Шетам со другарите у град и татко ми поминува до мене и ми става нешто во џебот и вика да имаш за кафе. Бркам јас во џебот да видам колку е оставил и кога гледам едно ќесиче шеќер.
Вчера сум пишала дека среда било, јас малку утка со деновите, погрешна дијагноза сум испила знаете... Што да ви кажам...веќе и не знам. Освен дека ме мрзи петочки за се, ќе се излезе вечер.
Убавиот збор железни врати отвара - да кажам и ја една поговорка, демек ја сум ја измислила... Нејсе, уште тука ми фалеше да се потсетувам секој ден дека сум несреќна... И сиромашна. Сеа слободно можете да продужите со поговорките, и нецитираните мудри мисли, демек све Нобеловци сме се збрале. Ма да, боље вака, иначе секоја ќе биде или од Коељо или Андрич, сеедно дали е од нив... Битно на Фејс така пишуеше на сликичето. Poyyy.
Да ти беше таа вистинска пријателка ќе си беше мирна, но не ти била. Штета, мислеше дека ако ме навредува е многу интелегента и дека јас ќе молчам за твоите глупости што ги направи. Напротив другарка ти е главниот виновник за се што јас морав да ја известам таа што те родила. Жално но вистинито.
Сите некако се научивме дека времињата денес се лоши,нема врска тоа,нема лоши или добри времиња, има само добри и лоши луѓе...
Што е тоа што ве тера да се заљубите во некоја личност? Што е тоа што ве задржува со неа/него? Што е тоа што ги тера пеперутките во стомакот да полудуваат? Што е тоа што ја прави таа личност посебна, толку посебна што не можете да престанете да зборувате да неа/него? Дали убавото лице и тело, или слатките, па и лошите навики, бојата на гласот, гестовите, насмевката, начинот на кој разговарате, брзината со која времето ви лета кога сте заедно, топлината на прегратката, сигурноста, допирот? Колку физичкиот изглед не е пресуден, па и не е толку важен како што упорно се претставува, сфаќате кога ќе се заљубите, Онака, лудо, до уши.
Не верував дека еден ден во животот ќе стасам на овааа позиција, да треба да ја организирам работата и да водам луѓе повозрасни од мене од кои едната може да ми биде мајка. Во почетокот на работата доста се контрав со двете колешки, што е нормално бидејки со едната сум 10 години разлика, а со другата 25. А може и повеќе. Со текот на работата сфатив дека е подобро секогаш да ги сфаќам на шала, такви се, ете, според мене некои чудни карактери, подобро ми е да молчам и да не влегувам во безпотребни дебати. Најдобро што напрајв е што ги прифатив такви какви што се... Џабе ми е трошење на енергија... Тоа е тоа....одам јас, добра ви ноќ народе.
Ме иритираат и нервираат луѓе кои те гледаат во очи и те лажат, и што е најтрагично, гледаат дека ти ги забележуваш и тие продолжуваат да те лажат како ништо да не е...