Ако си кажеш/пишеш за некоја мака најголемите душегрижници ќе те запрашаат за последното и најнебитното онака што си спомнала само како дел од темата. Ај барем посветиле внимание на маката ако се фатиле за небитното,па и не до нив лично толку им е капацитетот за разликување на битно до небитно.
Го замолувам времево да не биде вака тмурно. Мене сонце ми треба. Денес е од оние денови кога главава ке ми прсне од сабаjле. И ако може да не врне. ФМП Бидеjки треба да излезам.
Да ви кажам што убаво ми мириса на чисто, дури и кафево ми е помило и поубаво. Сега еден убав туш и уживање, а подоцна ручек за двајца.
Алкохолот убива Шекерот убива дебелината убива стресот убива.............Дојде денот кога и ДИШЕЊЕТО УБИВА.....е ајде сега со боци кислород ке одиме на работа..... Животот бил убав ..некој рече
сдк не се нервирај Рамо рамооо за една недела ќе биде подруго, кога ќе ми текне еднаш како ме рашиша една овде во Ск, леле до дома не знам како си отидов умот ми се вртеше. А бе до ушите ме потшиша
Lele me nasmea so devojchevo Site sme imale Po nekoja “frizerka” vo nashiot zivot shto ke ja pametime za cel zivot..Se sekavam na edna vo “normalen “salon koga mi izvadi nozica I toa onakva krojachka nozica za da mi potskrati kosa
Македонска класична работа,нарачав пред 2 недели телевизор од т-моб,земав магента,телевизорот абер нема да го донесат,се јавувам 4 дена по ред во т-моб,да видам до каде е телевизорот,вчера ми се јавуваат ми викаат дечко телевизорот уште пред 10 дена ви е доставен дома.Викам неможе да е доставен,немам ништо потпишано и никој не ми се јавил,ако во рок од 2 дена не го донесете ке имате тужба чао,пошто кај нас во оваа скапана држава,освен со закани со добро не иде,и еве пред 1 саат ми го донесоа тв,значи сепак можело.А да си ќутев и чекав,некој лопов ке си го лапнеше телевизорот и оп 200 евра во џеб.
A највќе сакам кога на баба и читам серија и се погрешно он и вика на неа - иди но ќе те чекам до крајот на животот а јас читам- како би те легнал сега тука на масата а баба вика- пуффф говедо
Ми фали тегнење во кревет до колку што јас сакам. Ми фали утринското кафе со мама и долгите муабети. Ми фали сестра ми, да се закачкаме цел ден, па на крај да си се милуваме како мачиња. Ми фали попладнето да го пречекам тато од работа. Верувале или не, ми фали и учењето за испити. Ми фали и мојата соба. И сега имам се за кое што сонував, но ова ќе ми фали секогаш!
Сдк ми се кити елка. отворив сезона на крисмас сонгс сдк викендов ако видите некоја со две колички за пазарење плус дете во Џамбо прајте се дека не е лилибоз. сдк детево си реди коцки врз мене и не ме перцепира. сдк немам ручек направено сдк ќе нарачам пица сдк чао.
СДК никогаш немојте да дозволите на саканиот да му е сеедно во БИЛОШТО поврзано со Вас. Од тоа не очекувајте да се опорави.
Легендарни коментари под слика на фб, што на сопствениците на сликите не им текнува да ги избришат: 1. Средовечен маж оставил слика, а долу некој пријател коментирал: - Златко, уште внук ти сака да оди Германија? Бараме возачи ај да ми број или прашај го позз 2. Девојка остава слика, а долу коментар од некоја тетка: - Многу си убава Нате. - Фала тетка Маре. - Дома сте попладнево? Сакам да дојдам, мајка ти тука е? За кифличките да ја прашав и цвеќе да ми даде. 3. Мајка остава слика со дете, а некоја жена и коментира: - Уште собирате животинско царство? Види дали број 45 го имаш. - Го немам. - А 546? - Го имам. - Ќе ми го дадеш? Јас 75 ќе ти го дадам. - Да. 4. Девојка и дечко означени во друг град, а некоја тетка/баба коментира на објавата: - Јана во Тетово сте? Може да ти порачам нешто да видиш во една продавница. За чичко ти Славе. Чао. 5. Под слика на тинејџер: - Нека почива ви мир баба ти. Бидете вие здрави и живи.
Не можам да ги сфатам луѓево како можат да ги менуваат своите бои како камелеони? Еден ден јадат бурек за некој а другиот ден седат со истиот тој и пијат кафе и се кикотат со него. Секоја ви чест, јас не би можел така, кога некој ми пречи не се ни трудам да бидам во негова близина, ниту пак сакам нешто да имам со тој човек. Така вие само испаѓате уште полоши и од тој кој ви пречи.