Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    На cresa-jagoda, Moonstone.17 и sagittarius57 им се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе, воопшто не сакаат негативна критика, особено кога парите им се во прашање.Воопшто и не се чудам, типична реакција од нивна страна, кога сакаат да ги подмитат луѓето, да ги залажат...Зошто и воопшто имаат панична реакција? Сосем нормално е човек се да слушне, дека на народот не може човек да му затвори уста, ако сака да збори, ќе си збори и тоа е нешто што човек не може да има потполна контрола над тоа, ниту пак правење обиди за спречување на истото.Едноставно е невозможно, човек може едноставно да слушне се и нема потреба на секоја негативна критика, да и се обрнува внимание, бидејки не ни може секој позитивно да мисли во однос на нештата, не може сите луѓе исти работи да сакаат, ако било за тоа до сега ќе беше рај, само ќе се климало со главите при муабет и толку, нема понатамошен развој на настаните.Смешно ми е, само што не секој може да биде подмитен, залажан...Некои луѓе немаат леб да јадат, а други и тој што тие го имаат, им го земаат од уста :x :| Лутина ме фаќа кога ќе видам така, ми иде убо да се испокарам со такви луѓе, кога гледам дека така им прават на некои кои едвај преживувааат, а останатите се изживуваат заради своите егоистични потреби |(
     
    На hermosa, Silver.E, ozbilnazena и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    СДК побудале народот :x
     
  4. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.827
    Стапалава, вриштат од умор.
    Прекрасна свадба, преубаво стокмени луѓе, романтично и тотално непретенциозно. Ценам таква енергија. Кога веруваш во љубовта меѓу двете индивидуи што стапуваат во брак и те фаќа среќа и смеа истовремено кога потцупнувате низ мноштвото ора, твист и чочек.

    Селфиња еден тон. Јас си продефилирав со моден детаљ - микро шешир. Ништо друго не ми требаше. Весели колеги, и секако, крајот беше крунисан со микрофон во раце и изведба на Признавам од Маријана и Росана и комплименти. Ако сам не си направиш небо и атмосфера, нели, никој.
    Од другите вести од светот - полуделе сите, ама па и да се правиш дека си полуден е још боље. Моментот кога гледаш дупло, ама свесно дупло, а некој ни толку, јасно ти е каде е фрекфенцијата. Но, живот, мораме да продолжиме да го живееме нели. Макар со плускавци на стапала и срце.
    Ко градов наш.
    Цутеше од случувања, конечно му се случува пролет.
     
    На marama, Someonespecial, kala21 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.301
    Допаѓања:
    158.220
    Викендов ми се наоѓа помеѓу лириките на овие две песни.
    https://www.youtube.com/watch?v=i57myBYitjM
    https://www.youtube.com/watch?v=1PvBc2TOpE4
    Дочи че дан кад чу се вратити у Курдистан, од бисера доњети чу ти ниске за твоји бијели врат.

    Лудило во животецов.

    Измеѓу луѓе зашто си ваму,а не онаму. И такви кои ќе ти се јават за да си кажат како се тие и нема да те прашаат како си ти. Ги сечам и продолжувам.
     
  6. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Токму за ова зборував! Душава ми се стопли кога го видов..

    Инаку, помалку намуртени облаци, ама сепак има сонце. :sun: Убаво пладне поминато со другари, собрани околу фонтана близу училиштето. Познатото ѕвонење со непознат број и секако, многу смеа. Сакам вака да ми е секој ден, дружење со другари и другарки, сите да се насмеани. Детство без грижи. :D Ете, така.
    Имајте убав ден! (значи не ми поминува пост во СДК а, да не напишам „Имајте убав ден“, ама ако, да Ве поздравам јас :wasntme: ) :hai: :f:
     
