8 месеци не ме фати ништо. Ме одмина стомачниот вирус и тоа два пати. И сега се смени времето и ме фати настинка. Ајдее, од март месец немам настинато.
Што имаме ние тука врска со Амерички празници? Сериозно. Еве октомври е. Неколку години наназад, забележувам тинејџери кои се маскираат за Halloween, сигурна сум дека ни самите не знаат зошто. Затоа што им било интересно? Каква глупост. Некој Американец да не слави наши празници случајно? И зошто Валентајн е прифатен како празник на љубовта кога на 30 септември се прославува верата, надежта и љубовта кај нас? Тешко е да се разбере себепогазувањето, по своето да се плука а туѓото да се сака. Или уште пострашно, своето да не се ни познава.
Ја сакам есента , боите ме исполнуваат, ме радуваат во душа. Правам пауза од сите случувања околу мене и си полнам батерии... Седам и размислувам. Сваќам дека животот е преубав и почнувам на им простувам на сите.
Не ми е јасно зашто некои луѓе овде мислат дека знаат СЕ? Не можеш да знаеш се. Признај еднаш во животот. Прифати критика. Послушај мислење. Стави прст на чело. Наведни глава. Прашај за одговор. Признај дека не знаеш се. Никој не знае се - жал ми е, ама и ти си меѓу тие што грешат. Сите сме.
Проклето нека е!!!! Со душа ќе го чекаш викендот, а овој па и продолжен и тогаш уште од првото утро ти се дешава с**ње и толку...Сите планови, утрински прегратки, вечерни прошетки, долги муабети паѓаат во вода и се ти се руши. Ама утре пак ќе испаднеш и ќе бидеш ведар и среќен пред луѓето оти во спротивно ќе те оговараат па зошто, па како си таков и така се во круг. Па затоа стави насмевка на себе, а кога ќе се вратиш дома тогаш вади ја и продолжи по старо. Се додека не се смени проклетиов период. За мене продолжениов викенд беше дно, а можеше да биде и повеќе од прекрасен. Се мразам себеси што апсорбирам прекумерно ниво на стрес и нервози. Но, до кога? Ќе ги издржам ли сите нервози и цел стрес? Тешко е.
Сакам да кажам дека никогаш досега не сум ја сакала есента ниту зимата..летно дете родена во август мразам дожд снег ветер..денес првпат после толку години се осеќам убаво расположено среќно онака без причина. Иако неколку личности денес сакаа да ми го расипат моето расположение се трудам да не дозволам.Убаво ми е во мојата кожа. Прашање на денот:Зошто постојат луѓе што им пречи нашата среќа? Пс:Имајте убав ден сакајтесе
Мразам арогантни луѓе. Да. Само да знаете не сте ништо повеќе над другите,само ако се однесувате дрско,арогантно и преценето. Баш сте ниски и плитки,ама кој да разбере
Сакам да кажам...многу нешта. Сакам да и` кажам се` на една личност. Да го отворам срцето пред неа. А не смеам, нема да биде добро за никого. Времето тече, ме притиска. Има толку начини да го "забрзаме" времето, а ниеден да го запреме. Толку силно знам да се приврзам, што се губам себе, го губам тлото под нозете. Проклетство е или благослов човек да чувствува волку силно?
Љубов и во дождлив ден е кога се чувствувам како исфрлена од поплава, а внук ми ќе ме изгушка најсилно и ќе ми рече тето јас сум ти љубов така? Секогаш му викам ти си љубов, моја љубов најголема. Тоа е таа контратежа на лошо расположение. А другот обесен на врат зошто во количка ете му студело и почнува писка како и брат му кога беше толкацок, "ме видел" на билборд. И постариот кога беше мал беше убеден дека водам вести од истата Бубе која сега ги рекламира Биана. Не е важно кој како ме гледа, врска немам со Бубе, ама со овие деца можам да сум и Елза со кафеава коса, ќе го прифатам комплиментот. Денес мене ми е сончев денот...посончев од сред август.
Ќе успееш и ќе бидеш среќен само тогаш кога ќе научиш дека од никој ништо не можеш да очекуваш, дека напред мораш сам, дека се навистина ретки луѓето кои те сакаат и сакаат да те видат на врвот и најважно од се е дека за да бидеш успешен и среќен не смееш да веруваш никому освен на себе.
Само баба знае најубаво кафенце да ми вари, ми фалеше многу нејзиното кафе. Си реков да одам да си ја видам, а она ме пречекала со кафенце на масата, блачко, и сокче, единствена душа моја е
Зошто кај многумина денеска преголема е гордоста и премногу мала храброста да признаат грешка, ете затоа. Повеќето исто така мислат дека со тоа што ќе признаат некаква грешка дека ќе се понижат пред некого, но всушност не сфаќаат дека на овој начин покажуваат само дека се плитки во душата и дека човек не вреди да си ги окупира мислите со нив.
Се изнаслушав деновиве колку сум јака жена, колку сум непокорна и често бестрашна, се изнаслушав дека сум и тешка феминистка, а како да им кажам дека уживам во глетка на маж кој признава што чувствува на една жена, како да кажам дека збесувам од солзите во машките очи... ама ќутете си ....
Мајка ми направи пита со тиква. Јас не јадам таква пита. Направи уште една, со јаболка. Затоа што знае дека не сум pumpkin фан & apple pie is my favourite pie. Мајка ако не ти угоди, нема кој
Таман се решив да трчам во парк и да пешачам,времево реши дa ми контрира,реши да си врне по цел ден. А јас веќе наместив аларм да станам рано,спремив и облека. Ама ако,навикната сум сите да бидат против мене,па и времето,дс не остане покусо де