Ми помина мисла во глава: ,,Понекогаш, животот е таков што живееме затоа што мораме и така како што мораме, а не затоа што сакаме и така како што сакаме." Сепак, не. Човек можеби нешто сака а нема. Тогаш ќе се бори. Патот до успехот е во волјата, упорноста, трпението и истрајноста. Со овие оружја, секогаш се доаѓа до целта.
Преубаво беше вчера на театар.Одамна не сум бил на комедија и воопшто во театар.Микич,Кујача,Звездана,Коцев,Никола Ристановски опасно одиграа. Вторник биле во Мнт картите упола цена.Браво.Се сетил некој во име на уметност и на овој напатен народ да му овозможи забава каде што ке го изолира од секојдневните грижи.
Велат љубовта е маѓија, прав кој ни паѓа врз очите и хемија која ни ги размрдува сетилата. Па претпоставувам кога ќе почнеме баш оној кој сме го сакале да го гледаме грд, ете прегрд готово е со љубовта
Или ако ја придвижува некој во погрешна насока или ја загадува со ѓубрива станува жива кал, која ќе го проголта
Ааа тој под хитно треба да се пријави на еколошко друштво или во министерство некое за заштита на животната средина. Водата ке проага од кај нас,како се осмелува тој неранимајко да фрла губрива и да ја прави кал
Татичко мој среќен роденден уште долги години да го славиш ...се гордеам што имам татко каков што си ти
СДК 1 Дали е возможно во 21-ви век да има луѓе кои наутро не си ги мијат забите Основна хигиена луѓе. Основна хигиена е миење заби. СДК 2 Како некои луѓе очекуваат животот да им биде зафатен, забавен и исполнет со многу активности кога се што прават е жалење колку им е здодевно додека за денот единствен план им е да стават ново стори на инста СДК 3 Не можете да убедите некој да ве сака. Единствено што можете да направите е да бидете човек вреден за сакање. И тоа.
Секогаш е полесно да најдете работа кога веќе имате и да најдете партнер кога сте зафатени... Спојлер: marfi Марфи F**K YOU! Од други работи навистина изгубив желба да докажувам на некои луѓе дека размислуваат во погрешна насока. Ги оставам да живеат во сопствените заблуди...
Заедно со разгалените мрзливи млади луѓе што не сакаат да мрднат со прст и/или сè им е поставено на тацна од една страна - на исто ниво на иритантност, од друга страна, ми се оние осамостоените чија главна одлика е нападното нагласување на фактот дека сè сами постигнале, и тоа со цел да омаловажат други луѓе што сè уште не ги исполниле своите цели (до некоја возраст). Такви за кои светот на можности е црно-бел, постојат само ултраамбициозни личности од нивен калибар и паразити како првите опишани на кои гледаат со презир, нема никакви нијанси измеѓу. Уствари не ни постојат такви термини како можности, околности, различен тип на карактер и воопшто пречки во нивниот речник. Буквално сè, за секого и секаде (во било колку развиено општество) е можно во секој момент, кога доволно сакаш - може и да успееш да полеташ ако скокнеш од прозор, како што идеше еден ироничен твит. Ах, да можевте само да воочите каква 'рѓа ви е ароганцијата на целата таа слика на успеси... Џабе ви е цел свет што сте си го замислиле за себе да го освоите, кога тоа не ве прави само горди на себеси (што е сосема во ред!) туку и ви дава уште побитно за вас чувство дека сте 100 нивоа над другите, немајќи трошка разбирање за некој што нешто го кочи во тоа. Џабе ви се и издигнување, и самостојност и способности кога идат без трошка емпатија!
