Кога насабајле највоспитаното комшиско детенце тргнато кон градинка ќе те поздрави насмеано и со гушка, а потоа на пауза финиот дедо што продава пецива пред факултет ќе ве послужи сите со насмевка и најљубезно „избери си кое ѓеврече го сакаш“ и „пријатно јадење“ - тешко е да не веруваш дека да, постои љубезност, култура и добрина во луѓето, задржана од најмала до најстара возраст и покрај сè. И секогаш ќе постои...
Желбата за моќ, за власт и за пари прави од луѓето ѕверови. Луѓе кои (не)намерно или повеќе или помалку случајно вмешаа прсти пред 10тина години во политиката или се стекнаа со некоја позиција за жал се луѓе кои едвај можам да ги препознаам. Во тоа време би велела дека со две раце би потпишала некој од нив да има надлежност над нешто но сега од истите тие ми доаѓа нагон за (знаете каков)... Марионети кои се борат за некоја цел што е непостоечка... Убаво кажале - дај му на човек моќ и ќе му го видиш лицето
Денес ја прочитав книгата за биографијата на Опра Винфри и ја купив за 750 од literarura.mk цената им е сеуште таа. Ако сака некој да ја добие за 500 денара и е од Скопје нека пише слободно;нова е гланц. Ве молам без ценкање.
Не знам како им успева на луѓево да скријат емоции. Ако ми се смее се смеам, ако ми се плаче си плачам, ако сум нервозна од 100км ми се познава... Како прикривате???
Абре македонче, ќе седне у друштво со србин и прича српскоме језикоме развалува со падежи. Збори си маЌедонски, не си ја мачи душичката.
Работев во компанија каде комунициравме со Срби и они ке речеа Поштовање И ја такоџе Поштовање и ја објаснувам ама од таму тишшина едно две три минути. Молим Вас полако зборите ништо не сам ве разумела....и ја ондак причам српски мало умешам кумановски мало шумадиснки и тако то
А јас никогаш не сфатив зошто им е толку тежок српскиот, да не можат да го зборуваат правилно, или барем приближно.
Разбираат ако им збориш пополека,тоа ти иде како сеа да ти дојде некој англичанец и да ти збори на англиски не сум баш сигурен дека ке го разбереш,попрво ке разбереш некој турчин што се труди на англиски нешто да те праша,за улица или за некоја знаменитост,поинаков е неговиот англиски а и претпоставувам пополека ке збори од енглезот кој му е мајчин јазик и ке ти каже 100 збора у секунда
Брат ми е постар од мене и имаше на школо и предмет српско хрватски,ја го немав и книги на српски не читам а преводи на филмови гледав со сила и до пред некое време немав ни приметено дека сум ги привикнал и не сум ни свесен дека е на српски или хрватски преводот сеедно. А да зеам да зборам е сосема друго и којзнае колку грешки би напраил
Јас мислам дека е потребна концентрација за успешно говорење на јазикот кој веќе го разбираш. Да не те фаќа моментот набрзина, неподготвен.
Некои рани тешко зараснуваат... Кога ќе се испулам на местото каде што спиеше и замислувам како да сега длабоко спие, како ме чекаше откаде и да се враќам, Бабе стигна? Кога ми велеше пази да не те лажи отвори си ги двете 4ри. Не ме испрати ни ко заминав, а јас не те испратив ти ко си замина да бидиш заедно со дедо. Дел ми остана во срцето, една грутка што тежеше и ќе тежи и еден огромен жал што не бев дома на тој ден, Бабо фалиш, празно ми е без тебе, ама знам дека заедно сте со дедо и чувајте се и држете еден до друг. Чувајте не од горе и кажи му на дедо дека ми е криво што никогаш не го запознав, Ве сакам
Кога луѓе во 21век се борат за опресија и ограничување на одредена група на луѓе кои не им влијае штетно на било каков начин и кога пробуваат свои навики на друг да наметнат, па во таа крајност и стил на живеење.. ми иде да изградам временска машина па да ги пратам назад некаде во минатото за подобро да се соживеат со сценариото им нивно смешно.
Се нервирав си велев како бе може таков злобен народ да имаме од мама и тато станал газда ,али кога си ја чукнав главата и си реков мори идиотке се нервираш за некој што кога тогаш и него ќе го стигне казната ,нема јас да го казнам господ ќе го казни И од тогаш јас со душа чекам да дојде тој ден. Кога тогаш сите ќе не стигне казната за нашите дела. Викам бик сум злопамтило ,што ќе направам ќе вратам кога најмалку очекува сакам да знам тогаш што ќе прават тие што мислат дека неможам ништо. Убаво рекле не го повредувај бикот ќе ти врати мн лошо али кој како сфаќа
Се разделив и овојпат од тебе Пола душа ти ја оставам секојпат кога заминуваш Ми студи....поради тебе Дува зашто си замина Тагувам по тебе и те чекам...ќе те чекам 7 месеци Ги гледам чизмите, и ме бие мисла дека ако ги облечам ќе те изневерам. Ама да знаеш, поверна од мене немаШ - Л Е Т О мое драго СДК дека почнав со хибернација...
Утрото ми е еднакво на надеж. Таа поврзаност можат да ја сфатат само оние кои едвај чекале да видат зрак светлина во темнината. Кога чувствуваат дека темнината ќе ги проголта, светлината да се појави и сета мистериозност на мракот да исчезне. Ноќта е како тешките периоди во животот. Се е црно околу нас, ништо не гледаме, нема излез, тишина, празнина. Неизвесност. И ни изгледа долга. Чекаме утрото да дојде. Многу чекаме. Но знаеме дека ќе дојде. Надеж, утрото да нѐ оживее. И доаѓа, нѐ оживува. Раѓањето на денот е едно од најубавите нешта од кои сме дел.