А, ја моите морам квалитетно да си ги пуштам, за да си ги издепилирам поубаво, од корен. Иначе ми се кратки и или не ми ги фаќа восокот, или ми ги кине и утредента пак пркнале од коренчето... Нејсе, ај бркајте си работа и најдете си живот чим туѓи бркови у душа ве дирнале. И да, до толку се потресов за небитен статус на форум, и не, нема да оладам и да не си фаќам вакви глупости при срце. ФМП.
СДК како некои можат да спијат со грижа на совеста? Како некои можат толку лесно да добиваат се што сакаат и последно: како не чувствуваат тежина во душата?
Луѓето сплеткари во било кое поле од животот на другиот, би ги линчувала без воопшто да размислам. Нема полоши од нив.
Свесен сум за одлуките мои,за тоа како дејствувам на сите полиња од мојот живот,одговорен сум лично јас за моите дела и активности во мојот таканаречен живот.
Дошло је време на фантастичен мирис во градов Особено обожавам кога парфемот ќе се наталожи во свежо измиена коса или тазе испрана марама, па дури и откако ќе влезеш внатре, мирисот останува со тебе... Планирам за оваа зима да се опремам вака Aко некој знае каде можам да го набавам, плис лет ми ноу. Соу мени дисижнс ту мејк, а толку малку пари Не им се патувало низ светот. Секаде било исто. Џабе фрлени пари. Брат, ако треба цел пат ќе бидам издрогирана за сите мои стресови и анксиозности, ама одам бре. Добро...кога ќе имам пари. Ме мачат главоболки неколку дена по ред, чувствувам некоја тежина, изгубив волја за многу работи. Тоа е тој круг. И ужасно многу ми се пие Од тоа треба да почнам изгледа Ис дис мај фјучр
Ќе каже човек на некому нешто во доверба и потоа тој тоа ќе го пренесе на други. Епа после, кога тие што ви верувале ќе ви свртат грб заради вашето предавство, не се бунете дека немало вистински пријатели...
Кога сте опкружени со среќни луѓе, подобро ќе се чувствувате и самите. Позитивната енергија е заразна.
Некаде прочитав, Ако можеш веднаш да одговориш со сарказам, значи имаш здрав мозок....Јееее имам здрав мозок хахахаха
Зошто никој не им кажува на луѓево дека комуникацијата е најважна во животот??? Зошто не им кажува дека таа е сржта на секоја љубов, темел на секое другарство, пријателство, бизнис партнерство, па дури и на секој напредок зошто ако не ја искомуницираш желбата ништо од тоа... И сите се посебно изненадени кога пропадне една љубов, едно пријателство, а не се изненадени кога не те прашале како си, кога не поминале 5 минути во зборување или четување сега помодерно со вас... Кога погледнеме позади нас, па се , буквално се што пропаднало позади нас било со лоша комуникација во која не се изградила никаква поврзаност.... во која се разменувале ради реда зборови, идиотизми што викам јас, ама темел за длабока поврзаност немало... дури ни во лутината не се потрудувал некој со комуникација да покаже дека му значиме,, дека ете не му е сеедно што сме лути, да искомуницира, туку се се ставало под тепих.... Дури и ние овде кога сакаме да запознаеме некој му праќаме порака, ете комуникација се обидуваме да возпоставиме... И пак ќе речам зошто никој не им кажал на луѓево дека комуникацијата е најважна во животот, а посебно посебно со оној кој го сакаш... Ете гласно се прашувам.....