Не ретко се случува самите да се потцениме. Да заслужиме многу повеќе а да добиеме помалку за возврат и да премолчиме од срам. Не, не е срамота да си го побарам тоа кое сум го заслужила и кое ми припаѓа! Така добро ќе му го покажам местото на оној кој ме обесправил што тој ќе биде тој што ќе се срами.
Ако некого не го сакате, не лажете дека го сакате. Едноставно е. Мислам, смешно е, кога делата не го (по)кажуваат истото.
Пар членови тука што низ годините ги имам читано (и во темава, и буквално насекаде) само со копирани цитати и мудри мисли, понекогаш ги замислувам како роботи на кои треба да им се постави "prove you're human" тест со пишување барем еден природен пост со свои зборови... #исповед #ијасимамтеоријаназаговор
Ми се гледа некој јак трилер, толку да е јак што ќе ме остави со подзината уста, како Shutter island на времето. Веќе се е видено, едни исти случки со различни актери, преправено, а сто пати полошо. Сакам кога е Недела, не ми е здодевно, напротив има толку многу што да се прави. Другарка ми го гледала Тор, па ми го пофали. Јас Крис ќе го гледам така да поплакнам очи, а за глумата негова не би коментирала, зошто окото ја гледа убавината во таков случај хахаха.
Интернетот и телевизијата ти кажуваат кога да сакаш, кого да мразиш, од кого да се плашиш, што да мислиш и што да не мислиш. Направи сопствено истражување. Информирај се!! Ослободиго својот ум од ментално ропство!
Долгото и посветено гледањето во далечината некогаш знае да биде и корисно. Светлата точка незнаеш кога ќе се појави па затоа не секогаш го пререкувај потрошеното време дека е залудно што си гледал долго во далечината. Блискоста е полесно да ја увидиш, воочиш, опипаш, доживееш. Но далечината само ако си посветен, истраен, насочен и со желба да ја створиш блиска, можеби ќе можеш да ја видиш од каде доаѓа таа светла точка во далечината.
Каков муабет да правиш и како да ги сфатиш сериозно луѓето што прават јавни тестови на фб, за да видат кое годишно време се, кој лик од серија се, кој светец ги чува и какви љубовници се според хороскоп? 30 годишен маж јавно објавува резултати на фб од тестот што го решавал за да дозне кое годишно време е тој самиот. - Горан ти си ЗИМА. Некој тинејџер објавува резултати од тестот кој лик е од турска серија. - Васко ти си Елиф од серијата Елиф. Некоја жена објавува резултати од тестот за да види кој светец ја чувал. - Светлана тебе те чува Св. Никола. Амин. Некоја девојка објавува колку деца ќе има и како ќе се викаат. - Стефанија, ти ќе имаш 2 близнаци и ќе се викаат Ана и Петар. Истиот маж од најгоре објавува каков љубовник бил според хороскоп. - Горан, ти како знак девица си многу нежен и полн со љубов. Знаеш да ги задоволиш своите и потребите на партнерот. Ти си одличен љубовник.
Денес се сетив на ноќта во август 2015, си седевме на клупата во паркот и песнава свиреше во позадина, тогаш прв пат ја чув, аххх времиња Мило ми е што ќе се видиме повторно, после долго време, been too long, ќе биде интересно денес
СДК...на личноста која ја сакаш или која ти се допаѓа НИКОГАШ немој да и го збориш гласно она што можеш да и го шепнеш
Еден ден кога мене ќе ме нема дали ке биде за брзо или не ,биди си пак тој што знае да сака,да почитува жена,да ја чува како да е единствена. Немој да бидеш тажен кога ќе ме нема ,кога ќе бидам толку мн далеку од тебе биди среќен како и секој ден насмеан и полн со живот.Едноставно мене животот и судбината ме прегазија не дозволувај и тебе да те прегази.Не тагувај по мене ,јас неможам да се вратам,али затоа ќе се појави некоја што ќе те прави мн среќен. Еден ден ќе се сретнеме таму високо ,али рано е уште за тоа тогаш ќе те гушнам најсилно на светот