Научниците докажале дека луѓето кои веруваат во теории на заговор имаат сериозни конгнитивни проблеми. Зошто не сум изненадена?
Сакаш да каеш дека 9/11 не беше inside job? Многу теории на заговор се покажало дека се вистина...Има разлика помеѓу едниве и другите, не е се црно или бело .
Животот знае да ни подготви неочекувани изненадувања. Ми отвори нова страница која не знаев дека е дел од мојата содржина.Неочекувано ме потсети дека нештата што ги мразам ќе бидат дел од секојдневието.Без можност за избор, учам да се навикнувам на помалку сакани моменти со утеха дека и овој период ќе помине со успешно научена лекција.
Дефинитивно има разлика. Истражувањето се однесува на оние што и покрај очигледните докази не можат да ја прифатат вистината. Тоа се оние што веруваат дека Земјата е рамна и НАСА не лаже сите. Или оние што веруваат дека глобалното затоплување не е вистина. Или дека втората светска војна никогаш не се случила. Или оние што веруваат дека Австралија не постои (да, има такви).
Иронично е да зборуваш за луѓето кои носат кожни чевли или кожни јакни, кога ти самиот не си вегетаријанец. Сериозно? Ќе дискутираме за емпатија кон животните, а гравчето не можеш да го замислиш без пушено ребро? Мх, мх, мх... Ждерење месо и осудување на луѓето кои на себе носат кожни работи, во најмала рака е безобразно.
Уживам во друштво на луѓе кои никако не се откажуваат од својата цел... а бре мавани се, сопнувани, омаловажувани, деграирани, исмевани и затварани на дното, и таман си помислил крварат, ете ќе се откажат од своите „луди“ идеи ете ги, пак го зграпчиле животот најсилно што можат и тераат со целата своја сила, лудачки исполнувајќи го својот сон... Нема за нив„ не успеав ради овој“, „партијата од оној ме сопре“. „не можев да ја сакам ради ова, она“ Предам со нив...часови можам да ги слушам... од љубов, од соништа, од страст, од опшествена слобода за нив откажување нема... алал нека им е, учам од нив секој миг, учам и предам!
Шта речи, коју поруку послати? Жалното е што вакви низ светот навистина успеваат на начин и во мера што им е дефиниција за успех според толку мозок што им го дал Господ, биологијата, ју нејм ит... добивајќи го она клучното што ги кочи еден куп други навистина вредни луѓе да ги остварат своите разни вистински квалитети - парите, и билдајќи самодоверба што исто така им фали на многу од истите тие кои навистина имаат со што да се гордеат...
Сино езеро продира низ тие сини очи, се полни душа со спокој, се молиш да потрае подолго, да тече времето бавно исто како во оние досадни дождливи денови, или како во долгите зимските ноќи. Мораш скоро да одиш дома... во новото дома.... никогаш нема да биде како дома.
Си скролам на инстаграм слики од #cthrumakeastatementmkd и све фини девојки, добро средени. Најважно што приметив сите имаат гради, значи зборам за ГРАДИ! Се гледам јас под маица, оп мушко. Добро бе па јас ли само останав недорасната?! Ало!Гени, хормони кај сте???
Кој да им каже на овие полни со стравови, на овие само лошо што чекаат од луѓето, на овие што се паничат ако не котрлираат се во животот, на овие што се празни од емоции и што не веруваат во искрени и спонтани луѓе дека не е проблемот во луѓето туку проблемот е длабоко во нив самите! Не се луѓето лоши туку ние им пријдуваме така и правиме се за да го предизвикаме лошото и лудилото во нив!
Морам да се пофалам дека вчерашниот ден беше незаборавен. Другарка која долго не сум ја видела, ја изнагушкав за сите години кои сме ги пропуштиле заедно. Кога ми кажа дека ќе дојде ги откажав сите обврски и сите планови. Супер си поминавме. Ми недостига и сега, но тоа е. Секогаш ќе го памтам тој ден.
Како прво никој не ме прашал дали сакам да се родам. Како второ што ако не можам да се радувам. Трето може се што живееме е реприза,може кружиме постојано во оваа агонија. Иако верувам во Бог животот за мене не е ништо посебно.