислам еве да си "позајмам" од кај брат ми,да си се напијам како човек. А само кога би знаел брат ми дека полека,полека вината му ги снемува од имендените,ами па не му сум јас крива што има недопрена голема колекција вина Додека да забележи,ајт на здравје нека ми е
Од нула до бесконечност, колку треба да си, кхм, како да кажам, глупав, за да ставиш лични податоци, меѓу кои и матичен број, на story на инста?
Го гледам дм сумљиво. Му имам една бивша на фб, сама ме додаде...шта ќу? Само што се запознавме случајно и као неа леле едно фино и драго што се скрасил овој, ќе ме додала на фб. Епа ме додаде за 10 минути после средбата... прв пат изглеа ме виде...а?! Многу е ружна. Се прашувам...што ли видел у мене?! Душата?! Што ако му е вкусот таков? Ружен?! Прашњакоимемачат.
Слушам кај шумат шумите буките... Слушам како викаат другарчињата во главата... ах некст тајм шо ми направија