Некои викаат најлошо е кога нешто чекаш и не можеш ништо. Јас моментално чекам повици од 3 страни и не можам ништо освен да чекам.
Господе Боже, ако постоиш, те молам да заработам доволно пари за да си купам ваква столица, или евентуално да ми ја купи некој. Амин.
Проклет ноември, одвратен ми е овој месец. Проклет да си и ти. I don't miss you, I miss the misery ...
Поголем фраер од маж кој си ги носи во една рака децата во друга ранците кон градинка/школо или думка бебе во раце пред гардеробер во продавница додека сопругата пробува на шопинг - нема! Можеби оној кој сред ноќ се буди и нишка бебе и и' вели поспиј, одмори се на сопругата
СДК заврна снег Некако многу рано. И на ФБ во меморија видов дека и минатата година заврна на денешен ден снег
Некои луѓе, ,,вистината" што нив лично им одговара, ја сметаат за искреност, а онаа вистина која не им одговара, ја сметаат за безобразлук. Смешно.
Морално наместо задолжително. Секундарно наместо моментално. А морално ли е ова да се направи? Еве ме, доаѓам секундарно.
Иии да си се надоврзам од погоре, проблем решен! Колку повеќе молчи човек, толку повеќе е газен. Епа доста беше.
Времето не постои, постои само моментов! Цел живот го поминуваме во мислење за тоа „што се случило“ и „што ќе се случи“. Но, едното поминало а другото не знаеме дали ќе дојде. Уживајте во моментите, повеќе.