Кога треба да се уче јас решавам да си ја средам собата, да зготвам нешто по дома, да го најдам малезискиот авиот, да се зачленам во секта и слично. Треба да има некоја опција во реалниот живот да ти удира шамари. Пр. „Нема да учам сега, после 10 минути ќе седнам, ветувам“ ПЉАААААС „Седи учи, говедо“. Од што толку немам инспирација на гугл пишував „inspiration for studying“ И што, таман ќе седнам да учам ќе ми се пријаде, па ќе сакам да одам да се истуширам, па ќе сакам да спијам и на крај ќе одложам за утре. ^ Целиот тој процес се повторува дневно минимум 3 пати. Ништо не е, навикнати сме веќе сите по дома. Таман решив на учам, си најдов една интересна тема на фемина. Добро, ќе учам, ветувам.
Смачено ми е од луѓево кои се толку многу полни со себе и умислени и со главата во облаци. Одат, а мислиш летаат или лебдат, зборуваат строго саркастично, саде иронија им лета, и некои, според нив, врвни интерни досетки, а уствари благе везе нема. На ова да ги додадеме и сите новопронајдени амбициозни, напатени за внимание, неостварени со желба за остварување и добиваш една така фина групичка на луѓе, една багра, уште подобро речено, од кои желудникот ми прави клик-клак и од кои ми иде уште од сега да чекам на аеродром да полетам. Што е уште потрагично, ги знам што гомна се онака дип даун , во какви гомна биле до пред некое време, колку пати и сама сум им ги чистела гомната и сум ги вадела од нив, сум им пружила рака па и мојата ја направиле со гомна, и збор не сум рекла, за да дојде денот да дочекам некој да ми се прави мадафакр, соушл батерфлај, стипендист, студент на генерации, паметњакович и сите други придавки кои им го полнат егото. Реалноста е дека бедните обиди за издигнување можат да поминат само кај некого што првпат ги гледа, ама кај ненормални како мене, не бре брате. Сите стадиуми на лудило ги минав и ги поминав, а фала Богу и ги одминав , и на сите им гледам како плашливо им шараат очињата кога никој не ги гледа. Јак си колку најслабиот дел во тебе. Така фино-лепо сум станата арогантна, саркастична, и се правам паметна, и се инатам, во секој обид за интеракција со такви личности. Сеќавам дека ми летаат искри од очите, и не ми е воопшто жал, оти секој си го срка тоа што си го надробил. Кога можат они, можам и јас, и тоа трипати повеќе од нив. Секој се бори со своите демони навечер кога ќе си легне, а крахот не е далеку кога најголем демон си си сам на себе, еден на еден со другиот дел од тебе, а воедно и со најголемиот страв, дека некој ќе продре под тоа што се претставуваш дека си. Оти тој што си знае кој е, и што е, и зошто е, не се преправа и не се докажува дека е нешто друго. А тој што не знае и не се плаши од тоа дека не знае, искрено си го кажува истото и прави се' да се пронајде. Како и да е, си најдов еден џиш плав куфер, полека ќе го полнам, и дим да ме њама. Цело вруќо лето е пред сите , молим лепо, асфалтот ги чека да ги залепи... Таман да се испитаат и преиспитаат и да се расклопат и да се склопат и што им душа сака. Мене ме чекаат подобри денови.
Се сеќавате на 18ти декември кога ми го украдоа паричникот? Океј, небитно дали се сеќавате, сега ви кажав. Е па пак се случи истото! Само што овој пат, не знам дали ми го украле или јас сум го изгубила негде. Ко у црна земја да пропаднал, бе. Ма више не ми е криво за парите, криво ми е за паричниците! И двата ми беа подароци и многу беа убави. Посебно овој последниов. Јас како што не сакам големи паричници, овој беше таков мал, сегде можев да го пикнам и да го напунам. Под ова „напунам“, не алудирам на тоа дека го пунам со пари. Туку со сликички, картички, ливчиња, сметки. Знаете де, со што се пуни паричник. Со се', само не со пари. Сега веќе не носам новчаник. Од сега па натака, парите во ЏЕБ! Ваљда нема некој фармерките да ми ги украде. Или па јас да ги изгубам. Не бре, кај може мене да ми паѓаат фармерки... и јас па ептен се филмам. За среќа некоја, слободната карта за во автобус, секогаш останува кај мене. Фала Богу! Пред некој ден се сликав за лична карта, иначе. Ама кога ќе ми ја „врачат“, не ја ставам во новчаник. Бегај таму, ќе треба на секој два месеца да се сликам за лична карта. Без глава ќе останам некој ден.
На некој личности им имаш дадено 101посто од себе за да ги направиш срекни, задоволни,да се чуствуваат сакани,непреспиени ноки... и само бараш од нив почит на тоа што им го нудиш а за жал како шлаканица силна добиваш реченица што убива И ШТО НАПРАВИ ТИ ЗА МЕНЕ А ШТО....па ако не се секаваш на ни една работа што направив сите овие години на кого сум трошела енергијата, времето, трпението, животот на кого ма таква личност не ми треба во живот доста беше толку..
