Зошто толку се грижам за луѓе што веќе е очигледно дека не ме рецкаат ни 2%? Ни со една смс не ме удостојуваат кога треба, а јас пак се тресам за нив Глупа, наивна, премногу добра?
Некои гледам страшно се прецениле. Се вивнале во небо. Ама знаете што? Како балоните сте. Толку високо летнати, а толку празни.
Ми кажува една другарка раскинале со дечкото, а се спремаа за свадба. А демек се сакаа многу. Какви глумци се луѓево бреееејјјј...
Причината што многу луѓе имаат повеќе неуспеси од успеси е фактот што сакаат многу повеќе од она што можат.Но, многу често, упорноста оваа разлика значително ја намалува.
Блазе им на оние луѓе што велат не се каам за ништо во животот. Како можат да не се покајат,засрамат и слично од некои погрешни работи? Јас еве,иако не ми вреди тоа ништо,ама се каам за многу постапки и дела,и кога би имала шанса за нов живот,ама ни 2% не би била истата јас,оваа јас од денес,се би било сосема поинаку одиграно. Ама животот е само еден нели? Еден е,и сами одбираме дали ќе го живееме во страв,страм,љубов,гордост,гревови и блудства....
Треба да се прогласиме за ЕВЕ нација. Значи понекогаш знаеме да бидеме баш....пиххх , во секојдневните куртоазни дијалози: -Кај си бе? -Еве.. ----------------- -Што правиш? -Еве.. ------------------ -Здраво.како си? -Еве.. ---------------- -Како е? -Еве.. ---------------- Се е ,,еве,, кај нас. А замисли на секое прашање пак да одговараш со искрен и полн одоговор
Толку почнав да јадам што јадам се што стигнам и после тоа се мразам себе си! Некоја нова озбилна психичка состојба ми се случува. Си го мразам салцето на стомакот, си го мразам целулитот, ја мразам сета нездрава храна со која се трујам и му предизвикувам стрес на организмот. Се трудам да се стопирам ама не ми оди. Морам, морам!
Имам мали мачиња за вдомување и ги ставив на оглас. Прееска ми се јави жена што сакаше да вдоми едно и рече: имам мала ќерка, не може да оди и многу сака да има мало маче да има занимација.
Нека си трепка тука кога не можеме да си го ставиме како профилна фотографија на ФБ каде сите сакаат само насмевки да гледаат
Добра вечер Денес едвај се разбудив за факултет после бурниот вчерашен ден. Не знам од кај да почнам да раскажувам. Повеќе страв не сум почуствувала во мојот живот од вчера. Бев сведок на демолирањето на 50ка автобусот затоа што се возев со 65Б и некаде 2 минути лежевме сите на подот Како сцена на филм беше Еден тинејџер само викна ајдеее сите доле и гледам сите легнат си велам ај и јас да си легнам Ептен страв ме фати, а требаше да одам на една комшивка во студентски на роденден, ама кога испив две-три чаши вино, па дури и Удри Мујо на микрофон ја пеев И така вчерашниот ден хаос ама затоа денес поспано
Као беше она, ,, Waits all week for the weekend - does nothing ,,... До толку не ми се искача шо почнав и на Господ да се молам и другарка ми да се предомисли... А најверојатно ќе се спремам за 15 минути, оти МОРАМ да излезам дека и ветив, па ќе се налеам таму и ќе си пројдам супер, и ќе си викам после ех за малце немаше да излезам и да си пројдам јако... Ах бе, и мене не ми е лесно...
Животот е толку краток што неможеш да замислиш дека за секунда може да те снема од овој чуден,болен,тежок,суров свет. Судбината си поигрува со нас секој божи ден ни дава по некоја сурова игра ќе не бутне ќе не скрши,срцето ќе ни крвари ,душата ќе ни биде скршена ,али на нас останува дали вреди да се бориме против нејзе,дали на нејзината следна игра ние нејзе ќе ја победиме.
Излегов, се пицнав, ме шмекаше еден али побитно ми беше да ја изедам мојата половина од топлото чоколадо за да продужам со греаното вино... Пардон, трите греани вина. И на крај, јадев тос со помфрит, да не останам покусо. Свиња... Ќе се откажам од себе преку службен весник.
Им завидувам на луѓе шо се пијанат од 2-3 пијачки. Ееееххх колку пари ќе заштедев да си бев ко нив...
Сдк оддавно не сум била во Скопје, конечно одвоив време се добро да разгледам и да си купам нешто за себе. Видов многу познати но и нови лица. Едно ќе кажам, и женските не се лоши ама пак затоа поголемиот дел од мажите.. Ќе се преселувам изгледа.
Во време кога повеќе енергија луѓето трошат на „средување“ на туѓиот живот, на мурување кој е исправен, а кој погрешен , на премерување кој сега пати заради гревовите од минатото а кој собира нови „не однесувајќи се правилно“ за добро утро би го оставила тука да си трепка Ернест Хемингвеј, кој мудро рекол: „ За моралот знам дека е морално само она дејствије по кое добро се чувствувате, а неморално секое кое остава лошо чувство во вас“