@stetoskop ме потсети на една случка. Додека другарка ми била во некој клуб останала малку сама и и се приближила некоја девојка. Кутрата се смееше како со месеци дечко и се нема пуштено во клуб ама велеше штом девојчево ме бендиса не сум била грда. Денес јас сум како воз да ме прегазил. Само лежам и немам енергија за ништо. Мора вечер да излезам да се раздвижам малку
Во средно кога бевме прва смена, повеќето бевме поспани и без енергија станати крај 6 сабајле, единствено двајца ученици беа станати од 4 саат и полни со енергија. Првата соученичкта станувала толку рано за да учи. И викавме да не се замара толку и дека заслужува да биде поопуштена, ама таа пак си тераше по свое...Станата од 4 ги повторувала сите лекции за тој ден, и се спремала за тестови и испрашувања. Најјака во клас...Сакаше да биде хирург. Немаше предмет што не го сфаќа, немаше пониска оценка од 5. Вториот соученик станувал исто од 4 сабајле, ама за да игра игри на компјутер. Толку беше заразен со тие игри што дома имал 4-5 екрани околу него, специјално за игри. Му викавме дека не е нормален што станува толку рано за да игра, ама ни викаше да не се секираме за него...И во право си бил човекот. Татко и нејзин работеше во комунална хигиена, а татко му на дечкото (тој период) беше директор во банка. Денес, таа ученичка што станувала рано за да учи, пошто очигледно немале финансии од дома за факултет, работи во мало кинеско продавниче како обична продавачка....а тој дечкото веќе е дипломиран на Европски универзитет. И после парите не го вртеле светот, туку требало да си упорен и вреден. При вакви секојдневни неправди „навистина“ треба да си упорен и ќе успееш...Тоа е клучот. Секако....Приказни за деца....Мижи Асан, да ти баам. Од срце и поскаувам да собере пари (и нејзини и од стипендии) и да стане хирург...Никогаш не е доцна....Или крај краева нека избега од дупкава. Можам да замислам колку им е тешко на родителите што немаат финансии за да ја пуштат ќерка им да учи.
Денес дознав толку многу работи, се уште сум во шок. Не знам дали да се радувам, дали да тагувам. Не сакам случки кои прават да се осеќам како светот да се движи премногу брзо а јас само тапкам во место. Работите се менуваат, животот им продолжува без мене, а јас се уште сум тука. Тивко бледеам. Како само јас да немам цел, како само мојот живот да нема поента. Она ми вика „тоа е, да најдеме нешто позитивно во ситуацијава“, а јас сум седнала ја жалам како веќе да не смееме да се радуваме. Не сакам да се чувствувам како да ја губам, не сакам да бидам ни себична. Сакам само да сфатам зошто ни се случуваат работи кои не ги посакуваме.
Моментот кога ќе сретнеш некоја личност од средно и си помислуваш дека ќе имате сигурно некаков интересен разговор поради промените кои ги носат стекнатите искуства, животот и годините, но после само пет минутен разговор сфаќаш дека таа личност е истата онаа искомплексирана личност од средно која отсекогаш ги озборувала сите останати поради тоа што самата таа си има комплекси. И во само пет минути ми раскажа за животите на минимум 15-тина луѓе And we're back in high school all over again
Какви времиња дојдоа (и доаѓаат) наскоро ќе биде најбезбедно да имаш контакт само со ѕидот од твојата соба. Нацртај си едно смајли и кажувај му ги на него твоите тајни, твоите тажни моменти и ред други работи зошто ако ги кажеш на друг ќе дознае за нив Петко, Станко, Трпе и Трпана и така натаму. Ако ништо друго ѕидот не може да ти наштети.
До кога бе срцки со рекла-казала? До кога? Ако сум те отстранила од животот имало причина, која и те како ти е позната. Па шо те интересирам јас? Никогаш не ги сфатив овие луѓе. Ем немаш муабет ем ти се мешаат во животот. Си носат свои заклучоци за тебе кои ги кажуваат на својот круг на пријатели и понатаму знаете како оди, и пријателот има пријател. Живејте си бе за себе...