Тролови ли се, некои алтер-ега, некој сака да му биде капаче на некој овде... какво пропагирање на мизогинија. Некои овде посебни снегулки што би се рекло во превод, едвај чекаат да дојде некој ваков што ќе им каже дека нивните речиси недопрени цвеќенца се ептен посебни, за да им олесне што толку си ја потеснувале сексуалната желба и се полнеле со фрустрации. Хух, издиши си слободно, ете за некого сте биле во право. Без разлика што тој истиот не заслужува ни да го погледнете на улица заради своите ставови, и без разлика што ве дискриминира како жена... Како и да е, си реков за секое лонче капање. Ако не сте научиле да се цените себеси како човек и како жена, чекате потврда за вашата достојност од некој шовинист, ај кен онли фил сори фор ју. Во други вести, во убавиве зајдисонца уживам секоја вечер. Ми будат некои убави чувства. Ме прави на чуден начин среќна, денот што завршува кај нас, некаде почнува. Замислувам луѓенца што трљаат очи додека светлината им влегува низ прозор. Топли зраци, знак за убав ден. Се чувствувам убаво знаејќи го тоа. А каде ли да се појде на продолжен викенд? Се сетив... некој доаѓа наскоро бајбај
....досегашното мое искуство во професијава ми дава за право на прашањето каде работам,да одговорам -Во дијагностички центар. Едноставно,колку и да се трудам....толку му е капацитетот... Жал ми е...
Нивото на свесност е толку ниско кај масата. Се наоѓаме во една точка од универзумот, не знаејќи. Не дека не знаеме дека се наоѓаме во една точка од универзумот, туку едноставно не знаеме. Ме застрашува помислата колку многу има да се открие, уште повеќе ме застрашува што нашите умови немаат капацитет да го сварат тоа. Сакам сѐ да знам. Не можам да се помирам со тоа што низ текот на целиот живот ќе знам само нешто повеќе од ништо. Животите ни се толку бескорисни. Ние сме само side-effect на еден процес во природата. А што е природата? Зошто постои, колку време постои, што всушност значи колку, како јас се наоѓам овде да пишувам на некој чуден уред, и како вие што читате се најдовте да го читате ова? Зошто, како, сакам да разберам. Замислете си дека сте дел од некое вселенско патување, еве да речеме, трагачи по живот, или некоја форма на живот, што не би била дефинирана од нашиве стандарди. По години патување наоѓате планета со страшно чудни суштествувања на неа. Гледате една од тие работи како прави нешто. Потоа гледате втора работа што се врти околу неа. Втората работа се оддалечува од првата и се приклучува на една огромна гарда. Онаа самата прва работа кога го забележува тоа, се приклучува на друга голема група од суштествувања. И одеднаш, двете групи се судруваат една со друга. Потоа трета група се појавува од никаде, па се судрува со втората. Па четврта со првата, па третата со петтата итн. Честитки, стигнавте на планетата наречена Земја. Последниот онака поголем судир на групи од суштествувања бил пред околу осумдесетина години. Има уште сударчиња отпосле, секако. Уште има, би рекле. Но, по одредено време набљудување, сфаќате дека ги снемува суштествувањата и планетата останува пуста. И така. Толку од приказната. Вака ќе завршиме. Знаете, ако малку ја конкретизираме работата, моментално се наоѓаме во средината на светската историја (под средина не мислам на вистинска аритметичка средина од години, туку некаде меѓу почетокот и крајот, секако). Малку поточно, се наоѓаме во делот од учебниците по историја наречени „Причини и фактори кои влијаат за почетокот на...“. Да, некој еден ден ќе добива оценка за случувањата од кои ние сме дел. Од друга страна, сигурно сите се сеќавате кога учевме за добивањето право на глас кај жените, зборувавме за оние мизогинисти кои сметале дека жените се рационално нетокму во главите за да им се предаде право да учествуваат во уредувањето на општеството. Налудничаво, нели? Па, поздрав до сите кои на референдумите гласаат против геј права, сите оние во мојата блиска околина кои викаат „не поддржувам геј бракови“ и сите оние кои мудруваат овде по темите. Поздрав до вас, и какво е чувството да знаете дека еден ден ќе се наоѓате во учебниците по историја исто како расистите и сексистите? Верувам дека е фантастично. Од сево ова, ми се допаѓа само идејата дека идните деца ќе му цртаат бркови и рогови на фаци како Трамп во учебниците. #ExistentialCrisisThoughts