Имаше една паметна изрека која гласи некако вака: „Во толку години образование, никој не нè учеше/научи да се сакаме себеси“... Јас би додала исто така и на толеранција и справување со своите и туѓите чувства, на справување со неправда таму каде што ја има, но и не лесно навредување, и на разбирање хумор и сарказам... А многу луѓе ни од животното училиште ова не го учат успешно низ годините, па паѓаат на многу поважни тестови од формалните и се брукаат во секојдневието многу повеќе отколку поради незнаењето на формули и датуми...
Во свет полн со Umbridge бидете Fred&George *тие што имате гледано Хари Потер ќе ме сфатите,а тие што немате морате да гледате
Ми го оправи дм стариот лап топ... ми отвори измешани чувства. Ископав слики, текстови, луѓе, спомени... многу, многу драги... и мили. Се гледам и жал ми е што не сум си го потрошила времето поинаку... подобро. И што она што го носев во себе и на себе не го гледав така како што го гледам сега низ овие очи... убаво, драго, младо...соодветно и совршено. Си потрошив драгоцено време...но имам шанса за нова младост, во скратено издание. Најболното што гледам драги луѓе на слики, родители на мои другари и другарки кои од неодамна не се со нас... и некои се со драстично нарушено здравје... и гледам како ги губат... тешко ми доаѓа... претешко... Друга перспектива... кој знае зошто после толку време, ова денес баш го гледам... И радосно и многу тажно...
Образованието е процес и трае целиот наш живот, а не само неколку години, додека одиме во образовни институции. Училиште не е само институција, училиште е животот и да, многу поважни лекции лежат тука. Прашањето е, колкумина се отворени за новите знаења и сакаат да учат.
Stizu me godine kada covjek zastane i kad proslost pogleda nekim drugim ocima-CRVENA JABUKA-Stizu me sjecanja Е баш вака се осеќам на овие ветришта на овој студ во коси и душа што влегува.
Многу е лесно да се преправаш на форум,никој не те знае. Ама тој што те знае може само да ти се смее на преправањето. Ем глумиш ем плитка. Самата себе си се правиш будала и веруваш во тоа.
Твојот живот нема да се промени со смена на шефот, со смена на пријателите или пак со смена на партнерот.Твојот живот ќе се промени само кога ти ќе се промениш и кога ќе сфатиш дека единствено ти си одговорен за својот живот.
Гледајќи ги темите и мислењата објавувани по форумов - можам да заклучам маме многу што да учиме од странските форуми. Не знаеме ниту јасно да поставуваме теми, ниту да реплицираме, ниту да го почитуваме туѓото мислење.
Многу себично од моја страна во време кога се води борба да се дојде до некакво вработување но имало ситуации кога сум била среќна што не сум останала на одредено работно место или пак што сум била дирекно одбиена. Јас сум таков тип на личност што ако средината во која работам ми е неприладлива не можам да се задржам таму. Во друга ситуација најлошо сум поминала кога сум спуштала најмногу критериуми. Го знаете она се пријавувате за место кое не ви требаат некои посебни способности и на крајот излегувате потценети и понижени бидејќи прифаќате било што а и ко демек тоа не можете добро да го сработите. Исто кога давате шанса на дечко/девојка која не е ваш тип за подоцна тој/таа да се умислува дека не можете без него/неа. Понекогаш е добро човек да не оди под некои граници.
