ако се сликаш дека ја подучуваш ќерка ти, или можеби саамо позираш пред цела фејсбуковска банда, тоа те прави вауууу татко?? полош си од ликот со триста лошка....после не се чуди ако ќерка ти се слика во старечки дом со тебе и оп на фејс. така ќе ја научиш, само на парада
На insta сликано женско бебе 1,5год. од прилика со пудра, хајлајтер, туш, римел и кармин.... Аманнн свету кај отиде????
Не можеме да ги направиме среќни саканите околу нас, доколку ние самите не сме среќни, исполнети и задоволни со самите себе... Секогаш нешто ќе фали..секогаш ќе се забележува дали и колку сме среќни. Барем тие што најдобро не знаат, ќе препознаат
Нека им е вечен празникот на сите што си го слават денес..и нека си имаат убаво денче.. п.с. овие на фб што објавуваат честитки со икони и тагираат 10-20-50 души на нив се закон...
СДК дека желбата за моќ над другите е непобитен доказ за отсуство на било каква моќ над себе си. Оној кој има моќ над себе, во ниту еден случај не би дозволил актуелизација на една таква желба, напротив, таа своја моќ би ја употребил за да сузбие во себе развој на нарцисоизам Но, за жал,таа моќ ја нема Не способен е, несигурен, етички неразвиен, невтемелен идентитески,не емпатичен и е СЛУГА на своето его. Затоа е: -мал куќен тиранин -амбициозен татко -директорка на школо -началник на полиција -иден пратеник ... ... Не...немам проблем со авторитети Авторитетите имаат голем проблем со себе, кој го решаваат правејќи проблеми на други луѓе.
Само што разбрав дека во домот кај идниот ми сопруг нема место за елката од моите соништа Иако се обидувам да се помирам со фактот дека ќе мора да се земе некое помало елкиче, потсвеста повеќе притиска нешто да се исфрли од собата
Што све држи земјава човече. Срам ми е од некои луѓе со кого го делам воздухов. Џабе ви се години и зрелост кога не се возрасни во срце. Мислам дека не постои институција за некои личности.
Здраво драги Феминки, само да ви посакам убав и исполнет, спокоен ден, без разлика каде сте и што правите. Нека биде во согласност со вашето срце!
Полека но сигурно, се си доага на свое место. Така и тоа што го чекав подолго време, редно е да се исполни. Од понеделник почнувам ново поглавje во животот. Доста ми е од лоши работи, еден по друг проблем. Време е за убави работи.
Од ова autocorrect-ов повеќе има штета отколку корист... Кај инсталирав нова тастатура, кај се запустев... одвај го исклучив.
Зошто секогаш кога запознавам луѓе кои не се од нашава држава излегува дека се многу покултурни и попријателски расположени? Зарем толку сме себични, арогантни и изгубени во желбата да се победиме еден со друг? Мразам да си признаам на себеси но нашиот народ во државава е претежно лош и злобен.
СДК дека Македонија у последните 20 години истера повеке луѓе од, Турците за 500 години ропство. поздрав од Германија!
Од толку чадори што имам изгубено и заборавено досега ќе отворев сопствена продавница за чадори и ќе бев сам свој газда...
Грешките не се неуспех. Тие можат да ве направат подобра, попаметна и поенергична личност ако успеете да ги прифатите како нови искуства, кои се дел од животот.