  7. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    10.371
    Се будиш еден прекрасен сончев ден...еден од оние денови кој мислиш дека никој и ништо не може да ти го расипе.И така почнуваат секојдневните рутини,си мислиш дај денес ќе се прошетам,по пат ќе завршам некоја работа.Излегуваш од дома после скоро саат пешачење стигуваш до банка таму како да сите клиенти сме се договориле баш за денес |( ...си мислиш добро де се случува,ќе почекам саат време нема да ми биде ништо боцка :D нели погоден е денот расположене на ниво.Потоа одиш во пошта таму бетер ,цел град денес решил да плаќа сметки |( ама пак си мислиш де де па нели затоа излегов а и не сум планирала нешто друго денес и си единствена таму што се смешка и не се жали на бавното работење на службениците( абе џоа идиот се‘ ти е исто :D ).Во мегувреме ти се јавува пријател уз пат и на него да му завршиш две три работички.И на тоа не реагираш најнормално нема проблем за тоа сме пријатели да се услужиме :D ОК бидна се само усте едно документче да доставам во агенција за приходи (нели и така ми ојде денот )и таман ќе си идам за ручек и јас како сите расположена,ведра и насмеана :D
    Влегуваш во агенција и покрај што нема гужва чекаш пола саат ,но и покрај се доаѓаш на ред влегуваш со сите добронамерности и сите постојачки убави манири.....и една оФца која патем се прави наглува и се кафосува со друга од истиов „вид„ несака ни да те дослуша ...ШТО...е ела ми сега ти на мене,дојди ваму да ти кажам две три реченици мамето твое не воспитано,која си ти мене да не ме регистрираш.... е после веќе не се сеќавам од бес што се‘ не и изнакажав...она мене ќе ми расипува денот,мало морѓен :D Сега барем добро ме запозна и сигурна сум дека ме внесе во трајна меморија :D
    Некои навистина ама навистина не си ги заслужуват работните места :!: Марш таму!
    Бај д веј сеуште расположението е на ниво :D
     
    На ozbilnazena, Anabelle.Amorette и Gordana10 им се допаѓа ова.
  8. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    Убав денов денес :) сонце,природа,шопинг,љубов е па убав бил денот :!: е ми ке биде,само да се почести вака деновите :D
     
  9. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Сме останале дома без млеко и сега кога сум жедна морам да пијам вода место кафе :worried:

    [​IMG]

    Најдете си мотивација во животов која ќе ве дига и кога мрзата ве совладала - напиша таа и почна да се спрема за да оди во продавница по млеко.

    М, :makeup:
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски

    Баш така, трпиш, трпиш и на крај и отпееш една песна и никогаш нема да те заборави, ќе те памтит парасјемпре :D Во такви случаеви, под итно стануваат љубезни :geek: Иначе, да во право си, некои не ги заслужуваат работните места, ама шта да радиш, кад се е наопаку поставено :wasntme:
    Разбирливо зш ти е на ниво расположението :D
     
    На Antoninaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    10.371
    Може и немаше да настрада да не беа серијава задремани идиоти на работно место утринава.
    Ама си го обра „бостанот“ сама :D Следниот пат може и кафе ќе ми понуди :rofl:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    СДК две работи. :talk:

    Прва работа е дека вчера тука беше ден на мајките, иако во Мк нема таков ден, со задоцнување на им го честитам на сите мајки тука на форумот денот на мајките.

    [​IMG]

    Јас си поминав одлично, си добив доручек во кревет, малиот ме ранеше, помалиот ме плукаше :rofl:(негова верзија на бакнеж) после тоа нормално следување туш и менување на комплетната послтелнина, битно е кеифот на малиот да му се направи он е причината поради и која го славам денот. :inlove:

    Инаку на фб вчера цел ден читам статуси како децата им се ангелчиња, срциња итн, ги гледам моите и можеби 10% од денот и кога спијат се :angel:, остатокот од времето се :devil: :rofl:.

    Другото што сакав да кажам е дека хормоните се страшна работа, посебно вакви полудени како моите, сега со вакви полудени хормони сум типична жена, не знам што сакам. :wasntme:
    Сопругот кога си легнуваме обавезно ме обвиткува со раце и нозе, дека висок, долги раце и нозе има, мислам двапати може да ме обвитка, пола време имам впечаток дека спијам со октопод :lol: ама сега дека во поинаква состојба нели да не ме гмечи се труди да не ме обвиткува толку.
    Е сега настапуваат хормоните кога не ме гмечи ми фали, кога ме гмечи ме нервира, ај нека ми го најде некој крајот, сега кога си легнуваме да можам под кожа ќе му влезам, се будам преку ноќ врз него буквално спијам и си ме трпи, не се буни како јас што се бунам кога ме гмечи, љубов, бе љубов. :inlove:

    Ете тоа сакав да кажам, да прочитам уште нешто ако има интересно и да си легнам до октоподов мој. :rofl:
     
    На anuskaNESTLE, Foreveryoungiwannabe, Lepaaa и 32 други им се допаѓа ова.
  13. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Вчерашниот филм на Сител Xич ме потсети на Стојницата Озбилна. ;)
    Се смеев до солзи, и ја замислував во улогата. :D
    И за стројница си треба дарба.
    Само да е професионално, да носи некој денар, а не само една крпа и на секоја кавга Озбилна виновна.
    Агенција му е мајката. :!:
    Кога веќе тргнало аирлија нека е ...

    СДК 2 Навечер е многу пријатно надвор.Се чувствува мирис на расцветан багрем, нема комарци а дувка пролетно ветре, милина за срце и душа.Да не сум на работа, денот би го преспала за да и се восхитувам на мајските миризливи , ведри и тивки ноќи.
     