Пред некој ден, по убаво поминатото време со друштво во едно од омилените места за јадење, кога се упатив од стара чаршија до автобуска - сретнав една веќе бивша колешка на факултет, Албанка. Поради акцентот на кој го зборува македонскиот и „чудното име“, и таа и уште неколку од различна националност и вера ѝ беа предмет на потсмев зад грб на една друга од наша група склона да труе со оговарање и исмевање на паузи, која веќе и ја избегнувам. А мене уште од кога се запишавме на факултет ми имаше оставено впечаток како мирна, културна девојка на место, секогаш насмеана. Девојката веднаш ме забележа, дури со гушкање се поздравивме и со широка насмевка направивме муабет додека да ни дојдат автобусите. А само една година сме се познавале и тоа едноставно со коректен однос и по некој муабет како колешки, плус веќе година и кусур има од кога се префрли на друг факултет. Денес пак, видов еден школски од средно со кој заедно и во клупа седевме, доста блиски бевме и надвор од школо четири години, па и често му помагав по некои предмети - а со кој по запишувањето на факултет полека скроз изгубивме контакт. Најверојатно и ќе ме одминеше, а откако го поздравив само ми врати едно брзинско и ладно „здраво“. И после кога ќе се рече дека добрината, љубезноста и сите вредности што те прават човек немаат врска со националност и вера, дека од сите нè има секакви - за некого ќе сме испрани мозоци што живеат во теориска клише бајка. Ако, нека сме...
Среќна сум што во животов имам личност со големо срце. Личност што толку сјае однатре, што ништо материјално не може да го отслика тој сјај, не може ни оддалеку да се спореди со нејзината душа, со нејзината брилијантна насмевка. Личност на која не и е потребен ни грам шминка за да заблеска меѓу сите, за да се издвои со она што навистина вреди. Тешко е и да се верува дека такво нешто постои, во ова море на материјализам, бездушност, маски. Но, ја има. Ја има баш во мојот живот. Не знам со што заслужив, но убаво е таква личност да ти биде поддршка, мотив, инспирација. Секому му посакувам да има вакво богатство. А оние што имате некој таков во животот, чувајте ги. Се` поретки се.
Таков е животот...Kај некого ќе истури дожд, кај друг постојано ќе грее сонце, но наместо да чекате бурата да помине, научете да играте на дождот..
Да не се појавеше ти во овој момент баш во овој момент,одамна ке ме споредуваа со Курт Кобејн како сум си ја разнел главата.Те молам не си оди и не верувај повторно секому бар да проживеам уште малку. Ми значиш многу.
Предноста да се патува со новите возови на МЖ секој граѓанин може да ја почувствува доколку малку разгледа околу себе и го вклучи умствениот капацитет. Привилигираната категорија граѓани ПЕНЗИОНЕРИ удобноста во патувањето ја поврзуваат единствено со широката насмевка предизвикана од можноста за бесплатно возење секој втор викенд во месецот. 1. Кога ќе узурпирате место за кое некој платил, соберете ги околу себе личните работи, а особено јакните кои се влечат по подот, а за истите има соодветна закачалка над седиштето која за вас не постои. 2. Кога имате потреба да го користите тоалетот наместо насилно да ја влечете автоматската врата притиснете го копчето за отворање само во случај кога опцијата слободно е означена со зелена боја за да не се случи на некој да му го видите половиот орган и да си го добиете заслуженото.Техниката за вас е толку сложена што попрво би си дозволиле да се изглупирате, отколку да научите основни работи откако ќе излезете од дома. 3.Кога патувате намалете го гласот затоа што на останатите не им гајле ниту за вас, ниту за тие што ги озборувате, а и никој не е должен да ги слуша вашите невротични испади особено во утринските часови и тоа во ден петок, пред викенд. Вие сте единствената категорија граѓани која никогаш нема да ја примени мислата Човекот учи додека е жив. П.С. Денот кога ќе ја укинат вашата привилегија која за нас е дискриминација ќе се чувствувам како да сум добила на игрите на среќа статус рамноправен граѓанин. До тогаш, ми преостанува само да воздивнувам и да глумам дека не в
Зошто ние жените сме во борба со се, за се, а најмногу со себе , а најмалку за себе ова нека си трепка овде, зошто бабите заброавиле да ни го шепотат место приказна пред спиење