Денеска, едно мало бебенце дојде на свет, конечно и тоа ја пронајде светлината на овој свет и донесе радост во нашите срца. Денес за првпат станав тетка, а мојата тетка баба, премногу ми е драго за неа и за братучедка ми затоа што братучедка ми отсекогаш беше дечарка, а сега си има сопствено дете. Како вчера да беше кога студираше, а сега стана мајка. Денес по никаков ден и расположение нула конечно добив одлична вест. Одеднаш заѕвони телефонот, тоа беше баба ми, цела пресреќна ми вика станав прабаба. Не знаев како да реагирам во тој момент од среќа, па само и реков, ајде честитки бабо, па да дочекаш и од нас останатите внуци да станеш пак прабаба. Едвај чекам да го видам бебенцето, да видам како изгледа, премногу сакам мали бебиња. Добредојде ЈАНА на овој свет, биди здрава и жива.
Ете не сакам да пораснам! - Не сакам да заврши школскава година (иако ми е смачено, не измалтретираа за сите пари и за кусурот); - Не сакам да одам на факултет; - Не сакам сама да донесувам големи одлуки; - Не сакам бидам независна; - Не сакам да ми викаат "порасна и ти, голема си веќе"; - Не сакам да ги разочарам моите родители; - Не сакам да пробам да се замислам на некое работно место; - Не сакам да имаат големи очекувања од мене; - Не сакам да размислувам што ќе бидам понатаму во животот... Ете не сакам.......
Секој ден поминувам по некој саат со деца, немате појма колку се чувствувам исполнето , многу сум среќна кога сум со деца. Толку многу учам од малите деца толку многу ме смејат и ме радуваат. Се лутаат а глупости , се караат и одма после се смејат , најголем проблем ни е кога ке ја промашат топката, најголема болка ни е гребнатинката на коленото... Толку се невини и чисти и полни со љубов ... Се надевам оваа моја љубов секогаш ке биде толку голема и дека наскоро еден ден господ и на мене ке ми подари многу кои ке ги сакам вака. Децата немаат маки , немаат гревови , душите им се толку чисти и невини , толку се полни со живот , жедни за игра, за песна за се.... Дечињаааа.....
Од малечка знаев дека во светот има многу злобни луѓе, но дури денес дознав дека 99,9999 проценти од населението на оваа планета е злобно. Дури и луѓето за кои сум мислела дека покрај нивните грешки, сепак се личности кои ќе те разберат, или барем почитуваат, но ни тоа не го добив од нив. Само разочарување...
Прво правило - иако секој ден читаш вицови и ги имаш безброј во мозокот, кога во друштво ќе ти речат да кажеш некој, одма ниеден не ти текнува. Е така!
Леле колку ме замараат кога ќе ми пишат на фб -ај лајкни го ова плс -ај покани ги сите твои пријатели да ја лајкнат мојата страна,многу ми е итно -ај те молам отвори го линкот селектирај го прати го на 2-3 да се изрекламира -ај зачлени се на оваа група и лајкувај објави -ај лајкни го прво овој линк па потоа тој после него за наградна игра ми е -ај лајкни ги оваа па потоа гласај,и можеш да гласаш на секој 24часа по еднаш -лајк за моето ангелче да добиеме награда(кашички фрутек,2 лижавчиња,1пакетче памперс,бекутан производи, ) -лајк за нејзината корпа во Жито маркет или незнам кој -лајк за гратис на Аца Лукас -ај помогни ми да стигнам до 1000 кои ја имаа видено оваа објава и многу многуу вакви 'молби' Алооо шо ви е бе луѓеее,абе до таа една гратис карта ли ви е дојдено,до едно пакетче пелени ли ви е ,шо ви е неможам и неможам да ве сватам , живи и здрави да сте ама жив давеж сте бее АМАН Спојлер на некои блиски толку шо ми се закачуваат им давам пасворд и нека кршат глава шо сакат нека праат
-Те сакам -Мрш. Стани ој си дома ти туриле дрога у кафето. -Многу те сакам кога се лутиш. -Ти си се швркнал скроз -ЛАв ју мор! Е овој да го чуваш лепотице
Мака ми е веќе од немање слободно време.А кога имам слободно време,здодевно ми е и не знам со што да се занимавам.Убаво е да се има обврски и се тоа,но навистина што е многу,многу е. Не се издржува.Слободна дури навечер и немам време апсолутно за ништо.Се надевам ќе се смени нешто,па ќе имам време за се,не мора баш за се,бар за поважните работи.Вака трчам се да направам,но не успевам или ако успеам се да направам,како претепана во кревет ќе отидам. Не е на арно и седењето дома,но треба да се има некој баланс,доволно слободно време и доволно обврски во денот.
само во музиката има спас. Никој нема да ме разбере подобро и никој нема подобро да опише како се чувствувам.
Ве читам редовно ама немам што да пишам,ништо не се случува,работа,дома,работа,спиење,работа се така во круг...и велам на братучедка ми пред некој ден абе јас немам симпатија разбираш ли нема некој нормален човек што ми се допаѓа,ај немора да биде нормален ама онака да ме привлекува нешто кај некого ама ништо,баш ништо,пустош... Останете ми со здравје
Денес пред да одам на училиште бев во библиотека да зеам некој книги, обожвам да читам. И сеа коа отидов нашколо ги прелистував и тука беа `другарките` и зјапаат во мене и почнаа да се смеат и да коментираат нешта од типот на ` оо загреотка`, ` ти не си нормална`, `глупост е`, `брука` и сл. Како тоа е брука бе да земеш да прочиташ некоја книга, да научиш нешто, да се опуштиш, а не е брука да се фалиш наоколу со колку си се смувала мината вечер додека си била пијана? Оооо Божее, до кај стигнаа децава со размислувањата и со постапките, страшнооо. Сликава ептен ми падна в очи и ми се допадна. Добра ви ноќ