    На bittersweet и ozbilnazena им се допаѓа ова.
  14. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Интересно денче.
    Ме читаа „на звучникот“, еј! Добро познатиот говор:
    „На ден 10.05.2014, сабота се одржа регионалниот натпревар по физика за учениците од основните и средните училишта. Учество зедоа и наши ученици меѓу кои и бла, бла, бла и КвинЕлена од осмо деветгодишно која ја освои таа и таа награда“.
    Е, арно де, важно ме читаа. :D
    Говорот им е смешен како брадата на Кончита Вурст, но нема врска. :D
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  15. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    Ете.. уште една година помина. Една година испреплетена со 365 дена среќа, во секој изминат ден барем по една насмевка ми го красеше лицето.Имаше и моменти на слабост,изгубив една важна личност која имаше улога на втора мајка во мојот живот, но помина болката а раните ќе се лекуваат но никогаш нема да заздрават. Времето како да сака да летне.. а богами и лета и тоа како. Денеска ми подготвија нешто прекрасно што ме направи да се чувствувам како најсаканата личност во светот и во овој момент сакам да им се заблагодарам на сите кои во овие 365 дена беа покрај мене, давајќи подршка па ви се заблагодарувам и на вас, моите драги феминки кои никој никогаш претходно не ме посоветувал подобро од вас.Ако прашате некој што бил со мене 24/7 каква личност сум, сигурно ќе ви каже дека го минувам секој ден со прекумерна насмевка и прекумерна опсесија кон музиката а и прекумерен излив на емоции но тоа е мојот начин на живот и тоа е тоа што јас ќе го правам и во наредните 365 дена.Една година постара и се надевам попаметна :D

    Бидејте ми поздравени и ве частам со парче торта. Почестете се :hai:
    [​IMG]
     
    На LittlePinky, Someonespecial, bubac и 3 други им се допаѓа ова.
  16. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто,но ме копкаат некои проблеми за кои мислам дека никогаш нема да најдам компатибилно решение.Колку и да се трудам да го барам.
    А можеби е тука,само треба некој да се потруди и да размисли.
    Се мислам...помина година и нешто,а уште стојам на истото.Истата личност сум,но како малку да ми се зголемува самодовербата.Можеби и се лажам,но искрено се надевам дека е така.Можеби изгледот ми е сосема малку сменет,минус десетина кила,но карактерот ми е ист.И многу им се чудам на тие луѓе што ми велат дека сум сменета.Не,не се сменив,туку престанав да се однесувам како што вас ви одговара.

    Што ли ми се случува?
    Точен одговор на ова прашање немам,но...не,дефинитивно не пораснав и не созреав.Што и да е,на добро е.И се надевам дека и понатака ќе биде.Дека ќе ги откријам загатките кои животот ми ги подготвил и дека ќе продолжам и понатаму со крената глава.Easier said than done,ама ќе видиме што ќе биде.
    Не,не викам дека сум несреќна константно.Туку на моменти,ме обземаат разни чувства на тага и болка,а и секако,на среќа.Чудно е што само неколку личности можат да го разбудат последново чувство.
    Како и да е,истото детиште,истиот бунтовник без причина,истиот хејтер на моменти,истата плачка на одредени песни,истиот советник на блиските,истата машкуданка и симпатијата кон иста личност сеуште живеат во мене.
    И немам ни намера да се сменам,вака искрено.Затоа што капетанот секогаш последен го напушта бродот.
     
  17. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    :bow:
    Е така де!
    Амин!
     

    Прикачени фајлови:

    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Виножито, ни крпа ни пари не сум видела од дарбава моја :D
    Утрово утепавме по една баклава на работа :D Изгледа за аирлија е работава.
    Дали се држеше за воланот или за рачната, не знам. Ама знам дека детево си е дете на место.
    Абе и таа ми изгледа како да е на место... а понатака ако ја зезнат работата, Озбилна не е виновна.
    Затоа што добро си ја одигра улогата :D Им дал Бог очи, ум и разум, сестро златна.
    За тебе, од мене :hug: Седни да стегнеме по една :hai:
    [​IMG]
     
    На bittersweet и vinozito1 им се допаѓа ова.
  19. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    Мајка сум и неможам да ги разберам мајките што ја спречуват иднината на нивните деца да оди по убав пат :x
    Јас никогаш ама никогаш нема да го спречам чедото да оди по својата цел :!: никогаш не би дозволила заради мене да пати :^)
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Linnea

    Linnea Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека ја гледам Фитнес категоријата и јадам ориз и пилешко... Која иронија :D