Уште не можам да ги сватам овие што по цел ден и цела нок се секаде присутни на форумов Немаат пријатели кафе да испијат ?? Немаат дечко/сопруг да си го користат времето со нив? . Немаат ли време за читање книга? Одат ли некаде на некое туристичко место да посетат ,?? Што правите бе по цел ден дома и на форумов глумите лудило ??? Дури и проценив дека и се соживеани со форумов Кој имал дупли профили , оваа е поранешна членка , која како коментирала , онаа е од дебар , другана е од пехчево , дури и привилегии имаат на форумов , све им се пригледува низ прсти , можеби и затоа се по цел ден секаде низ форумов Алооо ова е форум (место за зезање и релаксација и создавање позитивна енергија) , идете малку во провод надвор , да се издувате , да видите што се случува надвор од форумов !! Сте го напраиле Форумов Фемина како неписмената администрација во државава
Laying all day and doing nothing... Ова ми е омилено нешто. И цел живот би го поминала вака. Без обврски, без задачи, без ништо... Мрза сум. Тешка. А уште потешка сум кога немам ни мотивација да станам. А моментално немам ни желба. Ни за на кафе да одам, ни за журка. За ништо. Некои луѓе навистина ти требаат за да живееш, а тоа го сфаќаш тек кога ќе ги изгубиш.
Како прво на форум се уклучуваат и од мобилен,од пицерија,додека чекаш време на лекар,од Водно,од свадба додека се досадуваш додека ја пеат по петти пат куме златен во небрано ти си фатен. Како второ дали имаат пријатели и социјален живот секој си е засебен,некој се срами,некој има фобија,комплекс,немање време..па тука можеби најлесно пливаат...што тебе тоа ти пречи. И што заклучив од погоре напишаново...индиректно ти си даваш реклама дека си со исполнет живот како си начитана,нашетана а другиве што би рекло лицето Б.Ц-гревови (според тебе) Секој има период кога неприметно се опседнува со форум па се лади па некад се префрлува на филмови...како и за се во животот пероди се. Ако името ти е Јустиција а вака судиш за тугите животи...одма менувај го. Као сеа ја да мрчам што си ти опседната со политика...нели не иде
Толку погрешно си разбрал пријателе , што до утре да ти објаснувам нема да разбереш Све што напишав ти го сврте однопаку испомеша и баби и жаби Се извинувам за оф топик
Налетав на еден бивши. Преморена у фацата. Тој изгледаше топ, мамата негова. Не ми рече здраво. Пица за сите.
А дозна а? И какво е чувството кога мислиш дека сум паднала од коњ на магаре, а ја уствари сум се качила на авион? Не се секирај, дојдоа и моите 5 минути. Ти, што велеше дека никогаш нема да успеам, еве ти сега, успеав и можеш слободно да си грицнеш од мудата Вечерва ми се направи меракот ептем, запомни, тркалото се врти секогаш
За она за што немаме познавања можеби не треба да зборуваме, но за она што со сигурност го знаеме, не треба да молчиме.
Ќе си прочитам некое мислење од пред некој месец, и ќе си речам па па па уау Јованти и ќе си се галнам по главава... Потоа ќе си прочитам некое мислење од пред 5 години и ми доаѓа сама да си ја ископам дупката пред да пропаднам во земја..
Рекламата на Септолете им е ужасна! Ти си седиш удобно сместена под меко ќебе, полузаспана, чајот до тебе чекаш да се олади, тв си е вклучено, а тебе мислите на трето место, едноставно уживаш во моментот и само наеднаш АААААААААААА СЕПТОЛЕТЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ-викање те вади од кожа... Каде гори? Што стана? Се е во ред? Има ли потреба од тоа? п.с. пред да биде ААААААА СЕПТОЛЕТЕЕЕЕЕ-викање пред месец два вртеше истата реклама само со ААААААА-викање... Имаме некој познат од таму?
Кога љубопитноста, завидливоста и потребата да се копира туѓиот живот ќе се употребат како топ три особини во една личност не ме изненадува прашањето Колку потроши за патувањето кое е посилно од она Како си помина. Утрински блиц-разговор меѓу две колешки.
Зoштo имaш пoтребa дa се фaлиш нa сите декa некoјa мнoгу те сaкaлa и дa си игрaш сo нејзините чувствa..Кao демек мaнгуп си или шo? Амa се врти кругoт еден ден ти ќе трчaш пo неa, лиги ќе ти течaт кoлку ќе бидеш жеден зa неa aмa тoгaш тaa ќе пoбеди. Држи се другaрке мoјa.
