Стварно не ми се јасни луѓето што кога честитаат роденден некому на фб ставуваат слика од нив и славеникот..као демек не знаеме кој честита и кој слави роденден..па да ги видиме на сликата.. Оох мојата чудесна земја...и менталитетот и навиките во неа...
Колку ние женскиот пол сме условно речено "зависни'' од љубовни врски.. Светот рапидно прогресира, се менува, додека ние сме сеуште заглавени во прангите на нереалноста, генерирајќи некој прототип на Ромео во нашите фантазии. А тогаш кога нема да го најдеме, почнуваме да правиме обиди сегашниот партнер да го претвориме во еден таков. Постојано имаме потреба да бараме решенија кога ќе наидеме на проблем во врската, додека нашите партнери најчесто го претпочитаат сопствениот интерес. Понекогаш толку длабоко знаеме да заораме во таа проблематика што забораваме дека поентата да се биде во романтична врска е за да се чувствуваме убаво, а наместо тоа почнуваме да губиме сенс за вредноста на сопствениот идентитет. Можеби ќе звучи клише, бидејќи сум пишувала на една од темите овде која гласеше ''Friends With Benefits" ама денес еве по втор пат ставам акцент на истата, бидејќи се испостави дека уште еднаш ја потврдив сопствената теза.. Имено, разговарајќи денес со другарка дојдов до сознание дека претходните месеци додека не се гледавме започнала сексуална врска за која не знам дали претходно постоело договор или не, ама таа и покрај таквиот старт, потајно во себе се надевала дека може да произлезе нешто повеќе од тоа. Да скратам - После двомесечниот секс она го прашува дечково до каде се и што да очекува, а он ''културно'' ја одјебува на еден мошне "дипломатски" начин, индиректно посочувајќи ѝ дека освен секс не треба да очекува ништо друго.. Загрижувачки е што ваквите појави се сѐ почести и го потврдуваат стереотипот дека жените и покрај еманципацијата и феминистичките движења сеуште живеат во свет каде не можат во целост да се апстрахираат од потребата да креираат романтична врска со цел (најчесто потсвесно) за да ја остварат својата биолошка предиспозиција или за да не се чувствуваат осамено во овој веќе отуѓен свет.. За крај, она што најчесто го забораваме:
Сдк,го знаете онаа чуство кога имате потреба да кажете нешто,но не знаете што? Имате да кажете премногу но не знаете како,не можете да ги пронајдете зборовите.Се чуствувам како бомба која во секој момент може да експлодира.Сакам да направам многу работи но никако да почнам,сакам промена но немам сила да се борам.Немам сили истрошена сум... не сум способна ни да објаснам што чуствувам.Само едно знам дека мора да помине и ќе помине,но не знам когаа..
Што се дешава со ова т.н "празник" Halloween?!?! Пренатрупани социјални мрежи со сатански слики. Мајки што правите од своите деца, свесни ли сте?!?! Не се правете со сила нешто што не сте! Јас се кладам 90% не ни знаат зошто американците го празнуваат. А и она Babyshower, на нероден Петко капа му кројат. Жално за гледање... Пуста желба на македонче да стане американче. Абе не може!
Оној кој никогаш не добил љубов, не знае ниту како да даде.... Го прочитав кај пријател на статус... Хмм колку вистина има во ова
Ми треба едно off копче што би ми спречило умствена и емоционална реакција на секакви глупости од личности на кои им фалат знаење и факти, ама затоа омраза и гнев имаат и за извоз. Велат голема е моќта на тој што знае да замолчи и тогаш кога е во право, а јас велам уште поголема треба за да го замолчиш и внатрешниот глас во себе на чувствата и умот алергични на игнорантност и зло. Сакам пак да ја имам таа моќ како порано...
Лелеее ме врати у детството и мене, само што ние пиевме од трилитарки шкљ вино мешано со кокакола. И ништо бе ни беше. Сеа да се напијам од тоа вино мислам дека нема да се разбудам.
Сдк да ми предложеше вака некој убав филм да гледам, затоа што осекам дека ке си пукнам од досада вечерва, а сон никако не ме фака.
Никогаш нема да ги разберам возачите што забрзуваат на пешачки само за да не застанат. И ако не подзастане пешакот, што направивте?
Македонски синдром: -ќе се скара со маж и -ќе си отиде кај мајка и на неколку дена -ќе отиде да ја бара назад да се врати -ќе се врати како ,,жена , мајка , краЉица,, ... ... и оп на ФБ ќе стави слика ,,МАЈ ЊУ ХЕАР,,...Божем ништо не било..СЕ е погодено, ич да не се секирате СДК, мини турски серии гледаме во секојдневниот живот
Зошто служат контролориве во ЈСП? 100 пати до сега фатиле дечишта без билети и не ги казнуваат. Зошто? Им се плашат? А ние што плаќаме не сме арни...
Кога ќе почнат "ти си вака,ти си така, ти немаш, од каде ти тебе пари,ти си сиромашна,ти си богата, ти се смеат" ми се најискомплексирани муабети. Тоа се прости луѓе за мене. Често ги слушам како дофрлуваат секакви фрустрации. Па само јас ли сум воспитана да не прашувам тоа што не треба?! Кога некој не ме интересира воопшто не прашувам за него. Познаничка ме прашува нешто секој ден, мислам дека само ја интересира. Друг муабет ми е дека се што порано ми беше интересно денес ми е искомплексирано. Може да се каже се изнаживеав, се видов, се испраксирав и сега ми е супер. Веќе ништо не ме чуди, да можат ќе се изедат меѓу себе.
Фразата "добра книга" е исто како и "добра личност".Тоа што за некој е добро за друг е релативно добро. Унифицирана категорија не постои.