Апропо сакањето себе апропо тешкото гледање во огледало секој ден апропо што сме жени и апропо што сме најсилни
Прееска додека ја чекав мајка ми да пазари, си седев во кола. Се наоѓав во близина на едно основно училиште каде што предава една наша познаничка. Баш тоа време почнаа да се собираат полека ученици изгледа за втора смена. Во очи ми падна како настрана во дворот стоеше една мајка со детето....И да не ја познаваш лично, сепак од око се приметува жена што е напатена во животот...По облека, по став, по коса, по алишта на детето...Посиромашно облечени и стуткани во ќоше. А наспроти нив имаше 2-3 мајки со децата...Сите дотерани и средени од најмало до најголемо...Затоа треба униформи секаде да има за децата ама нејсе. Е сега следува шлагот...Помеѓу гужвите ете ја доаѓа наставничката (познаничката). Поскромната мајка прва тргна кон неа и проба да и зборне, а оваа ја изигнорира и си замина да се поздрави со дотераните мајки....Се смееја, зборуваа, наставничката ги галеше по коса дотераните деца. Појде и (поскромното) детенце до неа и зборна нешто, а таа со рака му направи да чека. Се поздрави со мајките, си ги прибра децата за на час, а детето и мајката останаа во ќошето...Ги ЗАБОРАВИ дека ја побараа да зборнат со неа....Па ајде овие кутрите трчаа по неа за да ја стигнат Мајкат од ќеф дошла да зборува? Цел ден за џабе го губи? Таа сака до дождот да стои и да трча по наставничата? Гледав и не можев да поверувам што се дешава...Која поделба ејјј Сигурно имала корист од дотераните мајки и одма им се залепи до нив, а од сиромашни луѓе каква корист ќе имаш, нели? Ако си богат, уште од мал имаш привилегии насекаде, а ако си посиромашен ќе треба да трчаш и да молиш по луѓето за внимание и помош. Зар вака треба да се понаша еден просветен работник? Фрли си ја дипломата! Мене (или на мој близок) некој вака да ми се испонаша, има у пичку матер да го отерам пред цела јавност. Ова само во дупкава наша го има.
Вака мрачно и врнежливо е само за спиење или за некоја добра книга и кафе покрај себе... Мене ми останува само да фантазирам додека имам страшно многу за учење
Животот е чуден,може за миг да те тресне на земја и да незнаеш што те снашло,може да ти се случат и многу убави работи што ке помислиш дека си на седмо небо,реалноста е сурова колку и да сакаме да си ја преставиме поинаку,но како и да е све е тоа живот,од грешките учиме.
Има ноќи кога око не можеш да склопиш. Не дека сон не те фаќа, туку некој ти шета низ мислите и не те остава, не ти дава мир.
Цел ден си мислам едно исто. Реално гневна сум на тоа. Многу. Секогаш, ама баш секогаш и последниот денар сум го давала за да донирам за болни дечиња. Секогаш сум велела дај Боже да се спасат. Е денес кога слушнав и видов некои нешта ќе се запрашам нареден пат дали ќе си ги дадам последните пари. За дечиња за кои цела држава се крена на нозе и донираше изгледа нивните родители за да ни кажат фала на хуманоста си положиа за кола, си купиа кола. Па на крај и куќа. А семејства со скромни примања и болно дете за кои цела држава донира. Па глуп да е човек многу нешта ќе сфати. Јас немам ниту возачка, ниту кола. Не дека не сакам да имам, туку ете толку многу време се спремам и секогаш ми недостасуваат пари. Бидејќи реално тоа кошта пари. Гревот нека оди на нивните души. И ќе кажам само едно СРАМОТА. Додека дома имаат болно дете тие на луксузи мислат. И после зошто народот е се помалку хуман? Е зошто де? А на дечињата од срце им посакувам што побргу да им заврши пеколот. Да кажат збогум на проклетата болест. И да можат да трчаат како и сите други дечиња.
Кoгa бев пoмaл и кoгa гледaв Тoм и Џери, нaјинтересен детaљ oд целa куќa вo кoјa живеејa ми беше oнoј тoстерoт oд кoј рипaa лепчињaтa. Нaјверoјaтнo бидејќи никoгaш вo живoтoт немaв виденo нештo тaквo. Мнoгу гoдини пoдoцнa, се врaќaм дoмa oд шкoлo и штo дa видaм... Бaбa ми гo купилa бидејќи дедo ми е слaб сo зaбите, пa лебoт мoрa дa гo јaде пoтпечен. Кaкo и дa е, истo кo зa мене дa гo купилa, бидејќи еве целa вечер сaмo лепчињa печaм.