У моја фамилија, јас не сум човек, јас сум џонглер. Упорно балансирам помеѓу сите членови у фамилија. Еднаш пуштив конци - сите се испокарале. Еве три дена ништо не работам, на телефон дремам и визити примам секој од секого се жали и се осеќам ко у предизборна кампања, кого ќе сум избрала. Само што ги отерав у три лепе сите. Одеднаш раат. Многу е лошо кога не си човек, туку функција. Баланс сакаат сите, а не се спремни да го направат сами, е затоа им треба трета особа. Овој се налутил зошто некад некој му рекол - секоја минута ми е важна зошто леб јаде од тоа, работата дома му е, е сеа дошло ред овој да му врати за многу битен момент у животот. Овој другиов се налутил за нешто трето, онаа десеттата се налутила за нешто што сите сме го заборавиле и така у круг, сите лути. Порано сите ми беа накомени и бев црната овца и пак сите комплекси си лечеа. У задниве две три години се смени, созреаа, сега они очи си копаат, на сите одеднаш им чинам (мора нешто да смрди тука, не може да ова вака).. може ли еднаш фамилијава да биде нормална, а не шпанска серија? У младост и моите истата функција им вршеле, ете штафетата сега ми ја предадоа. Затоа се сите средени, стокмени, без реални проблеми, а ние со опростење ебаните во секаков контекст. Кај дечко ми па младите им се удвараат на старите. Очи си копаат кој повеќе внимание ќе присобере од постарата генерација во фамилијата. Седиш и се крстиш...инфантилност на тони. Па сите се бабчиња прекрасни, а бабиве се се освен баби, у несвест паѓаат ако видат раче на стакло отпечатено, свекрва моја падна у несвест кога на внукот му се слоши и поврати ненадејно, па со цел памет рече јас ЗАРАДИ НЕГО морав да чистам (оти дете од две години знае да сфати кога му снеарнува), па и жена плаќам да ми чисти он да ми влага со патики (дете ко дете, чудо големо, а жена што плаќаш да ти чисти, а ти чешлаш брада од јарец и не знаеш што со себе по цел ден, ти си таа со проблем у главата, а не детето) и само јадат трици за младите која колку нечини (јас очи и уши имам насекаде, имам една таква карма секогаш да се наоѓам на право место се да слушнам и видам... јбг). Дедињата сите се омилени, а дедињата емотивно осакатени, внуче во рака да не фатат, не па не дај боже емоција да им искажат или да фатат да ги почуваат, прошетаат, гушнат, поразговараат. Ќе напраат некоја смешна гримаса, дете ко дете ќе се изнасмее и завршиле работа со нивното дедосување. Добро бе, само моиве сите страни на куп се олку драматични и неарни? Порано грешка барав у себе и лошо се осеќав, престанав, па реално гледам на работите... и не се осеќам ич лошо. И научив да ги толерирам и да не ме допира ама баш ништо. Ама до волку богдачува...? Е затоа со децата од сите страни неам проблем. Подраго друштво ми е од сите возрасни. Пари да зимав за сите сеанси овие денови... ќе се збогатев и сите долгови ќе си ги затворев... А реално, комично ми е, се смеам... Братучед ми вика, тебе сите почнавме да те поштуваме зошто не оставаш на раат. Е супер... вие мене никад не ме оставивте на раат. Кога ви викав да си бркате работа, се сакаме и без тие процедурални метании кои мислите дека се израз на љубов, вие не, друго сакавте, сега сте со обврски и сфаќате дека тоа е супер ок, па на раат не ме оставате пак зошто вие се карате едни со други...оти порано многу блиски бевте и се сакавте, се разбиравте... Оф туго моја... И на крај ќе те оболат од нивните проблеми...и немаш гајле ти, можеш, ништо не ти е, знаеш ти како, они се фрагилните...
Секогаш дружете се со луѓе што ве ценат вас, што го ценат вашето присуство, ве бараат, сакаат да бидат дел од вашето време и друштво, луѓе што ве покануваат, во секое време одвојуваат барем миг за да ве видат, што не ги откажуваат веќе закажаните средби, што не наоѓаат милион оправдувања. Бидете дел од друштвото на овие луѓе, затоа што вредат, ве почитуваат, постојат, ги има и се околу вас, а другите не заслужуваат.